Храброст

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Формула за успех на сите полиња е да имаш храброст,да бидеш истраен.Аристотел храброста ја ставил на прво место,пред сите други човечки особини,оти како рекол,храброста им овозможува на другите особини да функционираат.Стара изрека е -Биди храбар и ке добиеш сила што не се гледа!Благодарение на храброста можеме да се избориме со многу проблеми,да најдеме излез од тешки ситуации идр. Велат среќата ги прати храбрите.Е,сега прашањето ми е дали се раѓаме со храброст?Ако ја немаме храброста,дали таа може да се стекне во тек на животот?Има многу луѓе на кои им се дивам на храброста,не дека и јас не сум,но не во толкава мера како нив.Дали храброста има врска и со лудоста?Некои ги викаме кукавици.Дали сте и вие храбри?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: HAZARDER and Lena