Феминизам во Македонија

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Еве кај нас во магацин шлеперите не се товарани од жени, виљушкарите (lifting trucks) не се возени од жени.
За женските се знае...пофина професија
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Дали мислите дека има нееднаквост помеѓy мажите и жените (во било која област) во Македонија или пак сметате дека ова е тема од минатото?
Има насекаде.
Еве пример кај мене на факс на лабораториски вежби ако имаш цицки ќе добиеш 10-ка, а ако се обидуваш да се справиш со зададениот проблем добиваш некоја 7-ца. Има мал милион примери, ќе станам досаден ако ги набројувам.
 

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
Да немавме исти права ке не можевме ни на факултет да се запишиме, а камо ли да се вработиме... Ке си плетевме чорапи по дома и ке си ткаевме килими. Па која жена што доволно се трудила да стигне до зацртаната цел не успеала? Нема ли жени министерки, докторки, професорки?
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Не гледам нееднаквост. Јас еднакво мразам и феминизам и шовинизам, и расизам и сите -зам чуда.
Нормално дека секаде ќе се најде по некој исклучок кој ќе дискриминира се’ живо, ама не сметам дека во глобала владее дискриминација спрема жените. Всушност, феминизмот тотално ми има изгубено од значењето.
Ако порано феминизам значело да се изборат за подобри работни места и да добијаат право на глас, сега феминизмот ти е: јас ќе работам женска, лесна и убава работа, ама сакам исто да ме платите и ко мажот што р`мба 10 пати повеќе од мене; мене ќе ме третирате со респект, а јас смеам да имам испади оти ПМС е крив, не јас; јас сум дама и автоматски сум во право. И сите мажи се ѓубриња, стоки, непочитувачи и не ја заслужувате љубовта на една жена, и затоа ќе бидам кучка спрема нив, да докажам дека сум своја и јака.
Е да ми извиниш сестро, ама маж да бев ќе те чував во подрум да ми ги командуваш глувците. |-(
И да, се’ додека се придава важност на разликите, истите ќе владеат. Истово важи и за расизмот, хомосексуалноста итн.
Се’ додека се спомнува нештото како различно, ќе му се придава поразлично значење. Да не чувствува потреба госпожава да се изјасни како посебна и нежна, а да ми глуми јака и еманципирана, голема е веројатноста да ја третираат поеднакво, отколку кога ќе се испожали и ќе им се качи на сите преку таквото.
 

Elence

Полноправен Член
13 февруари 2012
96
86
18
32
New York, New York
twitter.com
Викате дека нема сексизам а самиот начин на кој зборувате покажува дека има. Во секој случај може да прочитате некои книги извештаи за жените во Македонија па после да се прават смели тврдења бидејќи е нема смисла спрема жените кои страдаат поради нееднаквостите да зборите вака дрско. И не живееме во свет каде што сме исти и никогаш нема ни да живееме, но тие не треба да бидат извор на дискриминација, дали спрема мажи, жени, геј луѓе. Обично не реагирам вака бурно, ама ме боли коа луѓе можат да тврдат и навредуваат без навистина да се заинтересирале за тематиката.
 

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Има. Во секое традиционално општество има.
Баталете што гледате на телевизија, во собрание... тие се мал дел од вкупниот број на жители.
Македонките, сеуште за жал, врвот на својот живот го гледаат во бидувањето ,,добри домаќинки, мајки и сопруги,,. Да се омажат за некој подобро ситуиран, и да бидат зависни од него.

Во целата ситуација најмногу страдаат неекстремистите. Затоа што има добри мажи, кои по некоја необјаснива и чудна линија завршуваат со жени паразити, кои не знаат сијалица да сменат, и очекуваат мажот да ги издржава и да им плаќа се. Башка, се до таа мера неспособни, дури ни деца не знаат да воспитаат, па очекуваат мажот да биде ,,лошиот,, и да го чува редот дома. Ај барем да ги биваше реално за домаќинлук, вистината е дека ниту за тоа не ги бива - затоа што домаќинлукот не подразбира само бришење прашина и правење ручек, подразбира СЕ по дома - па ако треба и цепење дрва.
Од друга страна, па тука се и поамбициозните жени, кои често пати налетуваат на некој глуп и неписмен, што врвно доживување му е локање во парк, а сите жени се курви (освен мајка му и сестра му, де.). Испади на љубомора ради колегата, другарот, комшијата, но вистинскиот проблем е неговото чувство на инфериорност. И најчесто, ретки се жените што ќе клоцнат ваков дотичен сељак, ќе останат со него ,,во име на љубовта,, и ќе си го сјебат цел живот.

Ах, да, има и друг вид на жени. Оние што заработуваат со атрибути, а понекогаш и полови органи. Не мислам на проституција. Мислам на муабетот на ГоспоТ - цицка кај професорот во нос, и ќе добие оценка. И после е она, нели, еманципирани и високо образована госпоЖа. А во реалноста, да ја прашаш некоја основна дефиниција од тоа што го студира, ќе ти рече ,,ај бе не ме замарај со глупости,,.
И оваквите, кај не ги бива нит за кариера, не ги бива нит за по дома.

Реалноста е дека не сме еднакви. Реалноста е дека добрите мажи и добрите жени се угнетивани од екстремни моралисти или блудничари. Од затупени ,,невини,, женчиња, и ,,доминантни,, мажјаци, од ,,еј ама ми беше добро вчера, скокав на 5 ку*а,, женки, и ,,душо се ќе ти простам, само биди со мене,, мажјаци.

Кога ќе постигнеме рамнотежа, некаква средина, ќе зборуваме за рамноправност.

До тогаш, јас сум угнетена од погорниве.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mardy Bum

TIGERWOMAN31SK

Истакнат Член
3 јули 2012
822
697
93
Има насекаде.
Еве пример кај мене на факс на лабораториски вежби ако имаш цицки ќе добиеш 10-ка, а ако се обидуваш да се справиш со зададениот проблем добиваш некоја 7-ца. Има мал милион примери, ќе станам досаден ако ги набројувам.
а ја па би набројувала уште милион каде ако си женско не добиваш ништо.се чудам како јас со цицкиве на факс неможев да поминам а машко со врски без да иде на часови редеше 10ки,друг пример,се мачам да добијам работа како обезбедување,ама пошто сум женско некако неможе.итн.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
Го има. Најчесто е присатен на популарната (а)социјална мрежа ЛицеТефтер,и се искажува преку статуси и tumblr слики,кои се масовно подджувани со лајкови,срциња и Најјака си,така е.
Феминистките ко што знам треба да бараат еднакви права помеѓу половите,не да им ги лакирам ноктите на нозете и да им ја чешлам косата.
 

Katija

Нов член
11 март 2013
7
14
3
32
Има,има,и тоа како има нееднаквост.
Еве да не навлегувам во детали,одам со нај актуените настани за овој период.Стрикно за политиката.Каде овде гледате еднаквост м?Колкав е бројот на жените во парламентот за разлика од бројот на мажите?Колкав е бројот на жени кандидрани за крадоначалнички за разлика од бројор на мажите?
И знам овде следуваат оние типични одговори,никој не им брани можат слободно да бидат дел.
Чекајте сега малку,за тие жени да бидат на тоа место во политиката нели некој треба да ги изгласа,да им го додели местото,ама кога приме вие би се двоумеле помеѓу мажот и жената ( а притоа да не сте член на политичка партија) сигурно би рекле,ќе гласам за мажот бе,што може жена да направи.
Е ова е вака само кај нас,бидејќи ние сме со заостанаите сфаќања и со тој балкански менталитет.

Ако јас пример пуштам машина за алишта,зошто би му било толку тешко на маж ми да го направи истото? (зборувам за еден ден кога би имала маж).Зошто пример кога сме дома,работните обврски во домот да не ги поделиме м?
На ваков начин би било подобро,а не секој ден да слушам муабети од жени кои викаат:Неможам веќе уморна сум,стани сабајле замини на работа,врати се еве ти го поминал денот,оди дома набрзина зботви нешто,раскревај што не е на своето место,уклучи машина на ефтина струја и чекај да ги пружиш алиштата.
А да не почнувам какви се обврските на жената кога ќе роди бебе.

И не,не се сметам себе си за феминистка,но за оваа работа имам вакво гледиште.
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Според бибилијата жената е створена од мажот и таа треба да му служи вечно на мажот. :)
Не сериозно, смешно е да се борите за нееднаквоста и самите си навлекувате хејтери, затоа што си го храните егото бесплатно. Зависи од човекот со кој одлучувате да го помините остатокот од животот. Доколку паметно се "заљубите" ќе имате добар живот во кој што двајцата ќе одлучувате што ќе правите во иднина, ќе ги деите дома работните задачи итн.
Или пак уште подобро некој папучар може да начекате и да го терате да работи се, а вие да седите бидејќи сте се измориле од спиењето.

Од друга страна па оваа наша генерација која што сум сега, сакаат bad boys, одлично!
Утре другите кога ќе те шиба дома, и секој ден да бидеш со модрици ќе играте брканица по институции против насилство.


Што заклучив од ова?
-Дека зависи од човекот со кој сакате да бидете до крајот на животот.