Турист и авантурист

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Пред некој ден прочитав една интересна реченица: don’t be a tourist, be a traveler. Ова ме поттикна да почнам да размислувам поинаку за патувањето и духот на една личност која заминува на ново место.

rsz_travel_1.jpg
travel 6.png

Според мене, постојат два вида на луѓе кои патуваат: турист и авантурист. Турист е личност која предвремено го планира своето патување неколку месеци уназад, до секој можен детал. Туристот наоѓа соодветна понуда и го следи аранжманот на истата, како дете кое црта во боенка и се труди да не излезе надвор од линиите. Туристот трча по водичот, попатно прави по некоја фотографија, купува сувенир и разгледница и едвај чека да се врати назад во хотелот да одмори и да вечера. Туристот точно знае каде ќе биде и што ќе прави во секоја минута од денот.

travel 10.jpgtravel 5.jpg

Авантурист е личност на која не и е потребен хотел со 5 ѕвезди, соба со клима и фрижидер и room-service на дофат. Сосема му е во ред да замине на патување без никакви резервации, да преспие во најобичен хостел или пак, во шаторот кој го понел со себе. Авантуристот е поспонтан и не се плаши да се оддели од групата доколку воопшто тргне со една. Повеќе сака да го истражува местото и да го доживее градот и културата без некаков посебен план и следење на однапред испланирана шема на рипање од едно актуелно место до друго.

travel 7.jpg travel 14.jpg

Дали сметате дека постои разлика помеѓу луѓето кои патуваат или пак по дифолт сите се туристи бидејќи патуваат во друга држава?

Да почнеме малку да си правиме филм во главата. Кога би имале повеќе пари, што би избрале попрво?

Опција број 1: понуда од агенција која ти гарантира лет, престој во хотел со толку и толку ѕвезди + тие и тие услуги, водич кој ќе те носи на ден 1 таму и таму, на ден 2 таму и таму, на ден 3 таму и таму, инт.

Опција број 2: заминуваш со автобус до одреден град, од таму фаќаш воз со кој пристигаш на посакуваната дестинација, веднаш започнуваш со шетање, случајно налетуваш на некаков фестивал во некој парк и остануваш некое време тука, потоа седнуваш во рендом ресторан и ја дегустираш традиционалната кујна, оттука шеташ по помали улички низ кои посетуваш разни продавнички, слаткарници, книжари, користиш метро и локален автобус, сам се снаоѓаш и стигаш до една од најпопуларните атракции на градот, по што наоѓаш ефтин хостел и преспиваш за утрото да продолжиш со истражувањето на местото.

travel 17.jpg

Понекогаш е убаво да се опуштиш и да си го испланираш патувањето однапред и за време на истото, да си сигурен во присуството на водич и група туристи и да не се грижиш дека ќе заминеш некаде по грешка и нешто важно ќе пропуштиш. Понекогаш не те интересираат планови и се чувствуваш послободно доколку едноставно заминеш. Понекогаш убаво да е посетиш ново место и да се изгубиш во него. Понекогаш убаво е да истражуваш и да не знаеш утре што те чека.

tumblr_n5qslaxQPD1s30a57o3_250.gif
tumblr_n5qslaxQPD1s30a57o2_400.gif
tumblr_n5qslaxQPD1s30a57o1_400.gif

П.С. Немав некакви слики од туристи, така да слободно прикачувајте си ако сакате (доколку ви помага подобро да го доловите мислењето).
 
Последна промена:

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Интересна замисла, постојат оператори кои имаат нестандардна понуда, на пример имаше во САД некоја скратена обука за специјалци или така нешто, пуцачина, основи на некоја боречка вештина, како да се ибегне возило кое ве прати - сето тоа под надзор на екс-специјалци од нејви силс, делта форс и такви муабети...:)
Имаше мислам во Чешка затвор-хотел каде вработените се однесуваат како чувари, се спие по влажни ќелии, бројанка два пати на ден итн. - имало доста интерес од туристи :eek:

Секако, може човек и самоиницијативно да се упати во Могадишу или Кандахар и да доживее бурна аватнура која нема да ја заборави никогаш.

Порано имав една замисла за туристичка тура која ќе ја врати досадата како понуда на пазарот.
`Ноќевање и појадок во прекрасното Кичево, проштетка по главната градска сообраќајница која има не само една туку феноменални две ленти, семафори кои повремено работат, атрактивни `рѓосани силоси на влезот на градот, насечени дрва за огрев под стреите на приземје на бројните досадни и сиви згради.`
И во тој фазон, нешто како анти-туризам, посета на екстремно досадни места и споредување на впечатоци меѓу гостите etc. Добар маркет гап ама ј***ш почетниот капитал го нема никаде :(
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Апсолутен турист.За жал.
Ако се не ми е испланирано однапред,како да ме фаќа паника.
Свесна дека ми треба опуштање ама пак неможам да отстапам од досегашното.
За да бидеш авантурист ти треба и такво друштво,а друштвото сами си го бираме,така се од мене си зависи.
Не верувам ни дека некогаш ќе се сменам.
 

Ballet is my life

Истакнат Член
9 јуни 2018
298
105
353
Јас сум турист. Еднаш со имам патувано како авантурист, ама не знаев. Дечкото рече ќе испланира едно патување за двајцата но да незнам каде, изненадување да биде тој се ќе средел. Накрај испадна ништо немал ни испланирано, ни резервирано. Патувавме како авантуристи. И искрено тоа ми беше најубаво патување. Камо да можам почесто. За какво било патување треба и време и пари. Уште да ги имав повеќе и двете