Совети за убавина според хороскопскиот знак

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
ОВЕН
Огнениот знак на универзумот треба да се посвети на пролетниот тренд со црвенкасти, портокалови кармини. Ноктите обојте ги во нијанси кои ќе се вклопуваат со јачината на вашиот знак, како што е темна боја на слива или огнено црвена. Убава е и мешавината на двете нијанси.
БИК
Вие сте земјен, префинет знак, така што свежите и неутрални бои убаво изгледаат на вашето лице. Сенки во боја на кожа, бакар и шампањ се боженствени и добро изгледаат искомбинирани заедно. Што се однесува до следењето трендови, предлгаме да го следите примерот на Адел, која е исто така Бик и да се обидете со кул ретро однесување. Покажете го вратот и рамењата, деловите на телото со кои владее Бикот.
БЛИЗНАЦИ
Познати се по двојната личност и најдобрата еднаквост во шминкањето за нив е мешавината на темни и светло нијанси. Обидете се со темни сенки на очите со светло розе кармин. А што се однесува со трендовите? Вашата електрично светла личност заслужува да биде нагласена и бидејќи вашиот знак владее со рацете, насочете се на своите нокти. Неон маникир е како создаден за вас.
РАК
Женственоста е главна карта на која играат раковите, посебно ако додадете малку бебидол допири. Вашата убавина навистина ќе биде нагласена со нежно розе руменило. Очите се огледало на душата, но не дозволувајте секому да навлезе во вашиот приватен универзум. Нека погодуваат за вашите намери и флертувајте така што ќе нанесете поединечни вештачки трепки.
ЛАВ
Дамите Лавици би требале да ја освежат шминката со металик нијанси. Вашата исунчана личност е чисто злато, така што светлуцкавите и сјајни работи се потполно за вас. Користете кремасти сенки преку целиот капак или само долж линијата на трепките. Ако буџетот ви дозвлува, почастете се со некој добар парфем.
ДЕВИЦА
Пријатна и заводлива, вие имате шарм на земјени божици како што е Бијонсе. Заробите го со толи бронзени бои. Ѕвездите ја критикуваат вашата љубов кон чистотата! Како пуриста во зодијакот, чистата кожа е основа за вашата привлечност. Инвестирајте во добар пилинг за кожа.
ВАГА
Јасни нијанси се вклоуваат со вашата слатка личност. Обидете се со малку боја на усните чија нијанса е само малку необична. Вие сте ултимативна гламурозна девојка во универзумот и пригушените нијанси не се за вас. Овој ѕвезден знак знае дека усните се најважни и ако одберат хидрантен балсам за усни, тоа ќе биде добар потег
ШКОРПИЈА
Деми Мур е совршен пример зашто шкорпиите треба да ги совладуваат техниките на шминкање „smokey eye“. Како природно заводлив и мистериозен знак, тоа е како створено за вас. Мачкасти очи исто така ви одговараат. Изберете квалитетно моливче за очи.
СТРЕЛЕЦ
Стрелецот е секогаш во движење и сака долго да ги вкусува работите. Може да нанесе диви бои како никој друг. Обидете се со моливче во некоја жешка електрична боја. За вас не се неутрални нокти. Можете да носите лак во било која жешка боја, но подалеку од шарените налепници за нокти за да не претерате.
ЈАРЕЦ
Вашиот амбициозен професионален живот бара вашата шминка да има класа, но тоа не значи дека неможете да додадете малку искра. Направете трендовите да работат за вас така што ќе изберете сенка за очи во бакарно бронзена или светлуцкава неутрална боја. Кога е во прашање вашата коса, нежно и шик е правиот избор за вас. Инвестирајте во квалитена пегла за коса.
ВОДОЛИЈА
Активната водолија е знак „без мака, без невољи“. Кога е во прашање вашето лице, изберете убави, неутрални бои како што се розеви усни. Кога носите впечатливи бои како што се овие, нека драмата биде на вашите нокти. Слободно изберете некоја темна нијанса.
РИБИ
Вие сте дете на цвеќето во срцето. Размислувајте за нијанси како што се светлуцкава сончева златна или светло зелена. Обидете се со сенки со метални шумски нијанси. Рибите владеат со стаалата, така што дозволете си себе педикир.
 

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
БЛИЗНАЦИ
Познати се по двојната личност и најдобрата еднаквост во шминкањето за нив е мешавината на темни и светло нијанси. Обидете се со темни сенки на очите со светло розе кармин (ај не). А што се однесува со трендовите? Вашата електрично светла личност заслужува да биде нагласена и бидејќи вашиот знак владее со рацете, насочете се на своите нокти. Неон маникир е како создаден за вас ( секако дека да (bravo))
 

InnaLaurie

Истакнат Член
12 март 2012
281
322
363
30
На некој пуст остров
БИК
Вие сте земјен, префинет знак, така што свежите и неутрални бои убаво изгледаат на вашето лице. Сенки во боја на кожа, бакар и шампањ се боженствени и добро изгледаат искомбинирани заедно. - до овде точно.

Што се однесува до следењето трендови, предлгаме да го следите примерот на Адел, која е исто така Бик и да се обидете со кул ретро однесување. Покажете го вратот и рамењата, деловите на телото со кои владее Бикот. - Адел неможам и несакам да ја следам, да покажувам врат и рамења и така и така.
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Вашиот амбициозен професионален живот бара вашата шминка да има класа, но тоа не значи дека неможете да додадете малку искра. Направете трендовите да работат за вас така што ќе изберете сенка за очи во бакарно бронзена или светлуцкава неутрална боја. Кога е во прашање вашата коса, нежно и шик е правиот избор за вас. Инвестирајте во квалитена пегла за коса.
Ахахахахаххахахаххахаххахаха, ништо нема од ова да направам ќе си останам на истиот левел на убавина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Alley3112 and Succubus

cece17

Староседелец
21 февруари 2012
273
204
1,043
ми се допаѓа ова за скорпијата мммм :) и да не ми го пишуваше ова деф smokey eyes ке ги користев
 

Dr.Gonzo

Истакнат Член
23 февруари 2012
652
1,916
393
Fukushima
www.gonzo.com
ОВЕН
Огнениот знак на универзумот треба да се посвети на пролетниот тренд со црвенкасти, портокалови кармини. Ноктите обојте ги во нијанси кои ќе се вклопуваат со јачината на вашиот знак, како што е темна боја на слива или огнено црвена. Убава е и мешавината на двете нијанси.
Важи, а после ке ме прошеташ низ град и ако видиш некој твој познат ке кажеш: Ова е дечко ми. А јас ке се насмеам срамежливо со моите портокалови усни, нежно испружајќи ја под агол од 45 степени раката со налакирани нокти.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
Ова за јарец... НЕ! Не ја ни сушам косата со фен па уште да ја пеглам... Тоа може само за Нова Година или за роденден (пошто двете се во ист ден ]:) ) Зошто иначе да си ја уништувам кога ми е најубава природно полу-виткана? ;)