Смешни и непријатни ситуации во маркети

deadhalf

Староседелец
7 јануари 2013
6
9
603
26
пред една недела бевме со сестра ми и братучедка ми до маркетче и по нас тргна и кучето мое..ние си влагаме во маркетот(нели вратите со отвараат сами) кучево по нас да ти тргнало ние си пазариме,разгледуваме коа се свртев и го видов ми се стемни , сите вработени се стрчаа да го изнесат а сите муштерии ни се смееа :Dморе среќа кај фрижидерите отворени со месото што не отиде иначе леле мајче :rofl
 

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Влегувам во продавница за здрава храна, арно ама таму се продаваат и не толку здрави работи, т.е. благи работи. Епа има едни благи нешта, се викаат Шехерезад :D. Се продаваат со лешник, со капучино и обични- цели чоколадни. И' велам на продавачката: "100 гр. Шехерезад- обични." А, таа мене: "Обични, има и такви?" Јас си викам во главата: :eek:, абе ти продавачка си, или што? И, после како нешто најнормално да е, велам: "Па, на тие чоколадните мислам..." Од излегувањето од продавницата, па се до денеска, уште се чидам на ова(facepalm).
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Баш прееска ми текна на уште една случка. Си одам на каса во тинекс онаа брзата, застанувам на ред и чекам. Оп се мрдна редот таман да направам чекор абе нешто ми ја зграбчи ногата, се стресов си викам што се случи, се вртам и гледам едно мало детенце погрешка место ногата на мајка му мојата ја фатило. :D Дали ја виде мајка му или се осети дека тоа не е ногата на мајка му се тргна и одма се сокри позади мајка му, душичка не знам дали повеќе се уплаши или усрами, му се насмеав и си продолжив понатаму.
 
Последна промена:

Перомикик

Нов член
19 август 2015
22
5
3
49
Е вака да ви кажам колку дебил сум :zelen
Ова се случи на 30 Март баш кога во исти ден играа натпревар у ЛШ Металург и Вардар а нели беме и во предизборна кампања и митинзи на секое можно место. И знам победи Металург заврши натпреварот а за еден саат почнуваше Вардар и мене ме пратија до продавница, а маалската продавница ние речи си поприлична голема и преднеа има големи скали е таму на тие скали ни беше собиралиште како деца. Јас во еуфорија затрчана и опс пред продавница еден куп народ и се збунив, прво нешто што ми помина во глава е дека некој умрел и на еден комшија во години на цел глас чичко Иван да не умрел некој дали ви се верува сите се свртија кон мене и почнаа да се смеат. А стварно немав појма дека митинг тука прават никогаш се нема десено такво нешто кај нас во маала. И почнав да се буткам низ луѓето со црвени обравчиња се качувам по скалите наведнена и опс го згазнав министерот ни за здравство и кревам глава и уште толку се збунив ни извини ни ништо си влегов во продавницата. Земам тоа што ми рекоа да купам и у меѓувреме продавачката ми кажува како имало митинг вау бау и кој све имало тука присутен дрн дрн и излегувам и сега јас стојам на најгорната скала а неколку скали министерот и го заслушав а тој упорно објаснува за легендарната ни пруга кон бугарија и нешто кажа како на шала демек вицкаст како сите со воз ке сме оделе до Ќустендил и јас како од пушка - ние од ова маало не умираме додека до Софија не отидеме со воз и до Солун со брод - така ми дојде и кажав. Настана тишина и јас се стрчав по скалите а и до дома неслушнав дали се смееја.
Ова баш не случка од продавница ама па пред продавница беше :zelen се важи:zelen
На ВАШЕ барање ке го вклучиме проектот ПЛОВЕН Вардар во нашите планови.:):):)
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
@Electra и уште да и платеше на касиерката со картичка ке се самоубиела може ?! :) ;)
а замисли тазе лакирани да ти биле ноктите ?? :)

@Aleksis а замисли вратата да била на механичко отварање ?
Сигурно си фатила боја малце во Верото како да си била викенд во грчка ?! :)
 
Последна промена од модератор:

GIRL004

Истакнат Член
20 април 2017
22
5
303
25
Bitola
Одам во продавница и требаше да купвам нешто бевме друштво и сеа јас на телефон и кажвај му прам на другар ми шо да земвам ... и ние за кока кола (кока) само викавме и ми прај земи цигари то то то и му кажвам на продавачката и му прам а за пиење КОКА ми прај

и јас на продавачката дај ми и Кока од две кила ...
(не е нешто баш за в земја да пропаднеш ама се усрамив ... ама сеа коке ми текни се смеам со другар ми уште ко несалам) :D
 

Just Smile

Нов член
20 јануари 2019
24
22
3
Влагам у една кинеска продавница со ќерката, мала, тесна, не се поминва. Малата зима нешто, ја идам по неа. Имаше на средина едно како закачалка со појќе помали нез да опишам, ама се клати. Јас со ранец на грб поминвам, и го турнав несакајќи. А на то имаше ластици, шноли, белегзии, свашта. Се на земја:D. Доаѓа едната продавачка и почна да вика лелеее шо напрај бе дечко. Отиде таа дојде друга вика немај гајле и на мене ми падна 3 пати, се научив ко машина собирам. И помина то плативме тоа што купи и искачаме и малата ми вика: тато ти ли турна тоа? И ја, не бе тато само падна, дедо треба да дојде да го попрај. После на дедо и вика дедо ај напрај тоа таквото, и он се чуди:rofl