Вчерашниот ден на скопскиот моден викенд почна со ревија на македонскиот детски бренд „Тила“. Потооа продолжи со уште една вечер резервирана за дизајнерските парчиња облека потпишана од македонските дизајнери. Во неделата своите колекции пред скопската публика ги промовираа Антонија Ристовска, „Тресор“ и дизајнерката Лидија Георгива. Во рамки на модниот викенд, истата вечер, публиката ја виде и колекцијата чевли од брендот „Баргала“, и хуманитарниот проект организиран заедно со магазинот „ТЕА Модерна“. Во проектот насловен „Дизајнерите креираат за ТЕА Модерна“, видовме креации од Сека Радончиќ, Мери Радончиќ, Ненад Секирарски, Росица Мршиќ, Олгица Ѓоргиева, Елена Љутикова, Роберт Ивановски, Маја Кикириткова, Елена Лука и Acid Wear.
Повеќе слики тука.
Мислења, коментари, импресии од модниот викенд.
Дали Македонија има дизајнери чии креации се достојни за да бидат претстваени на една ваква манифестација?
Повеќе слики тука.
Мислења, коментари, импресии од модниот викенд.
Дали Македонија има дизајнери чии креации се достојни за да бидат претстваени на една ваква манифестација?