Сексуална апстиненција кај свештените лица

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Во Христијанскиот свет ако сум добро запознаена свештените лица се откажуваат од многу работи мегу кои е и сексот...Истото се случува и во другите религии...
Но јас се повеке и повеке а верувам и вие налетуваме на новости поврзани со педофилија кај свештените лица...
Што мислите вие за ова?
Дали се почитува ова правило или сексуалниот нагон е посилен?
Може ли некој да се одрече од земните задоволства само затоа што се заколнал?
Јас лично не верувам...Бидејки како што спомнав претходно постојат многу скандали во врска со тоа...

Не знаев каде да ја сместам темата,ако мислите дека не и е овде местото слободно префрлете ја во соодвветниот подфорум.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Кога некој завршува теологија, за да го стават како свештено лице мора прво да се венча. Поповите и ѓаконите не се откажуваат од задоволствата и материјалните богатства, но затоа монасите пред да станат монаси мораат да покажат исклучителна трпеливост, смиреност и да научат да се молат се` дур дишат. Кога стануваат монаси се откажуваат од сите земни задоволства вклучувајќи ги и материјалните добра. Искрено не знам каде си го сретнала ова ама целибатот не е случај кај оние кои ги гледаш во црква.
 

Alexander_Vienna

Нов член
21 април 2013
10
1
1
46
Тоа што не му е вродено на човекот,дури и ако апстинира од секс,тоа преминува во перверзија,станува девијантно однесување.Имаме илјадници примери на католички свештеници кои поради нивниот целибат стануваат педофили.Оправдливо е во случајот на Исус Христос,апостол Павле,па дури и кај Никола Тесла.Биле асексуални по природа и не чуствувале потреба од секс.Затоа најисправен поглед во однос на тоа има православната црква,свештениците мора да стапат во брак,пред започнување на нивната служба.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Тоа што не му е вродено на човекот,дури и ако апстинира од секс,тоа преминува во перверзија,станува девијантно однесување.Имаме илјадници примери на католички свештеници кои поради нивниот целибат стануваат педофили.Оправдливо е во случајот на Исус Христос,апостол Павле,па дури и кај Никола Тесла.Биле асексуални по природа и не чуствувале потреба од секс.Затоа најисправен поглед во однос на тоа има православната црква,свештениците мора да стапат во брак,пред започнување на нивната служба.
Никола Тесла не бил асексуалец. Напротив, бил женкар и затоа што сметал дека жените му одземаат премногу време и внимание решил да се кастрира.
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
оф - абе шо напрај со овие темиве религиски...

Е ајде де,така ми доага...:DЕден од начините да го утепам времето освен учење :)

slb_bobo а еве зошто се натерани да се откажаат од земните задоволства?Дали мислиш дека доколку не биле под таква заклетва нема да постојат вакви скандали со педофилија?
Исто и ако веке се откажале од материјалните средства јавно си возат скапи џипови?Сепак не се држат до ветеното...

Не сакам да кажувам во една земја што видов,лично со свои очи...За тоа ке си премолчам...Не би зборувала сега.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Е ајде де,така ми доага...:DЕден од начините да го утепам времето освен учење :)

slb_bobo а еве зошто се натерани да се откажаат од земните задоволства?Дали мислиш дека доколку не биле под таква заклетва нема да постојат вакви скандали со педофилија?
Исто и ако веке се откажале од материјалните средства јавно си возат скапи џипови?Сепак не се држат до ветеното...

Не сакам да кажувам во една земја што видов,лично со свои очи...За тоа ке си премолчам...Не би зборувала сега.
Жити мене, каде си видела монаси да се возат во џипови? Јас можеби сум атеист, кењам против религии и верски установи ама искрено на монасиве им се восхитувам. Тие не се натерани туку за да станат монаси одат самите во манастир и живеат таму, т.е. имаат нешто ко тест период кој може да биде 3 месеци, а може и 3 години и повеќе, зависи од смиреноста, стрпливоста, мудроста и сл. Никој не ги тера ништо туку на самиот ритуал кога ги замонашуваат тие се одрекуваат од земните задоволства затоа што сметаат дека не им се потребни за да чувствуваат душевен мир. Напротив, тие презираат богатства, секс, уживање.
 

Alexander_Vienna

Нов член
21 април 2013
10
1
1
46
Никола Тесла не бил асексуалец. Напротив, бил женкар и затоа што сметал дека жените му одземаат премногу време и внимание решил да се кастрира.
Грешиш нешто.Ајнштајн е тој што бил женкар,а Тесла не чуствувал никаква потреба од секс.Со кастрација не се решава потребата од секс,туку само од потомство,потребата од секс е иста како потребата за храна и вода,има посебен центар во мозокот.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Грешиш нешто.Ајнштајн е тој што бил женкар,а Тесла не чуствувал никаква потреба од секс.Со кастрација не се решава потребата од секс,туку само од потомство,потребата од секс е иста како потребата за храна и вода,има посебен центар во мозокот.
Друже, ај вака. Кога ќе си ги отстрани тестисите ќе има ли тестостерон? Ќе нема, така? А дали тестостеронот е оној кој го контролира нагонот за секс кај мажите? Дали тестостеронот е оној кој ги изразува машките особини и ги тера мажите да полудуваат кога ќе намирисаат доволно естроген? Да? Епа ај сеа погоди зошто се кастрирал. Потребата за секс не се контролира исто како потребата за вода или храна, за ова си многу грешка. Ајнштајн бил женкар, ама он уживал у женско друштво и напротив го сметал тоа за продуктивно, но Тесла го сметал тоа за одземање внимание и време па решил да се кастрира за да може да се посвети целосно на своите теории.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
slb_bobo имам лично зборувано со лице свештеник кој е добро запознаен со тие работи..Истиот муабет го водев и со него,истото го кажав како што ти го кажа се додека не ме натера да појдам со него и да ми покаже некои работи...од кои јас се запрепастив...Нема да откривам многу детали...Засега доста ти е...:)