Свесност

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Имавме едно многу едноставно прашање од една професорка во студентските години. Беше: Кој си? Што си? и Зошто си?
За мене одговорот е свеснот. Високата свест би значела утопија за човекот. Ние целиме кон повисока и повисока свест ама ?...чудно како светот напредува во едно а се уназадува во многу повеќе.
Дојде до една важна точка,која воопшто не ја споменавме во целата оваа дискусија.
Разликата помеѓу свеста и свесноста:)
Која е?
 
Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Свесност за постоењето на свеста! Тоа е прилично интригантно прашање. За мене можеби треперењето на целото битие во канџите на она што го знае и незнае. Стравот од тоа колку малку имаш во рацете а колку многу во мозокот, навидум недофатливо, нерешливо а сепак во конфузија со себе си . Свесност- спознание - свест -страв - свесност за стравот- свеста дека си свесен....оние кои што дошле до точката на нихилизам би сакала да ги чујам. Јас не скромно ќе кажам дека колку повеќе мислам дека знам , толку повеќе се сомневам драга Лена .
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Свесност за постоењето на свеста! Тоа е прилично интригантно прашање. За мене можеби треперењето на целото битие во канџите на она што го знае и незнае. Стравот од тоа колку малку имаш во рацете а колку многу во мозокот, навидум недофатливо, нерешливо а сепак во конфузија со себе си . Свесност- спознание - свест -страв - свесност за стравот- свеста дека си свесен....оние кои што дошле до точката на нихилизам би сакала да ги чујам. Јас не скромно ќе кажам дека колку повеќе мислам дека знам , толку повеќе се сомневам драга Лена .

Убаво го сложи ова,Анакин.

"Што повеќе знаеме,толку повеќе знаеме дека ништо не знаеме"
Рекол некој..:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Anakin

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
"Можете да ги контролирате само оние работи за кои сте свесни;оние за кои не сте свесни ве контролираат вас.
Луѓето секогаш се робови на тоа за кое не се свесни.
Кога ќе станеме свесни се ослободуваме од тие работи.И понатаму се тука,но не не контролираат,не не вознемируваат.
Ете што е разликата."

Антоние де Мело

Бидејќи темата е започната со цитат од автор, еве што вели еден друг автор за ова (автори кои зборуваат за исходот од некој настан, јас лично не им верувам многу на тој муабет :) . Кога ќе станеме свесни... абе батали ти „кога“, туку дај кажете како, ако не е тајна нормално :) ).
Повелете:

„Свесното суштество, т.е. еден индивидуален центар на свесност, Монада – неможе да поседува квалитети по себе. Нејзината идеја за постоењето не само на Универзумот туку и на самата себе очигледно зависи и се совпаѓа со оние серии на можности кои таа самата ги има искусено. Оној дел од Универзумот, кој сеуште не влегол во сверата на нејзиното искуство за неа не постои. Тоа е како нов свет – универзум кој чека да биде откриен. Секое свесно суштество. оттука мора да се разликува од секое друго поради својата положба во универзумот, но не изразена во должина и ширина, ниту пак во време и простор, туку повеќе преку степенот или состојбата на свесност, или точката на гледање. Неговиот идентитет, исто така, нужно мора да биде чиста негација. Вредноста на секое суштество се одредува преку квантитетот и квалитетот на оние делови од универзумот, кои ги има откриено и кои оттука ја сочинуваат неговата сфера на искуство. Таа расте преку проширувањето на ова искуство, по пат на зголемување на оваа сфера. Во случајот на две суштества кои поседуваат мало или никакво заедничко искуство, взаемното разбирање очигледно е невозможно.“ - А. Кроули, Препород на Магиката – За Телема
 
Паметни размисли има овој Краули,мора да ја зборува вистината ;)

Пс.Ќе додадам уште нешто.
За првпат да се доживее некаква убавина без притоа да се споредува,анализира и слично би бил првиот знак на свесност.
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Паметни размисли има овој Краули,мора да ја зборува вистината ;)

Пс.Ќе додадам уште нешто.
За првпат да се доживее некаква убавина без притоа да се споредува,анализира и слично би бил првиот знак на свесност.

Кроули, да не кршиме јазици ко забегани англичани... :) Се чита Кроули.

Да се доживее убавина без да се анализира, споредува и слично за тебе тоа е свеснот?
Што правиме со неубавината? Тоа не е свеснот? Да не се анализира и ти ќе бидеш свесна...

Ахам, ок... можеби и тоа е можно...

Да додадам, темата е закон! :)
 
Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Кроули, да не кршиме јазици ко забегани англичани... :) Се чита Кроули.

Да се доживее убавина без да се анализира, споредува и слично за тебе тоа е свеснот?
Што правиме со неубавината? Тоа не е свеснот? Да не се анализира и ти ќе бидеш свесна...

Ахам, ок... можеби и тоа е можно...

Да додадам, темата е закон! :)
Добро прашање,
дали свесноста ја доживува и неубавината??
Дали?

Си помислил на тоа дека можеби зборувам друг јазик?

Се извинувам КрОули.

Пс..обожавам сарказам:)
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Добро прашање,
дали свесноста ја доживува и неубавината??
Дали?

Си помислил на тоа дека можеби зборувам друг јазик?

Се извинувам КрОули.

Пс..обожавам сарказам:)

Зошто постојано на сите теми поставуваш прашања?
Имате чудна потреба да поставувате прашања, навидум мудри, како да го знаете вие одговорот...

Дали ова дали она... 50 страници да се изнапишат - нема да најдете одговор тука за свесноста... премногу зборувате и премногу прашања си поставувате :)
Не треба воопшто човекот да е сесен - човекот е зло ако се почуствува загрозен! :)

П.С. Не обожаваш сарказам... да обожаваш ќе беше свесна за тоа и немаше да ти смета ако некој друг користи кон тебе сарказам :)
Биди свесна... :)
 
Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Зошто постојано на сите теми поставуваш прашања?
Имате чудна потреба да поставувате прашања, навидум мудри, како да го знаете вие одговорот...

Дали ова дали она... 50 страници да се изнапишат - нема да најдете одговор тука за свесноста... премногу зборувате и премногу прашања си поставувате :)
Не треба воопшто човекот да е сесен - човекот е зло ако се почуствува загрозен! :)

П.С. Не обожаваш сарказам... да обожаваш ќе беше свесна за тоа и немаше да ти смета ако некој друг користи кон тебе сарказам :)
Биди свесна... :)
Ооу некој почнува да се лути гледам.
Мора егото да вмешало прсти.

Ова е форум.
Овде се дискутира,се прашува и се одговара.
Ако имам 1000 прашања да поставам,ќе ги поставам тебе ич не треба да те замара тоа.
И ако не ти се дискутира немој да дискутираш никој не те тера со сила.
Прави што ти е волја и тоа нека ти биде закон,
слушнав некаде ;)
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

Нормално, прашувајте си :)
Само премногу прашувате, а ништо не кажувате...

Затоа реков 50 страници и ништо нема да бидне...
Одете таму станувајте свесни и помалку муабети, алоо :)