Ти си последна ѕуница во ноќта,
и зеница на моите сништа,
мој неискажан сјај,
кој го украдов од ирисот на твоите очи,
изрежан во саркофагот на зимата,
да ги оживеам моите,
со последниот здив на љубовта,
кој ја избриша сета темнина,
сето старо и труло во стеблото на моето постоење,
ти си земја и вода,
сонце и цела вселена,
од кои не можам да се откажам,
сега и засекогаш.