ПОЈАСНУВАЊЕ :)

Статус
Затворена за нови мислења.

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Форумот Поезија и Проза, како дел од Креативното катче, е место каде можете да ги објавувате Вашите лични дела.
Цитати, извадоци од дела, омислени стихови, мисли и сл. од други автори, споделувајте во соодветните теми во форумот Литература и Книжевност.

Во зависност од тематиката која Вашите лични дела ја обработуваат, изберете ја темата во која ќе ги споделите. Ако соодветна тема сеуште не е започната, слободно започнете ја.

Би сакала да Ве замолам делата да ги пишувате на кирилица.
Споделените дела слободно коментирајте ги, но не забегувајте во офтопици.

И да напомнам една битна работа, особено за младите автори:
При одбирањето на делото кое сакате да го споделите, имајте ја на ум пораката која со тоа дело ја испраќате.
Секоја напишана реченица, секоја напишана мисла, па дури и секој збор, испраќаат некаква порака. Внимавајте на двозначноста, повеќезначноста и нејасноста.
Внимавајте на секој аспект, во однос на тоа како она што сте го напишале би можело да биде протолкувано и сфатено.
Имајте на ум дека ова е јавен сајт до кој имаат пристап и млади луѓе кои се во најделикатниот период од развојот и оформувањето на нивната личност.
Секое дело со несоодветна содржина ризикува да биде избришано.

Ако имате било какви нејасностии Ви стојам на располагање, се разбира во доменот на моите задолженија.
Бидете креативни.
Поздрав, lady_blue :cool:
 
Статус
Затворена за нови мислења.