Нов закон за безбедност во сообраќајот

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Казниве се слични како оние во Германија, разликата е во тоа што во Германија просечната плата е 2100€ а во Македонија 200-300€. Јас на пример не би се бунел за казниве ако платата ми е 2000€, но со плата од 200€ јас да плаќам казни за појаси и за кал на гумите е ретардирано и тоа го има само кај нас. И не ми кажувај дека не е за полнење на буџетот зашто баш заради тоа се казниве. Во која нормална држава има казна за кал на гумите жити се. Па што да речат оние од село што се, треба сите пари да ги дадат за казна.
Сигурна сум дека платата да ни ја зголемат и 2оо% тие како тебе пак нема да ги почитуваат прописите,а кога ке отидеш во Германија нивните прописи нема да ти бидат проблем.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Holla

Истакнат Член
17 јуни 2014
162
90
338
Да бидам искрен, муабетиве од @Outrider ми се нај топ нешто поврзано со темава...(pivo):cool:
Туку што се однесува на темава...
Грешката е направена уште кога се пушти увозот со иста акциза за сите кубикажи и не се одделија категории по киловати. Од тука влечат корени сообраќајките... Сеа и да ги тепаат - џабе е !
Коли од по 110 коња урлаат по патиштава, секој ден ме претицуваат со преку 140-150 на сат.... реално, тоа е многу!
Казна за претерување со брзина - поддржувам! Особено се однесува на татини синови што „не е***т жива сила“. Тие се главен двигател во машинеријата на телетабисовидни занесењаци.

Туку... „несовесни возачи“ (како што стои во изјавата официјална) е широк поим!

Ствари што мене ме засегаат се: неврзувањето појас, телефон, надминување на брзина (што и како)

Појасот не го ставам од проста причина што ме гуши и ми смета... 4-5 сати в кола не се зае*анција, и не можам да доседам со врзан појас. Правиме муабет за комоција во колата што ти е основно потребна за да можиш добро да возиш. В град не го врзувам пошто сум секогаш на кратки релации со постојани запирања и едноставно ми е неизводливо. Аплицирав и за друга работа во која ќе бидам буквално цел ден в кола... едноставно ми смета. Друго, познавам луѓе кои спасија живот заради одврзан појас... Свесен сум за реалниот ризик и се согласувам. Не велам дека сум во право, но баш ме интересира дали полицајците, кои седат цел ден во Јетиот, врзуваат појаси?

непрописно паркирање и запирање - бездушниците што паркират пред нечија порта и му го оневозможуваат пролазот со кола на луѓето - јавно треба да се запалат на клада (smoke) Секој ден со такви битанги се расправам.... Ако се појави конкурс за џелат, ќе аплицирам и таму!

Телефон... не знам како ќе го свати тоа народов, но во 4 сати в кола, нормално дека ќе имаш потреба да контактираш некого во текот на возењето. Разбирам. Но проблемот настанува со користењето на „смарт“-фони... Куцање по тастатура, пишување пораки, користење интернет во возење. Мислам дека самиот акт на зборување на телефон не е толку страшен ако е на отворен пат ако не ти ги трга очите од патото.

Калосани гуми? Па... проблем се тракторите кои излегуваат директно на пат од нива и со нив носат тон кал по патот што ти го влошува контактот со подлогата ...во спротивно.. .глупо е....

Друго, од лични искуства знам дека дете со точак на сед улица е проблем, но кај да вози бе? А и претерале со казнава....
Види ако те гуши појасот од 4 саата возење онда прави пауза од 15 минути па пак продолжи со возење, истото ти е и со телефонот, ако треба да контактираш направи пауза.
Не знам колку добар возач си али ако разговарал на тел. дур возиш сигурно ќе знаеш дека ти се мозокот концентрира на телефонот и разговорот (осободено ако објаснуваш на жена) со што малку се концентрираш на возењето (дали минуваш на црвено, кој знак стоел покрај патот, колку брзо возиш, каде има пешаци) ...
Законите и казните се за да преживееш и ти и другите (да не загинеш во сообраќајка итн.) самото тоа укажува дека мора да постојат бидејќи ние луѓето (кои сме единствени со разум) не знаеме ништо да почитуваме без казни.
А тоа што цифрата е толку голема то е друга политика ...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and diva orhideja

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Сигурна сум дека платата да ни ја зголемат и 2оо% тие како тебе пак нема да ги почитуваат прописите,а кога ке отидеш во Германија нивните прописи нема да ти бидат проблем.
Ќе ги почитувам ако важи законот за сите, а ако некого казнуваат а некој не само заради тоа што е некој и нешто тогаш ни јас не почитувам и ќе се бунам. Во Германија ако отидам нормално дека ќе почитувам, ама таму законот важи за сите, ннема таму син на овој, ќерка на оној и такви глупости. Си направил прекршок те казнуваат па ако сакаш на претседателот син биди, а не како кај нас.
 
Holla

Истакнат Член
17 јуни 2014
162
90
338
. Казна 45€ ако не носите појас, а 50€ ако совозачот не носи.

За овие 50 евра совозачот добива казна и он ги плаќа или?
Види и ти ... возачот си добива казна 45 еура и си ги плаќа, ти добиваш 50 еура затоа што не го почитуваш законот во туѓа кола ...
не знам како да ти го објаснам али ке сфатиш ако се најдеш на сувозачко седиште без појас пред сообраќаец.
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Ќе ги почитувам ако важи законот за сите, а ако некого казнуваат а некој не само заради тоа што е некој и нешто тогаш ни јас не почитувам и ќе се бунам. Во Германија ако отидам нормално дека ќе почитувам, ама таму законот важи за сите, ннема таму син на овој, ќерка на оној и такви глупости. Си направил прекршок те казнуваат па ако сакаш на претседателот син биди, а не како кај нас.
Се додека гледаме еден на друг нема да бидне ништо од нас,МАКЕДОНСКИ СИНДРОМ....абе ти вози како треба,за твоја безбедност и твој џеб треба да мислиш а не дали комшијата ке плати казна или има врски.....о боже боже
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

коста

Истакнат Член
21 мај 2013
145
61
328
35
Гајле ми е.јас су возам прописно и никогаш не ме застанале а за сите што не возат како што треба ова е најмалата казна што ја заслужуваат..Еве гледате како се газат пешаци како на шала,па нема смисла! Браво за законов
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Се додека гледаме еден на друг нема да бидне ништо од нас,МАКЕДОНСКИ СИНДРОМ....абе ти вози како треба,за твоја безбедност и твој џеб треба да мислиш а не дали комшијата ке плати казна или има врски.....о боже боже
Он да внимава се по прописи а тој наспроти него не пошто му се може и во случај на несрека посекако крив е тој што ке почине без разлика на све :zelen Тоа е тоа.

10534716_1490618464538082_7623961088063286731_n.jpg
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
Види ако те гуши појасот од 4 саата возење онда прави пауза од 15 минути па пак продолжи со возење, истото ти е и со телефонот, ако треба да контактираш направи пауза.
Не знам колку добар возач си али ако разговарал на тел. дур возиш сигурно ќе знаеш дека ти се мозокот концентрира на телефонот и разговорот (осободено ако објаснуваш на жена) со што малку се концентрираш на возењето (дали минуваш на црвено, кој знак стоел покрај патот, колку брзо возиш, каде има пешаци) ...
Законите и казните се за да преживееш и ти и другите (да не загинеш во сообраќајка итн.) самото тоа укажува дека мора да постојат бидејќи ние луѓето (кои сме единствени со разум) не знаеме ништо да почитуваме без казни.
А тоа што цифрата е толку голема то е друга политика ...
Интересен си ми!.... муабетов твој и јас го правев пред да земам возачка. Не е така ко што изгледа.
Ако јас правам пауза од 15 минути на секој еден час (рецимо), тоа е + барем уште 1 час... Мене дома некој ме чека, а тој еден час порано што ќе дојдам МНОГУ МИ ЗНАЧИ!(hug)
Се надевам дека нема да мораш да ме сватиш и дека никогаш нема да мораш пола ден да го врвиш со очите во асвалтот, па уште и со појас на тебе... Другото сето е приказни за деца и похован кромид ;)
 
Ако сакаш да стигнеш побрзо дома, ќе си платеш 45 еура казна (нели и по пошта да пратеш нешто по експрес ти зимат повеќе пари, или со авион прва класа, или воз).
Дали имам возачка или не нема врска, еве земи и возење велосипед, играње игра, пичување, готвење, читање и ред други работи кои ги ставаш во втор план кога на некого треба нешто да му објасниш, поготово ако тој/таа/тоа не го/ја гледаш и обратно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Какви бесмислици изнатропавте, не ми се верува...
Донекаде ај ќе разберам Сашко што вика дека му пречел појасот, ама брат во денешнава модерна технологија за разлика од онаа пред 20, ти можеш барем да му ја поместиш висината на појасот за да не те гуши до толку. И на крај носење на појас е навика која се стекнува.
А што да кажам за оние дебили што се паркираат по тротоари, пешачки патеки/премини, автобуски станици, пред капии итн?