Колку сте одлучни при купувањето на облека, чевли или аксесоари?
Влегувате во продавница, разгледувате и наоѓате нешто што ви се допаѓа.
Земате да го пробате и се огледувате.
А потоа?
Во ситуација кога парчето облека или чевлите ви се точни дали веднаш се одлучувате да ги купите или сте личност која ќе стои половина час пред огледало, ќе ги праша сите околу себе за мислење, сто пати ќе се премисли дури да го купи односно да не го купи?
Дали го земате она што прво ќе ви се допадне или ги вртите сите можни продавници пред да одберете што ќе купите?
Пред да купите, дали смислувате можни комбинации и размислувате со кои парчиња кои веќе ги поседувате би можеле да го облечете?
Или пак, откако ќе го купите и дома ќе го ставите на полица се каете што сте го зеле?
Јас купувам прво што ќе ми се допадне и што добро ќе ми стои. Не се двоумам никогаш Ова не би го нарекла маана, но ни добра особина. Честопати се случувало да избрзам, да најдам нешто подобро (а со ми донесло дупол трошок) или пак купеното да не го облечам долго време зашто немам со што да го комбинирам.
Но, од друга страна, ако нешто ми се допадне не можам да не го купам, таму ми останува умот и на крај мора да заврши во мојот плакар.