Младината денес

Auditore

Староседелец
4 мај 2012
284
272
663
Wherever you want me to be
Сметам дека доста е присутна темава кај сите нас и би сакала да развијам дискусија за денешните деца,кои се застрашувачки тупи и глупи,без никаков речник,дрски,разгалени и некултурни.
Во едно основно училиште,деца од петто одделение правеа тест по математика.Со оглед на тоа колку им фаќа кликерот наставникот направи два теста, до тројка и за петка.
На тестот имаше задачи од типот 12+34 20 + 0 23x1 и слично. Ако верувате незнаат да собираат и одземат ниту пак да делат и множат.Луѓе,се што знаат е љубомора,тепање,шпански серии и фејсбук! Факт е дека се неписмени и брзаат да пораснат,да не започнуваме за фаќањето дечковци и мувањето со секој втор...
А тек па темата лезбејки и педери...Што мислите ? Имате некој таков близок случај,или пак познавате некое од децава ...

Незнам дали да се чудам на нашата генерација или на моменталната ко што викаш ти денешната младина затоа што така било секогаш, секогаш имало голем процент на деца/ученици кои не знаат основна математика. Фејсбук да излегол во 1985 година тогаш и таа генерација ќе била исто ко денешнава. Секоја наредна генерација ќе се жали за претходната. Само немој да ми кажеш дека ние сме биле подобри кога сме биле помали.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Нашата младина,која младина ????
Онаа која нема никаква перспектива??
Девојките се продаваат за некој денар, наогаат ружни гадни оженети старци кои ги спонзорираат скапите сукњи,кондурчињата и фризурата,оставајки ги дома сопругите и децата...
момците се предаваат на дрогата,барајки некој излез од црнилата на домот,растојание од своите ПСИХО родители..
Израснав во еден ценрален предел на Скопје каде дрогата уништи мнооооооогу млади животи,пола од мојата генерација умре на овердосе,мои другари со кои сум израснала..
Другите се фураат,се прават кремови..скапи алишта и коли кои нормално ги финансира ТАТО,кој на друга страна краде од фирмата,државата и народот, можеби ја спонзорира деојката која ја симпатизира синот..
И ги има малкуте кои веруваат во себе и сонуваат...кои имаат уметничка душа и веруваат во подобро утре..
Дечките кои се разочаруваат од девојките кои се финансираат од гадните старци,девојките кои бараат само дечки со пари..
И децата од маало..
кои израснале заедно.
Кои денес дознаа дека еден од нив е претепан до смрт од албанци некаде на околните планини..
Кои чекаат полицијата да преземе нешто(а полицијата нема да преземе ништо затоа што тој е еден дечко кој не е важен за полицијата),и затоа дечките од маало сами ке преземат нешто..
ке ги бараат виновниците,и ке им вратат..
на кој начин???
И еден од момците од маало кој сака да се пресмета со виновниците е мојо брат....би вриштела во моментов...
Темава треба да се вика ПОЛИТИКАТА ДЕНЕС...
младината си е ок,таа само се вклопува во системот....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati and goodgod

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
абе нашиве деца ти се уствари прави македончиња... знаат дека кога-тогаш ќе отупиш па си викаат дај да не се мачиме, има кој да биде талент на 2 години, оние јапанците и кинезите зашто се раѓаат :rofl

иначе да, се согласувам со се, и сите мали што ги познавам се плукнати едни на други во карактерот али тоа е. си мислиме дека ние кога ќе бидеме (или ако веќе сме) родители ќе ги растеме поинаку ама тешко... до општеството си викам дека е
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Сите генерации се различни и имаат свое време свои убавини и интереси. Е сеа ние имавме едно време на лудории надвор на улица...јадење надвор, играње брканици, жмурки, ракомет, одбојка, горенка и слично. Некако подолго си бевме деца. Не можеа да не приберат дома. Снег па кога ќе паднеше ,цел ден надвор истопен од глава до петици, ама немаш гајле , шибаш надвор. Имавме имунитет, тоа е прво шо забележувам кај младиве деца денеска. Второ глобализацијата , екелторнските медиуми си го прават своето. Поголемиот избор да правиш и да имаш некои работи. Не можеме да очекуваме да бидат како нас. И тоа е така насекаде. Нема иста генерација. И сексуалното созревање е порано. И хормоните се други. Се е подруго. Еве еден банален пример. Јас прв пат облеков штикли во втора година средно . И не бев сексуално активна во седмо одделение што глеам дека не е случај денес. И малку се плашам кога ќе имам свое дете оти за мене 12 , 13 години беа детство а за него може ќе значат нешто друго. ....и така натаму...Единствено битно е детето да изгради убави значајни вредности, да создаде критички ум да биде блиско со своите родители ...да се работи на неговиот развој уште од мали нозе ..бидејќи е многу битно домашносто воспитание и култура и средината на живеење е битна секако и многу фактори на социјализација и треба да се работи напорно за да се создадат интелегентни здрави поредоци оти тоа останува....
 

Emma.T

Истакнат Член
23 декември 2012
241
352
163
Ќе го тргнам настрана муабетот за пиењето, пушењето, дрогата, сексот, родителската грижа и воспитување, социјалните мрежи, ситуацијата во општеството, само ме интересира како оваа младина ќе ги растат нивните деца? Какво воспитување ќе им дадат овие млади на своите деца за 10 или 20 години? Што совети ќе им делат? За количината на алкохол испиена во еден вечер, за бројот на сексуални партнери пред полнолетство или за бројот на посети на токсикологија? (drunk)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Anakin