Македонски метал бендови и свирки

Везилка

Активен Член
20 февруари 2012
118
220
43
33
Во оваа тема можеме да ги сместуваме македонските метал бендови, да објавуваме кога и каде има свирки и да споделуваме импресии од истите.:)

Да започнам јас под влијание сеуште на Скрим Фестивалот кој се случи пред два дена и да споделам некој впечаток.

Санаториум - Очекував дека подолго ќе се задржат на сцената, за нив и отидов, но се случи да настапат први и да имаат најкраток репертоар од сите :( Како и да е, ми се направи меракот да ги слушнам во живо, и да си го искршам вратот на Без разум и свест:D

Ласт Експедишн беа приказна сама по себе, со "Шефе" направија тотален хаос во халата, немав веќе нозе и глас за да го издржам тоа, ама собирав сила :D А морам да признаам иако е вон темата Чиста околина исто така придонесоа за и така веќе разгорената атмосфера :timebomb

Другите не ги коментирам, Ареа не се метал, а Елекрични оргазам не се македонски бенд исто така и Негатив :D

Ако бил некој друг нека сподели мислење (inlove)
 

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Не бев, пошто Санаториум после 7-8 год ги гледав на моторџискиот собир на кале и беше ок, кога видов и овде, некако што знам ми стануваат бенд што не прави ништо туку се собира само на вакви настани и се шлепа на стара слава, многу бендови се имаат така заебано. Ова го зборам пошто ги памтам многу добро свирките на санаториум од пред 10ина години кога бевме дечишта а тие свиреа како исто како некој голем бенд од светски ранг, беа во полна кондиција. Сепак во тоа време беа предгрупи на Motorhead и на Slayer што е огромен успех, ненадминат кога станува збор за наш бенд.
За Last Expedition ми е криво баш сакав да ги видам во живо после толку години, да ме вратат малце во детството
 

Везилка

Активен Член
20 февруари 2012
118
220
43
33
Санаториум спремаат нов материјал. Ќе биде жустро, само да го издадат ...
 

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Тоа ме плаши може да се унаказат скроз со тоа, како и секад ќе биде муабетот: старите ствари се топ, новиве за такво е ги бива, Прост пример: металика никад ни сум ги слушал ни сум се ложел на нив ама албумите до 90та се тоа што металика ја прави да биде тоа што е, новиве навака се бледа копија и врска немаат...
 

littleblackdress

Полноправен Член
22 февруари 2012
96
74
18
Јас бев на Скрим, супер беше.. мене со Санаториум ме зарази одамна еден бивш и ми кажуваше дека се многу добри во живо бла бла.. и стварно супер си поминав :)) а за Ласт експедишн.. уфффф.. иако мене и на Негатив ми беше убаво, ама добро, да не бегаме од македонското :)
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Мене ми се добри и Warnament од Тетово. Не сум ги слушнал у живо, ама она што го имаат издадено беше супер. Дури и еден од членовите на еден друг форум го остави албумот за симнување, потег кој многу им го почитувам.
 

littleblackdress

Полноправен Член
22 февруари 2012
96
74
18
Мислам дека тука им е местото да ги спомнеме ВЕРКА за утре за во Хавана, така? :Р
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: DarkPassenger