Луѓе без пријатели

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Од една страна е жално да се нема пријатели на денешно време, кога можеш да се зближиш со некого од било кој дел од светов преку еден клик, а од друга страна пак не можеш никогаш да знаеш што личност се крие зад монитор.
Како и да е, ако не дадеш шанса, остануваш во истиот круг и секако губиш.
Донекаде и ги разбирам оние што по своја волја се сами. Можеби премногу добро ги знаат другите и налетале на премногу погрешни луѓе и веќе не им се троши енергија на нешто друго.
Од друга страна пак, сепак сме социјални суштества, не може да ти е убаво да си постојано сам, освен ако не се работи за нарцисоиден социопат што секогаш за себе си е изнад ситуација и другите му се најпрости и небитни.
Како и да е, од мое искуство, сум научила дека оние со помалку пријатели се поверни и поискрени. Појезиви се оние што се сечиј „пријател“ и што се „сложуваат“ со сите отколку повеќето аутсајдери.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Можам да напишам томови на оваа тема нажалост. Сфатив во што е "проблемот". Само што нема да жртвувам интегритет и основни човечки карактеристики за да не останам сам. Никогаш повеќе.
Последно дури и роцаџи се дистанцираат пошто за умрените требало све најдобро. Марш бе. Ајде и за Чикатило, Тед Банди и Најт Стокер се најдобро, пошто нели, се упокоиле одамна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Senorita

Полноправен Член
16 декември 2020
31
10
18
113
Јас не ги осудувам тие што немаат пријатели, па ни еден пријател. Одлично знам како им е. Како велат, додека нема да почувствуваш на своја кожа нема никогаш да знаеш на другиот како му е.... Епа бидејќи и јас спаѓам во овој кош и знам како е.... Јас не дека немам пријатели, имам, но не е тоа тоа. Зошто, бидејќи живееме во различни градови, еве сега не одиме на школа од дома сме и не можеме да се видиме, кога уште одевме на школа се гледавме секој ден освен за неработните денови што баш и за неработните денови најтешко ми беше. Еве овие од маало што ми се, прекрши 21 часот и одма се спремаат да излезат... А јас преку прозорец гледам ли гледам... Преку цел ден дома сум, ќе прочитам нешто, ќе зачистам нешто, филмче ќе си погледам и така... Кога ќе ги видам тие што кажав претходно пријатели ми се на Фејзбук, Вибер итн. оклучени им пишувам порака од видот "Ее шо прајш? " не ми маваат seen (појма си немам зошто), а знам дека ја гледаат пораката од известувања, но не маваат seen сигурно оти не сакаат да комуницираат со мене... И јас се запрашува како така никако да не најдам пријателка, што е проблемот во мене?????? Ако јас не им пишам порака тие нема ни да отворат chat со мене, а непак нешто повеќе.... А еднаш пак кога се "допишував" (ако тоа можам да кажам дека е добишување) добив порака не ми пишувај повеќе немам време многу, имам обврски... А таа е 24/7 онлајн... Баш пратев после 10 мин дали е уште онлајн.. Не дали 10 мин... 10 саати да не беше уште оклучена... Што тие обврски да не ги извршува преку Фејзбук? Знам дека и кога не скролаш на фб уште уклучен те покажува, но видов и коментари давала, на Инстаграм таму во приказните фотки од неа си ставаше... Требаше можеби да ѝ кажам "Гледам имаш обврски, многу си зафатена со ставање фотки на Инстаграм..." , но тогаш пак ќе додавав масло во огнот... Јас мислам дека не можеме заеднички јазик да најдеме... Тие слушаат "песни" што на мене ми се одбивни, јас слушам песни што не се со аутотјон монтирани. Тие велат сакале Јутјубери да бидат и од Јутјуб ќе живееле, а јас сакам со занает, или ако бидам образована со факултет да заработувам пари и од тоа да живеам. Јас си мислам дека повеќе заеднички јазик наоѓам со тие што се над 5 години поголеми од мене... Но тие стварно се зафатени, имаат обврски (работа, студирање, некои имаат и деца...) На 21 век кога има социјални мрежи знам дека можам и преку нив да најдам пријатели... Пробав... Многу лошо излезе... Со колку лудаци се допишував ни јас не бев свесна... Манијаци, џихадисти, лезбејки ми изнапишаа пораки... Педофилија се крие позади монитори!!! Така да ни малку не ми треба да се допишуваме преку нет со тие што не ги знам!

Знам дека голем реферат изнапишав, но преку глава ми е веќе и бидејќи ова е форум барем овде може да се испукам...