ЦрноБело = форум за дискусија и споделување мислења од главно забавен карактер.
Е арно нели секој член го претставува својот лик со сопствени мисли и изразувања на овај интернет простор.
Ама Црнобело колку што знам не е замислено како Тиме.мк па да има софтвер кој колектира и линкува содржини од други интернет сајтови кои се во текстуална форма. Сајтов односно форумов колку што разбирам јас со моето скромно форумски искуство треба да е дополнително место за забава на посетителите на црнобелиот портал кој пак има сопствени текстови, статии и се останато. Ако форумот се билда квантитативно со копирани непреработени/прераскажани текстови во кои е вметнато авторско дело од црнобелиот отворач на тема тоа непридонесува со ништо за доброто на порталот/форумот. Секој автор на тема треба да стои зад зборовите кои ги постирал, со тоа тој знае на што мислел кога ја отворал темата и бидеќи тоа е тема за дискусија треба активно да учествува во истата секогаш кога има што да каже како дополнување на неговиот првичен став и мислење или кога темата тргне во погрешна насока од таа што тој како автор ја замислил.
Невозможно е секој да има познавање од се но ако сака нешто да го искаже тој ќе пронајде сопствени зборови да ги искаже сопствените мисли. А ако сака да биде виден и забележан по ххххх теми ќе билда само ќе стегаќи цтрл+ц / цтрл+в и бројката ќе се крева како никогаш дотогаш.
Една од работите која помеѓу останатото треба да ја има форумот е да пронајде содржина која можеби ќе биде дополнување на порталот или пак да биде одскочна даска за статиите презентирани на црнобелиот портал а не за било какви (лупам) мотика/кајгана/википедија... текстови кои ќе се тука копирани па сите ќе дискутираме за нешто што некој не потрошил повеќе од пет клика за да демек не инспирира да дискутираме...
Квантитет не значи квалитет...