Кариера надвор од Македонија

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Зависи од работата која ја работиш. Ако работиш на градилиште или чистиш тоалети, тогаш не се исплаќа. Но, ако имаш добра добра работа, тогаш се исплаќа. Се зависи од одредени фактори и се е релативно.;)
 
Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Доколку ми се понуди добра работа со изгледи за градење кариера и добро платена зошто да не. Мислам за секој човек е убаво ако има шанса да си ја искористи, било каде. Дали во оваа држава или надвор од неа.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не ми се допаѓа баш тоа на мене, ма да сите инвестираат во странство, сите бегаат по другите држави како луди со надеж дека ќе створат нешто повеќе дека оддеднаш ќе се збогатат, можеби се во право може не, ама неможе секој да успее, секаде е криза така да јас не би отишла да работам во друга држава, ниту пак да живеам. Ќе си останам во мојата родна земја Македонија!

Зарем не ти е Унгарија родна земја?! Не верувам дека Ержебет, алах да и ги прости гревовите, била од Ресен...

Зависи од работата која ја работиш. Ако работиш на градилиште или чистиш тоалети, тогаш не се исплаќа. Но, ако имаш добра добра работа, тогаш се исплаќа. Се зависи од одредени фактори и се е релативно.;)

И тоа се исплати, градежнците се добро платени по запад и има подобри сигурносни услови за работа... овде гинат како муви, секој втор ден ги има по црни хроники.

Инаку општо, РМ ќе доживее тежок економски колапс во наредните 10-15 години. Пред тоа може да има и војна како начин навремено да се евакуира олигархијата. Ако можете да избегате од земјата на хунзите барем до 2020.... бегајте.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheQueen

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Зарем не ти е Унгарија родна земја?! Не верувам дека Ержебет, алах да и ги прости гревовите, била од Ресен...

И тоа се исплати, градежнците се добро платени по запад и има подобри сигурносни услови за работа... овде гинат како муви, секој втор ден ги има по црни хроники.

Инаку општо, РМ ќе доживее тежок економски колапс во наредните 10-15 години. Пред тоа може да има и војна како начин навремено да се евакуира олигархијата. Ако можете да избегате од земјата на хунзите барем до 2020.... бегајте.
Добро, чистач на тоалети во Германија добива повеќе од доктор во Македонија...Па, така, планирам да завршам факултет и да бегам од ГрујоБранкоЛенд (Македонија). Секако, не како чистач на тоалети, туку да најдам подобра работа.:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Пред 14-15 години имав можност да работам на својата струка и да живеам во странство.Не отидов само за да моите деца израснат во оваа убава Македонија, мислејќи дека ке биде економски подобра за живеење.
Но сега мислам дека мојот потенцијал не го искористи државата доволно, а јас станав исфрустирана бидејки со чесна работа од 20 години работен стаж не заработив ништо, живеам од ден за ден, а никаква сигурност немам за старост.Се плашам дека на старост ќе бидам терет, без пензија, без уштедевина.
Мислам дека не е доволно да имаш храна и покрив над глава, туку да секој ден одиш напред во животот и да го живееш животот во потполна смисла. А секој со било која професија , во билокоја држава со чесна работа ќе живее поубаво од овде. Во нашава убава држава со чесна работа се оди секој ден наназад и лошо се живее.
Колку и да ми биде тешко посакувам моите деца да живеат надвор и да своите потенцијали ги развиваат, да живеат без да размислуваат и го цепкаат денарот до секој први, да спечалат барем една некретнина, да се почувствуваат дека го живеат животот , а не да животарат од ден за ден.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Lena

Ќе те сместат во подрум децата поради тоа што не си заминала кога си имала прилика.:)
Јас порано планирав стариве да ги пратам во планина поради тоа што имале неколку шанси за да излезат од библијската земја на хунзите но немале храброст...ама тоа беше порано....сега се навикнав на нив и некако дури и симпатични ми станаа...:cool:
 
Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Ќе те сместат во подрум децата поради тоа што не си заминала кога си имала прилика.:)
Јас порано планирав стариве да ги пратам во планина поради тоа што имале неколку шанси за да излезат од библијската земја на хунзите но немале храброст...ама тоа беше порано....сега се навикнав на нив и некако дури и симпатични ми станаа...:cool:

Jас имав храброст но глумев патриот.А заслужувам не во подрум , туку на планина да ме остават. Знам, и така ќе биде. Господ многу шанси ми испрати, многу повеќе одколку на другите.....
 
Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Абе уживајте во јадната ни Мак.животот во странство не е тоа што го замислувате.
Финансиски дојдено е време да мораш да имаш две работни места за да преживееш,со една просечна плата да речеме од 1500-2000€ месечно ништо не правиш.
Таа слобода што ја има во Мк.во секој можен поглед ја нема никаде.
Само за инфо.
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Абе уживајте во јадната ни Мак.животот во странство не е тоа што го замислувате.
Финансиски дојдено е време да мораш да имаш две работни места за да преживееш,со една просечна плата да речеме од 1500-2000€ месечно ништо не правиш.
Таа слобода што ја има во Мк.во секој можен поглед ја нема никаде.
Само за инфо.
А пензионерите како живеат?
Подобро од нас?:kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,926
1,133
некаде во длабочините на темнината
А пензионерите како живеат?
Подобро од нас?:kafe

Колку шо видов и разбрав Лена кажуваше за уметноста во Мак. и странство
слобода на уметноста и изразувањето...( преку сликање, портрети, графити, музика ) и.т.н
другите земји имаат ногу понапредни делови ( да ги наречам ) каде што можат овие активности да се извршуваат
во Мак. ги нема. само мал пример давам :)