Како изгледам најдобро/како се грижам за себе?

ComputerService

Староседелец
29 јануари 2013
443
235
1,043
Искрено по мое нај добро изгледам:
Избричен-брадата многу грдо ми стои и постар ме кажува :S
Кратко истрижен- долгата коса исто како и брадата грдо ми стојат, ме кажуваат постар.
Обетки-3 те обетки кои ми стојат на левото уше, ми стојат она баш нај нај, мислам без нив нишо не прам :p
Ланче-убаво ми стои но ме нервира и не можам да го носам!
Кога би збореле за забите, никако не можам да ги донесам до нај јаката нијанса на бела боја, сигурно ке да е од цигарите!

Облека, по мое мислам дека нај добро ми стои летната облека, боја црна, едноставно обожавам да носам црни маици со некој така топ шари!
Обожавам да носам, бермуди така нешо по темна боја, не многу шарени, заедно со топ бели патиќи!
Нешо така стандарт наочарчиња, ни многу големи ни многу мали- боја на стакла црни!

Од зимската облека, не мислам дека баш ми стои така нај нај- едноставно изгледаш ко бабар! :p
Иначе зимно време обожавам само трењерки да носам, мразам фармерки, мразам винтијаги, едноставно само во мерак ми се кожните јакни, за на нозе зимно време освем Планика чизми ништо друго не би ставил на нога!

Кога би се свртиле кај парфемите, зимно време преферирам некој помеки пафреми како што се, Hugo Boss Soul и Hugo Element, летниот период преферирам појаки парфеми како што се, Calvin Kleine Euphorija Men и Calvin Kleine Obsession-машкиот, иначе за подмишка освем Нивеа антиперспирант не користам ништо. Баш ме интересира, кој се грижи стварно за себе, но и да даде некоја идеа за промена со тоа што ке се опиши самиот себе.
 

Just Perfect

Активен Член
3 април 2013
137
120
43
уф..па ова е тешко :unsure
Јас на пример најмногу си се бендисувам ..ма во се си се бендисувам,освен класични панталони... (puke)
Ај ќе почнам од косата... имам долга кафена коса...до пред некое време и шишки си имав..изгледав како детенце... сега ги пуштам да пораснат... ја мијам со w&g,користам регенератор нивеа розевиот...не ја фарбам 4-5год веќе,затоа што ја претерав,па морав да ја кратам,сега е мека како свила.шминка мн и не користам баш,освен маскара која ми е секојдневна(имам во црна и плава боја неколку)-повеќе ми се допаѓа мојот природен изглед.


За лицето користам само лосион pure nature од боровинка,прекрасен е.
Тело..хм...имам неколку креми,млека и спрејови,но најомилен ми е спрејот за тело Фрутини-портокал.преубав е.
Стикче-Фа (sun).. одлично е..го користам со години
Парфем-Диор дефинитивно.
Ноктите ги лакирам...имам убави нокти баш :showoff ..најубаво ми стои црвен лак... иако користам во сите бои.
Омилена боја-црвена и плава...
Накит-часовник,златно прстенче,обетки и ланче со крст(поклон од татко ми и никогаш не го вадам).
Па ваљда тоа е тоа...

Не сум многу висока па :
Омилена облека ми е-фустан и високи потпетици. Фармерките прекрасно ми стојат(барем така велат другите),но мразам да носам затоа што сум некако стегната..па ги одбегнувам..во последно време носам и класична облека...сукњи со висок струк,кошули....високи потпетици..не за друго морам за на работа...и искрено да кажам се чувстувам некако помоќно во нив... :zelen
 

Keepitreal

Полноправен Член
3 мај 2013
78
38
18
Нај топ се осеќам косата кратко класика 2че, избричен, ако е лето се знае долу дрес горе класика мајче со јакни, ако е зима или тренерка лежарна некоја или фармерка со дукс, патика строго висока или некоја спортска.Се на се ме полни Chill out style така и се носам.

Парфем моментално во колекција имам United colors of benetton - let's move и antonio banderas - black seduction. Единствено нешто кое ми недостига е злато, уфф збеснав по некое тешко парче панцир плетка и крст. Ае се надевам за брзо.