Како да увезете половен автомобил

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Сакате да увезете половен автомобил но не знаете како? Ова е текст за вас. Внимателно прочитајте го следното упатство и увезете го автомобилот што го сакате без да фрлате екстра пари посредници.
Самата процедура не е воопшто комплицирана како што изгледа на прв поглед. Пред да се впуштите во увоз "наоружајте се" со вистински и корисни информации.
Еве неколку совети како да увезете половен автомобил:

kako-da-uvezete-poloven-statija.jpg
1. Избор на модел

За да увезете половен автомобил потребно е прво да го пронајдете во странство, било да е преку пријател, директно од сопственикот или преку интернет од некој автоплац.
2. Проверка
Кога ќе се одлучите за автомобил, обавезно проверете дали возилото поседува сервисна книшка од која ќе видите кога и каде се правени сервиси на автомобилот, а истовремено тоа е документ кој ќе ви биде потребен за царинење и со кој се потврдуваат и поминатите километри кои влијаат на цената на царинење, а со самото тоа и вашите трошоци.
Доколку автомобилот поминал доста километри, основата на царинење се спушта размерно со прејдените киломтери.
3. Цената за царинење
Цената по која царината на автомобилите се формира е на основа на понудена цена од каталог: Schwacke за возила од Германија, Largus од Франција, Autovetture oд Италија итн.
kako-da-uvezete-poloven-thumb.jpg
4. Сметка

Следната важна работа е сметката. Сметката која ви ја издава местото од каде го купувате автомобилот или пак доколку го купувате од сопственик се формира договор кој се заверува кај овластен нотар.
Предноста на договорот во врска со сметката е тоа што договорот претставува директно купување помеѓу купувачот и сопственикот на автомобилот, во однос на сметката каде во прашање е купување преку посредник кај кој за време на царинењето се користат цени од каталог и можат да бидат и до 20% повисоки од цените кај директното купување.
5. Граница
На граница, граничниот шпедитер прави пропратница кај внатрешната царинарница во градот во кој сте пријавени и каде што возилото ќе се царини, а рокот на пријава е 72 часа, односно 3 дена.
На граница обавезно пријавете ја сервисната книшка за да важе за време на царинењето, во спротивно, намалувањето на вредноста за прејдени километри нема да биде возможна.
6. Царинење
Конечната постапка околу царинењето на возилата ја прави шпедитерот на царинарницата каде возилото е упатено од граница, а препорачливо е да го пронајдете шпедитерот и да разговарате за реалната цена за царинење уште пред да тргнете по возилото.
Напомена:
Кога купувате автомобил преку интернет сајтови од приватни автоплацови, секогаш имајте на ум дека големи се шансите да бидете измамени. Затоа, не ги уплаќајте парите без разлика што ви бара продавачот, сѐ додека не одете лично да го видете автомобилот.
 

Anitaga

Нов член
9 август 2017
1
0
1
50
Се надевам дека нема многу измени во постапката за овие 4 изминати години. Би сакала да прашам за оној дел од патот до МК, како се излегува од Германија и како се поминуваат сите следни граници ? :sram