Какви серии гледате?

Највеќе ги гледам:

  • Шпанските

    Гласови: 3 10.0%
  • Индиските

    Гласови: 1 3.3%
  • Бугарските

    Гласови: 1 3.3%
  • Српските

    Гласови: 0 0.0%
  • Турските

    Гласови: 3 10.0%
  • Америчките

    Гласови: 20 66.7%
  • Арапските

    Гласови: 0 0.0%
  • Британски

    Гласови: 10 33.3%
  • Други, ќе наведам.

    Гласови: 2 6.7%

  • Вкупно гласале
    30

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Не сум многу по сериите и филмовите, но една данска серија ми го привлече вниманието. Ја емитуваат на МРТ во 22:10 во работните денови. Се работи за форензичарите од полицијата во Копенхаген кои во секоја епизода се соочуваат со различен(и) сериски убиец(и). А, да. Серијата се вика Убиства со умисла. Или на дански- Den som dræber.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Американските и британските се најзастапени, па така највеќе и ги гледам, сакала или не. Но, во последно време ми се допаѓаат и корејски (не зборам само за Скуид Гејм или па к-тин драми), посебно ако се трилер/хорор пошто, исто и ко филмовите, им се ненормално болни и ова го мислам во најпозитивна смисла.
Жанрови не пребирам, нека има од сите, единствено што sci-fi не ми се баш омилени. Зборам за оние екстремно што пробуваат да вметнат рецимо аутистичен Индиец (мора да има диверзитет во секоја серија) со супермоќ да се транспортира и прилагоди било каде во вселената, ама паралелно е и шалтеруш во банка за никој да не се сомнева, па во банката забележува група маскирани марсовци и ги пренесува со трепкање на друга планета, па таму го заробуваат друиди... уствари мојава приказна звучи кул. Би гледала. Накратко - да не пробува да ги вметне сите клишеа од научната фантастика во едно.