Искуства со производи за слабеење (чаеви, таблети, прашоци)

MajkaMuNaMarko

Староседелец
18 февруари 2020
38
19
1,008
38
Инспирирано од најновото истражување на IRL за производите нa SlimLine.

Ме интересираат, какви се вашите искуства со овој производ или со слични на ова - разни чаеви и таблети за слабеење, прашоци и слични додатоци, лесно достапни и на деца и тинејџери.


  • Суплементите на еден од најстарите и најпопуларните македонски брендови за одржување на телото „Слимлајн“ биле лажно декларирани додатоци за храна кои содржеле антидепресиви и опасни лекови за слабеење. Со цел да избегнат строги контроли и потреба од регистрација во Агенцијата за лекови, суплементите ги продавале како додатоци за исхрана.
  • Една од пронајдените супстанции е субитрамин. Во САД, ЕУ и во Македонија, субитраминот е забранет за употреба поради опасност од сериозни и штетни ефекти врз здравјето на луѓето.
  • Србија пред четири години ги забранила производите на „Слимлајн“ за употреба откако властите откриле дека суплемент на оваа компанија содржел антидепресиви.
  • Во 2019 година Агенцијата за храна издава решение за задолжителна лабораториска анализа за безбедност на сите производи на „Слимлајн“ пред пуштање во промет. По извесен период Слимлајн повеќе не се дел од регистерот на АХВ.
  • Но, застапниците продолжуваат незаконски да ги продаваат суплементите преку својата интернет-страница, а со помош на агресивно рекламирање на „Инстаграм“ и „Фејсбук“.
  • За да дојдат до што повеќе купувачи на својата веб-страница за онлајн продажба, тие ангажираат фитнес-инструктори и познати инфлуенсерки како Јелена Спенџарска и Лила Филиповска. Со своите десетици и стотици илјади следбеници, меѓу кои и голем број тинејџерки и млади, тие на „Слимлајн“ им обезбедуваат потрошувачи за разните додатоци како детокс-чаеви и други производи за убавина и здравје.
  • Примероците од суплементите во кои се пронајдени штетните супстанции биле декларирани како кинески.
  • За производите што во моментов се продаваат онлајн, земјата на потекло и производител не може да се утврдат бидејќи производот нема декларација, а на самата кутија не пишува ништо.
  • Агенцијата за храна во 2020 година ќе поднесе кривична пријава која ќе резултира со судски процес против одговорните во фирмата СЛЦ која се претставува како увозник на овие суплементи. Дел од судењето е и познат македонски ракометар, кој сведочи дека поради необележаниот субитрамин во суплементот на „Слимлајн“ добил позитивен допинг-тест по што му завршила кариерата.
  • Одложувањата на судскиот процес се во најголем дел поради отсуство на обвинителот. На судските рочишта што ги проследи ИРЛ обвинителот доаѓаше без службени материјали. Во една пригода побара од присутните адвокати да му позајмат бел лист хартија „за да има нешто на масата“.
  • Две години полицијата не може да постапи по барањето од Агенцијата за храна да ја отстрани веб-страницата на „Слимлајн“ за онлајн продажба.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Ништо, апсолутно ништо.
Додуша, што магично апче или тревка треба да е за да ти ги тргне килограмите ко од шала, а воедно и да ветува дека можеш да си јадеш ко и секогаш?
Памтам во тинејџерски години, кога ме лупаше криза дека постојано сум дебела (не дека не бев со 7-8 кг вишок де, ама далеку од дебела), па со мајка ми пробувавме секакви чаеви, детокс сокови и памтам едни апчиња од зелка.
Е, од тие повраќав ко луда (па ваљда и изгубив некое кило, хах) и се свестив дека не сакам веќе тоа.

Не само Слимлајн, јас би ги затворила сите што нудат квази-лекови. Ајде ова е за слабеење, што не дека нема последци, ама овие што нудат „лекови“ за дијабетес, рак, душевни болести, итн. каде очигледно треба лекар и медикаменти? А, знаеме дека постои народ што многу, ама МНОГУ се лаже по „природно“ и баталува терапија пошто Х на У се излечил од варова вода со три капки камилица и стоел бос на сонце 17 минути наутро.

Нема погрдо и поалчно од правење пари на туќа (здравствена) мака.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MajkaMuNaMarko

MajkaMuNaMarko

Староседелец
18 февруари 2020
38
19
1,008
38
Искрено, во овој кош би ги ставила и оние влошкине што лечат ХПВ од Тианде се чинам. Мислам, нели треба да добие Нобелова награда тој што ги измислил ако веќе стварно лечат ХПВ?

Толку многу ме нервираат вакви фејк производи што многу лесно се лаже народот и за жал, се продаваат како алва...
 

efederer

Админ
Член на администрација
2 октомври 2011
156
256
1,063
Сестра ми на времето ги конзумираше Slimline, и тоа испи неколку кутии. Ослабе во тој период доста, ама имаше и тахикардии и други здравствени проблеми кои за жал тогаш не ги поврзувавме со апчињава.

Сега собравме 2+2 и ни е појасно која била причината...
 

kokolo

Нов член
12 јули 2022
11
3
3
42
Има само еден чај со кој може да се слабее. Расте исклучиво на врв на највисоките планини во Македонија. Услов е сам да одиш, пеш , да го набереш. :rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kockakockica@