Енергетскта криза и превисоките сметки за струја

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Освен економската криза што нè зафати и ми се крши срце што луѓе пребројуваат денари пред каса за да купат леб (значи не луксуз, леб!), се заканува и уште една криза, а тоа е недостатокот на електрична енергија баш кога иде зимата.
Никогаш не сум се расфрлала непотребно со пари, ама почнувам повеќе да штедам. Сè порасна нагло, освен платите. Зборувам за минималецот... што се 15-16к? Пола од нив одат на сметки, а другата половина на леб и млеко. Луксуз.

Според МЕПСО се потребни околу 30 милиони евра за да се реши кризава (ко за почеток де), па за натака ќе се видело. Не ми е јасно од каде само веќе ќе се црпат пари? Дното на сиромаштијата е продупчено веќе некое време.

Уверувањата на надлежните дека рестрикции за домаќинствата и помалите бизниси нема да има се мала утеха, со оглед на предупредувањата дека кризата ќе предизвика и ценовен шок. Она што е извесно е дека до Нова година тој нема да се случи, односно цената на струјата нема да се коригира. Но за периодот потоа е неизвесно. Се ќе зависи од капацитетите за домашно производство, за кое предуслов е набавката на јагленот, но и цената по која енергетските компании ќе ги надоместуваат потребните количини на пазарот по 1 јануари.

Не дека е новост, ама од што толку не верувам во збор што ќе се каже од „главните“, навистина се сомневам дали навистина толку не може да се снабдиме и сме во долгови (нели крадевме струја бе?) или само маска да поскапи и струјата (нешто што сме го доживеале и претходно).

Убаво имаше еден твит: Тој што ќе ја напушти државава последен, нема ни да треба да го гаси светлото пошто ќе нема струја.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Еее кога ми се смееја за енергетски независна куќа настрана заштеда од некои 800-1000 евра горишно на таа давачка, тука се и моментите на вакви ситуации кога можеш само да посматраш од далеку со попкорн како се градовите темни како во дитопичен филм, како све е замрзнато и сјебно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Еее кога ми се смееја за енергетски независна куќа настрана заштеда од некои 800-1000 евра горишно на таа давачка, тука се и моментите на вакви ситуации кога можеш само да посматраш од далеку со попкорн како се градовите темни како во дитопичен филм, како све е замрзнато и сјебно.
Еј, го памтам муабетот, ама делуваше многу корисно, не знам зошто некој би се смеел на ова бе. Зар е поубаво кога нас комшиите ни крадеа струја пред години и плаќавме по 200 евра?
Не можело да се докаже после, така си остана, си плаќавме туѓо со години.

In other news, сега па првиот блок на РЕК е исклучен. :rofl
Не може човек ред да им фати веќе што и како се дешава. Не бе, ич не делува плански.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Еј, го памтам муабетот, ама делуваше многу корисно, не знам зошто некој би се смеел на ова бе. Зар е поубаво кога нас комшиите ни крадеа струја пред години и плаќавме по 200 евра?
Не можело да се докаже после, така си остана, си плаќавме туѓо со години.

In other news, сега па првиот блок на РЕК е исклучен. :rofl
Не може човек ред да им фати веќе што и како се дешава. Не бе, ич не делува плански.

И тоа како имаше такви, пази после детално објаснето све, чак и нацртано на А4 со све појединости, па слушав дека сето тоа делувало како барака за социјални случаеви, па немало гаража за кола, немало поткровје и не знам што иако се работеше за феноменален мој проект на самоносечки објект изграден со помош на локалната почва и нешто цемент или гипс зависи од потребата. Нормално не личеше на земјанка пошто надворешни и внатрешни зидови беа со соодветен кнауф и боја и све по ред.
Имав и купено земја колку беше некои 4 декари или така нешто за да изградиме куќа со мојата непрежалена. Пар соларни панели по 150 вати и мала ветерница исто на кров која нема да ремети мир со брмчење ама ќе додава доволно енергија особено ноќно време.
80% од апарати имаат свои 12 волтни верзии а оние кои немаа како машина за прање, тука ќе беше генератор за 2,5 кв кој работи и на црвена нафта која е преефтина па така по потреба имаш "градска струја" кога за тоа има место.

Сега како што гледам, можеби не оваа ама наредниве години ќе има драми со енергетика во Фиром пошто хунзиве запоставиле све, вештачки езера сјебани, рек битола магнет за партиски плакатолепачи, оние од времето на Тито Неготино и Осломеј работеле на мазут, ама и тие којзнае дали воопшто работат.

Во моментов Франција ја држела пола Европа со струја, имале 65 нуклеарни електрани, дур остали градеа ветрењачи овие се наметнаа како енергетски хегемон :frantic
Јас сум прв за зелена опција што планирав и започнав со тоа во реален живот, но овие од државните зелени опции се сериозна превара, затоа започнуваат кризи низ Европа. Germany is French bitch :D
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Кхм...

Па не може да е поочигледно, иако демантираат, наводно за краток прекин се работело.
А едноставно да си се вратиме во камено доба и што?
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Некои луѓе веќе ги добиле сметките за јануари со астрономски суми, додека други велат дека им се горе-долу исти.
Кај нас ќе стигне за некој ден, кај и да е, па ќе видиме. Иако декемвриската беше околу 6000, што не е многу со оглед на тоа што полниме две терма, клима и голем и мал бојлер секој ден.
Порано кога ни краделе комшиите, плаќавме и по 12.000 и на моиве не им чукнало да проверат, ниту пак да поднесат нешто до ЕВН. Бев помала, па стварно не се разбирав во цените на струјата, па да ги потегнам, ама многу ме иритира што се ноншалантни и веднат глава ко тоа е, ќе платиме, мислиш Рокфелерови сме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Кај нас 86м2 со клима беше 4500 во декември а за јануар 6600?! wtf..... ајде беше поладно до некаде ама 2100 разлика за еден месец.......
Во вакви моменти уште повеќе ме боли фактот што не успеав да направам енергетски независна куќа кога имав пари и земја (и вереница) све тоа отиде за лечење и лекови.........штета штета штета.......................а втора шанса нема.
Да се оствареше тоа, а беше сосема на дофат, сите вакви ситуации ќе ги гледавме со насмевка и ќе се шегувавме на сметка на рајата која трпи све и свашта. Ама не........
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Кај нас стигна 6900, што дури и позитивно изненади пошто, ко што спомнав погоре, трошиме доста (ама па и пазиме на евтина да се полнат термата и бојлерите).
Не дека е малку, ама редно беше и нашите сметки да се нормализираат. Секако имаме преплатено т.е. плаќано и туѓа струја пред години.