Државен испит за студенти

Auditore

Староседелец
4 мај 2012
284
272
663
Wherever you want me to be
Сакаш да кажеш дека самиот факт што студираш покажува колкаво ти е нивото на интелегенција?

Воведувањето на државен испит е апсурдно решение за проблем кој е самогенериран од тие што го воведуваат. Доколку (како што се вели) е создаден да генерира кадри со поголемо знаење зошто тогаш не се воведат приемни испити на сите факултети? Дали на тој начин не би можело доволно да се врши контрола на институциите? Презаситеноста од дисперзираните студии и агресивните кампањи за високо образование се дел од еден причинско-последичен јаз. Тоа би било ништо друго туку елиминрање на истите студенти кои претходно беа мотивирани да дојдат да се запишат. Самиот Болоњски ситем овозможува голема флексибилност во изборот на предметите што се изучуваат. Јас имам целосно право да калкулирам со изборот на предмети кои сега ми е органичен поради фиксна програма на државен испит. Самите реформи во системот треба да произлегуваат од самите учесници а не како некој друг од страна што ти ги наметнува. Зошто прво не се наметне прашањето за условите на сите факултети се студира - од амфитеатри, лабаратории, предавални итн. Каде се тука давачките и неунифицираноста на истите, па да мора кој како сака да наметнува цени? Да одам понатаму на студенски домови, социјални олеснувања, административни давачки?
Друг проблем, кршењето на автономијата. Ако на некому му веруваш во интегритетот кој го поседува и способноста да антиципира во процесот на едукација како независна институција - зошто го негираш истото преку наметнување на нешто што не е продукт на слободно работење? Зошто тогаш се полагаат колоквиуми/испити и зошто воопшто професорите впишуваат оценки? Да ја занемариме нивната деградација тогаш и ќе полагаме само државни испити, нема потреба да се малтретираме во меѓувреме.
Понатаму, тотална дивергенција на различни наставни програми во факултетите и универзитети ќе бидат сведени на еден ист тест. Јас до сега не сретнав ниту една слична програма на овие две што ги изучувам дури ни на дисперзираните, а уште помалку на друг универзитет. А да не зборуваме за тестирање на оние ,,специфични" струки - драмски,музички,графички итн.
Најтривијален изговор е оној поради начин на работење на професорите. Да, секаде има искомплексирани професори асистенти итн. На сите факултети. Подмитувања имало, има и секогаш ќе има. И тоа нема никаква допирна точка со стекнатото знаење по тој предмет. Која е гаранцијата дека тој истиот нема да го направи истото и со државниот испит? Од друга страна, воведувањето на овој испит ќе овозможи прогрес на тоталитарноста која владее кај нас и поголема контрола врз кадрите во факултетите, ништо повеќе - Кадија те тужи, кадија те суди.
Јас одговорно кажувам дека утре да ми речат да полагам - без проблем ќе полагам. И на економски и на филозофски. Но знаеш, рационалноста го убива егоизмот. Не ми е важно дали јас ќе поминам друг не колку што ми е битно ни помалку ни повеќе, одземањето на право на избор спакуван како ,,реформа" која ниту малку не е производ од тоа што се случува во нашето образование.
Yes of course, I totally agree with you.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Масовно а? Моја проценка околу 4000, браво. Педерските портали го направија партиски протестов, ама нека се сексаат од позади, продадени души.

Уште да беа студентиве вака сложни за протестите за убиството во Ѓорче и Смилковско езеро, супер ќе беше. Ама добро. :)
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Читам по интернетов и со нога ми иде да се крстам.
http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=56031
Не се нормални значи! (facepalm)
Не знам што е потрагично. Дали што на таков ретардиран начин се надеваат дека ќе наведат некој да си помисли „Еј, па невалидни се протестиве штом така, сакаат студентиве екстерно“ или фактот што со ова јасно признаваат дека, доколку би било вистина, сме овца народ што не знае да крене глас за свое добро, туку програмирано прати наредби. Не можам, еве се презноив од нервоза.

Ова се 2-3000?
10846026_10205401677351949_6129915957781619358_n.jpg

Очигледно бројачиве не чекале на студентски прашања, каде во едвај 20ина метри квадратни можеш да изброиш по 100 студенти.
Срамота.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Читам по интернетов и со нога ми иде да се крстам.
http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=56031
Не се нормални значи! (facepalm)
Не знам што е потрагично. Дали што на таков ретардиран начин се надеваат дека ќе наведат некој да си помисли „Еј, па невалидни се протестиве штом така, сакаат студентиве екстерно“ или фактот што со ова јасно признаваат дека, доколку би било вистина, сме овца народ што не знае да крене глас за свое добро, туку програмирано прати наредби. Не можам, еве се презноив од нервоза.

Ова се 2-3000?
10846026_10205401677351949_6129915957781619358_n.jpg

Очигледно бројачиве не чекале на студентски прашања, каде во едвај 20ина метри квадратни можеш да изброиш по 100 студенти.
Срамота.
4350 беа точно, јас ги броев од автобус. :)

Мене ми изгледаа околу 4000 признавам, ама по сликава повеќе ќе да се. :)
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
4350 беа точно, јас ги броев од автобус. :)

Мене ми изгледаа околу 4000 признавам, ама по сликава повеќе ќе да се. :)
Ма, и толку да се. Не знам, овие што биле пишуваат дека биле бар околу 7.000, сигурно никој не застанал да ги брои, ама моментот што иритира е позадината која ја наметнуваат и начинот на кој се обидуваат да го деградираат студентот, па и деген да го направат.
Требало минимум 70.000 за успешност...иии! А средношколциве што не можат од школо да мрднат од закани и овие од други градови или од ред причини што не можеле да присуствуваат, не се важи. :mad:
 

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Браво !!! @Jackal секоја чест на организацијата пленумци одржавте предавање на демократија и солидарност а воедно и за првпат јавно и гласно го кренавте гласот. Имаше подршка од секоја категорија на граѓани.
B4fx6LYCAAAn6nw.jpgB4f3MLaIQAA6nj_.jpg B4fqDsRCAAAizN5.jpg
 

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Денеска за прв пат се почувстува како горд студент во Македонија!!!! Конечно некој дa се свестит и да прекине со молчењето. Прво рекоа дека ќе биде екстерно па излеговме на протест. После протестот рекоа дека ќе биде државен испит и тој ќе го полагале сите новозапишани студенти. Со тоа мислеа дека македончето како и секогаш ќе помисли па ова мене не ме засега за тоа нека се замараат идните генерации. Ама не, ние денеска излеговме во уште поголем број.Имаше убави поздрави до курир и до слични такви страници.:D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and Outrider