Дојран

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Дојран (друго име Полин, Поленин, Полјанин, варијанти Дорјан, Догрјан, Дојрани) е историски град во југоисточниот дел на Република Македонија на брегот на Дојранското Езеро, којшто бил разурнат во Првата светска војна кога броел дури 18 000 жители. Денес името Дојран го носаат три населби разместени околу Дојранското Езеро :
градот Стар Дојран (800 жители), центар на Општина Дојран во Република Македонија на местото на стариот град,
градот Нов Дојран (1200 жители) во Република Македонија на 5 километри на север од стариот град,
селото Дојран (183 жители) во Егејска Македонија на јужниот брег на Дојранското Езеро на местото на старата Дојранска железничка станица.
Сместувачки капацитети во Дојран има избор од хотели, приватно сместување, одмаралишта па и еден автокамп.

Легенда за Дојранското Езеро

Прва легенда:
Во градот имало една убава мома што се викала Дојрана. Таа била заљубена во овчарчето Лабин. Еден неделничен ден на сред град се виело оро каде биле собрани сите моми и ергени. Тука била и Дојрана со Лабин. Во тој момент доаѓа Џемо арамбашата, кој откако ја здогледал убавата Дојрана, ја грабнува, а Лабина тешко го ранува со сабјата. Дојрана од големата лутина и омраза кон Џемо скокнала од коњот на Џемо и се стрчала накај Лабин. Иако ранет, таа успева да го довлечка до езерските води и за да не бидат заробени од Џемо, се дават во езерото. Од тој трагичен настан, езерото според легендата се нарекува по името на Дојрана, Дојранско Езеро, а градот го добил името Дојран.
Според горезапишаната легенда и големиот македонски композитор Трајко Прокопиев го напишал балетот “Лабин и Дојрана”. Овој балет за прв пат е изведен во сезоната 1957/58 година.

Втора легенда:
Во градот Полин имало една многу убава девојка што се викала Дојрана. Била висока црноока, со витка става. Дојрана со своите другарки секоја вечер доаѓала на чешмата која се наоѓала во пространата долина источно од градот. Една вечер кога Дојрана отишла по вода со своите другарки, кај чешмата дошол и нејзиниот мерак, убавиот Лабин. Додека Дојрана и Лабин си збореле за нивните љубовни чувства, другарките на Дојрана ги наполниле бардињата и ѓумовите со ладна вода и тргнале накај дома. Дојрана и Лабин останале сами. Се задржале подолго време. Кога увиделе дека другарките си заминале и ја оставиле сама, многу се збунила па затоа на брзина ги наполнила со вода своите бардиња и побрзала да ги стигне другарките. Било ноќ и, и било страв да си оди оди дома сама. Во тоа брзање да ги стигне своите другарки ја заборавила чешмата отворена. Големата количина вода од чешмата течела цела ноќ па другиот ден народот со чудење гледал дека целата долина е исполнета со вода и наместо убаво тревно поле, настанало езеро. Бидејки Полјанци дознале дека Дојрана ја заборавила чешмата да тече цела ноќ, односно таа е виновникот што настанало езерото, по нејзиното име го нарекле Дојранско Езеро, а градот го нарекле исто така по нејзиното име Дојран.

Дојранското Езеро е најмалото тектонско езеро во Република Македонија. Се наоѓа во нејзиниот југоисточен дел, заземајќи површина од 43,1 км². Западниот, поголемиот дел (27,3 км²) и припаѓа на Република Македонија а источниот, помалиот (15,8 км²) на Грција. На север басенот на езерото е заграден со Беласица и Боска Планина. На запад се планините Дуб и Кара Балија, а на исток Круша. На југ е отворен по долината на реката Ѓолаја кон Солунското Поле.

Дали и колку пати имате одено во Дојран?
Каков впечаток ви оставил?
Што ви се допаѓа, а што не во Дојран?

Dojran1.JPGDojran3.JPGdojran7-8-10.jpggetImageThumbnail.jpg
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Јас никогаш не сум бил таму, ама луѓе многу ми се жалат наместо лековита водата- се исфрлале...:eek
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Абе јес да е лековита, ако добро се сеќавам лани или полани, немаше игла кај да падне внатре, влегува кој ќе стигне и нормално многу луѓе кога има може да се нафрлиш од нешто, ништо чудно.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Пешачка патека во должина од 2.650 метри и во вредност од 54,3 милиони денари денес во Дојран пушти во употреба премиерот Груевски.
pateka.jpg-500.jpg

Предизвикот за развој и афирмација на Дојран како туристичка дестинација, истакна премиерот во своето обраќање, стои пред сите нас. За таа цел, рече тој, треба да приодонесат сите, како Владата така и општината, градоначалникот, бизнис секторот, како и жителите на Дојран.
Владата во изминатите неколку години заедно со градоначалникот Чабулев реализираше повеќе проекти меѓу кои и изградбата на оваа патека.
- Издвоивме околу 53 милиони денари, затоа што знаевме дека овој проект ќе биде доста значаен за Дојран. Како резултат на таа инвестиција пред нас се протега пешачка патека во должина од околу три километри и ширина од 6,5 метри, изјави премиерот.
Паралелно со пешачката патека изградена е и велосипедска патека, а по целата должина на патеката има жардињери, поставени се канделабри и друг вид урбана опрема. Патеката го поврзува центарот на Дојран, населбата Сретеново, кампот „Партизан“, населбата „Стара Мрдаја“, полицискиот камп, одмаралиштето „Пелагонија“ се до границата со нашиот јужен сосед.
Искористеноста на патеката според премиерот, ќе биде од особено значење како за плажите и камповите кои ги поврзува, така и за рестораните, сместувачките капацитети и останати бизниси во нејзина близина.
Премиерот најави дека во еден од најновите проекти на Владата од областа на туризмот чија реализација ќе биде преку Министерството за транспорт и врски е планирана изградба на мали пристаништа на Охридското, Преспанското, Дојранското и на Мавровското Езеро.
- Целта на овој проект е дополнителна промоција на атрактивните тутристички места во земјата и подобрување на условите во внатрешната пловидба на езерата. Овој проект ќе донесе дополнителна атрактивност и во Дојран, рече премиерот.
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески најави дека овој месец ќе има објава за 12 нови плажи на Дојранското Езеро. Меѓу другото, тој посочи дека пешачки патеки од овој вид ќе бидат направени и околу Беровското и Велешкото Езеро.
Премиерот Никола Груевски истакна дека објавувањето на оглас за концесионирање на стопански риболов на Дојранското Езеро за домашни и странски компании ќе придонесе за развој на овој значаен сегмент.
- Се надевам дека постапката за месец - два ќе заврши, рече премиерот.
Огласот за концесионирање на Дојранското Езеро е објавен на 14 март.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheKitten and mAcIkA

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Дојранчани, се што се прави во Дојран, го викаат ,,проектот,,.
Дојранско се наполни благодарение на две помали рекички кои беа усмерени кон него.
Сега уште да не исцицаат од другата страна...

Инаку, гледам се повеќе луѓе одат последниве 2-3 години, што е за пофалба. Пред 5 години, жив човек немаше отидено.
 

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
Сум била као помала, не е лошо али повеке ми е као за возрасни луѓе, за пензионери.
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Дојран само за викенд, нема многу места за шетање.
Во Дојран летно време одеме за викенд, многу ни е блиску. Убава скара има на тоа пазарчето само не ми текнува како беше името. :D По пат фатеме и во Струмица па таму си прошетаме.
А водата е многу топла, нема да сакате да излезете. :D