Дали сте задоволни од понудената програма на македонските телевизии?

Barbika77

Нов член
31 октомври 2012
17
8
3
Воопшто не сум задоволна!Пуштам телевизорот,се турски серии,и да сакаш и да неќеш ќе ги гледаш!Ај порано бар имаше и хрватски серии,па и тие ги укинаа...А па оние со точките на чело кога ќе ги видам ми се темни! Што се однесува до домашното продуцирање па секако би влијаело позитивно.Ја не памтам во последно време кога сум гледала вака некоја домашна интересна емисија,серија и сл.Единствено што има по теливизијава се турски и индиски серии и плитички емисии..
 

Largo

Полноправен Член
15 јануари 2013
90
97
18
НЕ....од најопшта причина што нема што да те задоволи.Од што? Индиски,турски,шпански серии?
Разбирам дека македонските медиуми неможат да глумат HBO и да ги купуваат филмовите од минатата година, разбирам дека се ограничени ама ова не личи веќе на ништо.
Додека сите тие на запад ги укинуваат ние собираме скеакво ѓубре.Немаме никакви сопствени идеи,нема креативност,иновативност...меѓу другото катасрофална синхронизација(па човече кога веќе синхронозираш малку внимавај не оди тоа така)...катасрофа со други зборови
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Не, не сум.
Не можам да бидам.
Не смее и никој да биде.
Нема ни 10% документарни емисии во програмата.
А и ако пуштат некоја, таа датира од 1999 година.
Жално.
Турските серии преовладуваат. Плус ги сихронизираат. Сихронизацијата е ужасна. Да ти се згади од неа + лошиот квалитет на сериите.
Вестите се „под“ окупација од власта или опозицијата - што значи реална слика не можеш да добиеш.
Сума сумарус... подобро да пуштам Vh1 и да слушам музика него да вртам на македонските канали.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Viktor k

mountian

Полноправен Член
30 јануари 2013
56
29
18
Погледнете колку забавни емисии има,како живеат а кај од турски серии и една две емисии јади бурек,и онаа со игор катастрофален промашај не можеме очите да си ги измиеме од што гледаме....Не знаат да финансираат некоја ваква емисија,сериски филм или некој проект како што треба.Не знаат да направат некоја ваква емисија.Ги имаше едно време Опуштено со Тони или Жаре бербер и тие се исклучија очигледно нема профит од државава, катастрофа.




 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Не сум воопшто задоволен! Во 90 години имаше златна ера македноска продукција тв серии , документарни , квизови , шоу програми , а се тоа предводено од златна генерација на актери , режисери и сценаристи. Некако се држеше борбата до затварањето на А1 сепак сеуште имаше доволно квизови и некаква македноска продукција. Што се случи потоа? Навалница на турско - индиски срања кои најмногу се присутни на Канал 5 и Сител. За сметка на нив беа потиснати до максимум македонските проекти пример Код кој доби еден несоодветен термин. Секоја чест за Телма и Алфа пред се кој целеа на другата публика па нудат американски серии , доста документарни и едукативни емисии. Сега гледам МТВ се обидува да направи нешто но пак нивната неодговорност пред се кон тоа што си ги менуват термините како и кога сакаат е нешто што оди на нерви. Воведоа нови емисии , квизови ,но исклучија една од подобрите дебатни емисии “Ако е“ со Чомовски и секако она што никако неможам да го разберам упорното настојување на новокомпонираните Македнски народни приказни кои без Колозов не се тоа што беа , а тука е и најавата за новиот серијал “ Тврдокорни“ да не кобам ама мислам дека и од него нема да биде ништо . Секако пак проблем се термините и окупацијата од турците и да сумирам може подобро и може повеќе само незнам зошто некој сака да затупуваме?
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Сител по не знам кој пат го емитува филмот Чарлиевите Ангели, дај нека купат некои други филмови или некоја саглам серија.
Сите дома седат и чекаат сериите и им водат ред на ликовите, малите деца знаат само за Аси и таму не знам кои, јас кога бев помала знаев за бушава азбука, Големи и мали, во светот на бајките... Луѓето наместо да напредуваат и да учат нови работи тие со сериите не можат да помрднат и да размислуваат за нешто друго освен за кој што направил во сериите. жално е
 

Foxboro

Староседелец
16 јуни 2012
716
1,479
693
Pripyat, Ukraine
ја се ивињавам ама ХАХААХАХАХАХАХАХАА:rofl:roflХААХААХАХАХАХАХАХААХАХАХ:roflХААХАХХАААХАХАХААХАХ.....знам станувам досаден....АХАХАХАХАХАХАХААХАА (уф ќе се загушев) ахаххаахах .....мсилам доволно е :)
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Македонски телевизии...мислиш Турски телевизии...ја овде не глеам ништо македонско!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Порано може ќе се најдеше по некоја добра серија како CSI, Два и пол мажи, Фрејзер, Саут Парк, Видовитиот...
Сега насекаде турски серии и глупи квизови со уште поглупи водители.
Едно време почнаа по полноќ да го даваат Видовитиот и по него Криминални умови на Сител. Ај што немаше врска редоследот, еден ден 3та епизода од 7ма сезона, друг ден 1ва епизода 2ра сезона, па и почнаа да ги даваат до пола за на крај сосем да престанат да ги емитуваат, и ги заменија со Како беше текстот и Талент со Вучиќ. Филм ако решат да дадат ќе дадат некој од 73та, па и ќе го утепаат од давање.
Демек МТВ ќе беше нешто поразлична, ама не се одвојува нешто посебно од другиве освен што фала богу нема турски серии.
А за вести да не правиме муабет, на една се самоубил од долгови, на друга Бранко го бутнал, на трета Грујо го бутнал. Ако не се политички пиунчиња, тогаш се еднолични и досадни.
Срања во боја.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BlackTulip