Дали одите во теретана?

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Пред 15 години одев со другар ама чисто како друштво, никогаш немам вежбано. И седев така на страна си пиев сок или нешто, и гледам сите што вежбаа после една серија одма пред огледало ко демек си мислиш готово најјак станал. Одевме повеќе од месец дена, можеби два месеца беа, и мислам дека уште ми мирисаат тие алишта на тој убав мирис.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Сакам да продолжам сега, ама малце ми е незгодно кога ќе ми текне дека порано не ги одржуваа баш справите и сме чепкале и седеле на секаква пот. Ова зборам за пред 5-6 години, кога последно вежбав во фитнес центар, сега се надевам е сменето, што ради ковидов, што чисто пошто им светнале две чисти.
 

bluebell

Истакнат Член
12 јануари 2022
73
23
108
27
Јас одам во теретана веќе еден месец. Супер се чувствувам после вежбањето, само со храната се опуштив за празниците. Овие денови се придржувам до начинот на исхрана кој ми го направи фитнес-инструкторот. За резултати ќе кажам по некое време.