Гласање по свое убедување или од економски причини?

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Дали македонскиот народ гласа за општо или за свое добро?

  • За доброто на сите

  • Само за свое добро


Резултатите се видливи откако ќе гласате.

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Често читаме и слушаме политички препукувања за тоа која партија е подобра, која повеќе се грижи за граѓаните, кој бил поголем лопов и лажов, кој носел ореол, итн. Верувам дека нема еден од нас што не западнал во политички-настроен муабет не по своја волја и верувам дека мнозинството сме биле убедувани да „бираме помало зло“ и ни се нуделе одредени привилегии покрај тоа помало зло.
Бидејќи сум израсната од самохрана мајка, до недоглед се бројат понудите од одредени соседи кои ни висеа на врата пред кампањи, со ветувања дека ќе ѝ најдат подобро работно место, а ќе се обезбеди нешто и за мене (имав 6-7 години кога почнаа, важи :zelen ).
Уште тогаш во мене се разви некаква одбивност кон македонската политичка сцена (иако не ни знаев што всушност е тоа, освен што редовно гласав покрај Стојан Андов кога баба ми гледаше Собраниски), а веќе како почнав повеќе да разбирам, сфатив и дека сосема сум била во право, па дури и дека е полошо од досадните тетки и чичковци што на секој чекор гледаа на поранливи категории ко поени за својот политички миленик. Среќна сум што не потклекнавме.
Но, ова е само мое мислење. Сакам да прочитам и други.
Се среќаваме со огромен излив на емоции и патриотизам по социјалниве мрежи, па можеби истото е и од љубов? Знам и за луѓе кои се носталгичари и им пречи ако дома се смени омилената чаша, а не цело државно уредување.
Но, знам и за луѓе кои ко сончогледи се вртат по партијата која е на власт, па на секое ваѓаат и палат партиски книшки театрално.
На крај остануваме со наједноставното прашање - Што е она што го тера Македонецот да излезе на гласање?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Хунзата е политичка дроља, машко или женско и хермафродит нема разлика. Све се сведува на тоа колку корист лично може гласачот да има од пополнувањето на гласачко лифче.

Јас не можам да кажам нешто повеќе пошто неам гласано во животот и не планирам таа традиција да ја менувам допрва, ако не ме прелагаа дур бев млад и зелен, за мене је веч касноооооооо
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Proton

Староседелец
12 февруари 2012
148
279
1,063
Скопје
На крај остануваме со наједноставното прашање - Што е она што го тера Македонецот да излезе на гласање?
Личниот интерес за богатење со малку работа и труд.
Сите што трчаат за партија, трчаат со надеж дека еден ден ќе успеат да се докопаат за позиција која ќе им овозможи да се нафатираат за кратко време, а за цел живот.
Оние кои успеале да створат нешто со макотрпна работа и труд сѐ помалку ќе се појавуваат на гласачките места. Последните парламентарни избори се најдобар показател за тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Личниот интерес за богатење со малку работа и труд.
Сите што трчаат за партија, трчаат со надеж дека еден ден ќе успеат да се докопаат за позиција која ќе им овозможи да се нафатираат за кратко време, а за цел живот.
Оние кои успеале да створат нешто со макотрпна работа и труд сѐ помалку ќе се појавуваат на гласачките места. Последните парламентарни избори се најдобар показател за тоа.
Мислам дека ова го имам спомнато некаде низ форумов, ама баш кога одев на пракса по училишта, со другарка после еден час седнавме во кафаната на еден роднина каде доста административци си го минуваа работното време, па се погоди еден чича чија жена беше директорка на скопска гимназија.
Правевме рандом муабети, а-у, па вие многу паметни деца сте биле, за вас треба веднаш работа, знаете жена ми ова она, него ајде дипломирајте вие, па да ви извадиме книшка и одма имате работа.
Некогаш сакам да му се заблагодарам пошто оттогаш почнав да си го вреднувам трудот и знаењето многу повеќе. Да, нема да лажам, многу ми е криво што партиски лигуши земаат тројно повеќе од мене, а не работат ништо, но барем утре нема да се срамам по бел свет како сум изградила импресивно ЦВ на високи позиции, а не знам да склопам основна, а писмена реченица.
Поткуп со наполитанки, сендвичи, упаљачи и празни ветувања за работно место за кое треба да се тресам при секоја промена на власта. Бљак.
Неспособни влечат неспособни за нос. Жално е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Џабе се прави муабет за вакви теми бидејќи никогаш нема да се промени ништо, малку се тие што размислуваат со своја глава и секогаш тие ќе бидат луди а другиве паметни. Џабе нервозата само. Буквално истите зборови се кажуваат пред секои избори, нема да има партиско вработување туку секој по заслуга и после избори ќе ти стават директор некој неписмењак затоа што тој донел дрва за да се греат во штаб а ти не си донел, кој ти е крив што си учел. Еве сега за локални пак ќе е исто по општините, ти му викаш немаме канализација, после секој дожд со кофи исфрламе вода ко во 15ти век тој ти вика нема проблем тоа ќе биде средено, и после тоа не го гледаш 4 години, кој те е*е научи да пливаш за да излезеш од дома. А сега па и не смееш вака многу многу да се опуштат, одма те сечат во корен, кој си ти да мислиш со своја глава, има кој да мисли за тебе. Еднаш се заебав што гласав нормално, секој пат им цртав на тоа ливчињата, така да ќе си се вратам на тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Еве читав во Америка гласале за Трамп (а и нашиве IQ15468 веруваат во тоа) пошто ако добиел уште еден мандат, ќе ја сотрел короната, додека Бајден ќе помогнел да бидеме чипирани. Исто така, се верува дека Трамп конечно ќе го спаси светот од демократските рептили, како и кралицата на Англија (мислам, кои се шансите 94 годишна жена да почине наредниве 4 години, не?), која е европскиот рептил, а потоа ќе го продолжи аманетот на пресвети Хитлер и ќе ја направи Америка (а потоа и светот) безбедно и прекрасно место за најугнетуваната бела раса.
Ко што гледаме, тука има гласање од повеќе логични, но пред сè, лични причини, па така околу 47% (последно што проверив) од Америте, ја оставиле својата судбина во рацете на овој господин.