Вештачка интелигенција

Мирче_мкД

Истакнат Член
25 јуни 2012
173
121
343
30
Вештачката интелигенција (ВИ) е претежно нова научна област и нејзините почетоци датираат од средината на минатиот век т.е 1950 година. Самата насока иако е нова е бајаги обемна и има многу шо да се пишува за неа. Ќе пробам да опфатам шо е можно повеќе и со ред.

Прво треба да дефинираме што е тоа интелигенција. Јасно утврдена дефиниција нема и неможе да има, па затоа постојат повеќе објаснувања кои се надополнуваат и сите се во одредена мера точни.
Значи интелигенција е поим со кој се објаснува работата на умот и го искажува неговиот квалитет. Интелигенцијата ја сочинуваат повеќе способности за памтење, планирање, решавање проблеми од ново настаната ситуација, кореспондирање и слично.

Според истражувачите на прашањето за интелигенција кај луѓето постојат не една ами осум видови на интелигенција. Тоа се следниве :

  1. јазично – говорничка интелигенција
  2. логичко – математичка интелигенција
  3. просторно – ориентациона интелигенција
  4. музичко – звучна интелигенција
  5. телесно – движечка интелигенција
  6. интер – персонална интелигенција
  7. интра – персонална интелигенција
  8. класификационо – споредбена интелигенција
Очигледно, може да се издвојат и уште многу други видови на интелигенција, бидејќи како шо кажавме таа е збир од голем број на различни способности.
Е сега, можеме да преминеме на тоа шо би требало да означува ВИ. Пребарувајќи, најдов неколку дефиниции:

1. Вештачката интелигенција е наука што се занимава со изучување на менталните способности низ призмата на компјутерските модели.

2. ВИ е дел од информатиката што се однесува на создавањето интелигентни компјутерски системи т.е системи што прикажуваат такви својства што се поистоветуваат со човечката интелигенција, какви што се на пример, разбирањето јазици, учењето, расудувањето, решавање проблеми ит.н.

3. ВИ е низа техники што произведуваат изобилство на мудри размислувања и се обидуваат да ги дуплицираат менталните способности на обичниот човек.

Значи од почетокот до денес на ова поле има постигнато многу и иако се креирани повеќе машини, способни да завршат одредена задача многу подобро од човекот сеуште не можеме да кажаме дека станува збор за вештачка интелигенција. Делумно да, но сепак не е тоа крајната замисла. Тоа е така бидејќи овие сметачи или програми се со однапред дадени иструкции, напишани алгоритми со наредби за тоа какви да бидат нивните акции.

Крајната замисла би била да се направи таков систем, робот кој ќе може самиот да учи од грешките, да одлучува за досега непознат проблем за него и да има сопствени размислувања, ставови, емоции, свест... Е дури сега звучи малку како научна фантастика нели :) .

cyborg.jpg

За некои истражувачи ваквата идеја е скептична, неостварлива. Еве како тие го објаснуваат тоа.

"За човекот е вообичаенo лесно да гледа и зборува, а за сметачот да помножи два стоцифрени броја. Но, за да "види" една најелементарна слика, на сметачот му се неопходни милиони множења. Мозокот и сметачите се направени од различни компоненти, со различни својства, па поистоветувањето на нивните способности во старт паѓа. "

Да, ова донекаде е точно, ама само кога би се користеле механични делови. Но што би можело да се случи кога би се споиле биологијата и технологијата (биотехнологија). Науката оди толку напред што веќе одредени кругови на научници од универзитетот во Мичиген тврдат дека создале сложени компјутерски програми т.е дигитални организми. Овие организми имале сопствена вештачки креирана ДНК и способност кон мутација и стекнување вештачки разум за нови својства и способности. Овој проект е сеуште во фаза на развој и нема некои поконкретни резултати.

Според мене идејата за креирање на вештачка интелигенција е возможна само со изнаоѓање на начин за успешно вкрстување на неврони и чипови за обработка на сложени податоци. Сепак се прашувам дали потоа тоа би бил робот или практично супер усовршен киборг.
Подобро за запрам тука и да оставам простор за други мислења.

Дали според вас ваквата идеја е достижна и што е уште поважно, што понатаму. Дали оваа вештачко креирана форма на интелигенција може да ги надмине и човековите можности и да стана свесна дека може да функционира независно по нејзина желба. Дали е изводливо сценарио од научно-фантастичните филмови каде креацијата се свртува против креаторот ?
Еве овде имате некои основни податоци во врска со оваа тема и нешто за историјата на ВИ. Текстот е 6-7 страници и вреди да се прочита за оние кои ги интересира. Некои извадоци ќе ги сретнете и во оваа тема.
Код:
http://www.ii.edu.mk/predmeti/VestackaInteligencija/Predavanja/AI%20I%20cas.pdf
забелешка: имав некои проблеми со фонтот. Текстот не е копиран, само делот на цитатите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The_countess