Јеховини Сведоци

coaxial01

Нов член
3 ноември 2013
4
0
1
127.0.0.1
Ова е моја прва тема , Јеховини сведоци , луѓето што одат по врати и те убедуваат.
(Јас не се декларирам ниту како атеист,ниту како христијанин итн.)
Јеховини сведоци се меѓународна организација која се залага за отфрлање на законите на модерното христијанство како што било кога било започнато.
Јеховини сведоци се меѓународна религиозна организација која го отфрла модерното христијанство во полза на она кое се проповедало во текот на првиот век. Тие се водат според сфаќањето на пишаните закони и принципи врз основа на упатства примани од Водечкото тело на Јеховините сведоци. „Watch Tower Bible and Tract Society of New York“ е легална организација на Јеховините сведоци што ја користат за религиозна работа.
Религијата се развила како одговор на она што го виделе како компромис и корупција во општото христијанство. Не ги признаваат Светото тројство, пеколниот оган, бесмртноста на душата и свештенството како важечки додатоци на изворното христијанско учење. Името „Јеховини сведоци“ е земено од Исаија 43:10 во 1931 година. Горенаведената организација издава религиозни материјали од крајот на 19 век; најпознати се списанијата „Стражарска кула“ и „Разбудете се!“.
220px-Jehova_witnesses_in_Lvov.jpg
Во 2011 имале околу 19,37 милиони луѓе што редовно или повремено ги посетуваат нивните собири. Сепак, како членови ги вбројуваат само оние што се јавуваат како објавители секој месец. За 2011 службена година, (од септември 2010 до август 2011) најголем број на објавители бил 7.659.019.
Главната тема на нивното учење е прославување на Божјето име и оправдување на Неговиот суверенитет, преку Неговото царство, со Исус Христос како негов владетел. Сведоците веруваат дека владеењето на Исус започнало со Второто доаѓање или присуство на Спасителот, што било означено како пророштво на крајот на „Времињата на паганите“. Веруваат дека ова се случило невидливо во 1914 година.
Други учења на Сведоците ја вклучуваат употребата на еврејското Господово име, Јехова (илиЈахве) коешто се сретнува повеќе од 7 000 пати во изворните библиски списи, обично преведено како „ЈХВХ“ или Јахве и верувањето дека употребата на неговото име и познавањето на неговото име е важен дел од обожувањето. Веруваат дека смртта на Исус била неопходна за исправањето на гревот направен од првиот човек, Адам, отворајќи го патот на надежта за вечен живот на човечкиот род. Исто така дел од нивното учење е дека 144 000 луѓе ќе добијат живот на небото како совладетели со Исус Христос, кои ќе го водат остатокот од човештвото до совршеност на рајска Земја за време на илјадагодишното владеење. Јеховините сведоци веруваат дека за време на Армагедон, којшто треба да се случи во блиска иднина, грешните ќе бидат уништени, а преживеаните, покрај милионите што ќе бидат воскреснати, ќе оформат ново општество над кое ќе владее небесна влада, со Спасителот Исус Христос како Цар. Така човештвото ќе има можност да живее вечно во земен рај - можност, бидејќи сѐ зависи од нивните дејствија по воскреснувањето.
Во Македонија првите припадници на оваа религиска група се појавиле во Струмица во 1938 година, под влијание на словенечкиот брачен пар Тучек, кој престојувал таму, а првата заедница на Јеховините сведоци била формирана во селото Вељуса, Струмичко во 1957 година.[1]
Извор:Wikipedia
Е сега , што мислите за нив, за луѓето што тропаат рандом по врати?
:D
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Кој ги кеца што сакаф нека праиф, ми ги викамо суботари, а неамо појма зшто, ваљда у суботу се собираф по тија чуди куќе
видеја сам Јеховни сфедоци. праефа тој такфо како молитфу, ѕикасмо ги од прозор, блиско до Кочо Рацин школу имасфа куќу
Да бе а и збореше се муабет, доваѓаф на врата и продааф књиге, ако не купиш, ке рипаш од зграду.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Јас имам слушнато дека најголем шок за еден јеховаш бил ако некој навистина ги прими во куќа, криза на идентитет го мавало ...и тие работи.

Од друга страна јеховашите многу повеќе се придржуваат до објавата божја - светото писмо отколку традиционалните рисјани.
Адвентистите исто...

Да бе а и збореше се муабет, доваѓаф на врата и продааф књиге, ако не купиш, ке рипаш од зграду,жимикур
упс мораше : )

Не продаваат книги, ги подаруваат, без пари демек како Исус и апостолите шо праеле.
Делат некакви сликовници со религиозни теми во нив, чудни цртежи со џиш бои на кои Исус делува како ласт екшн хироу...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 84 sk_Y ^_-

коста

Истакнат Член
21 мај 2013
145
61
328
35
а за кого сведочат овие сведоци уствари стварно не ми е јасно ете пред неколку дена дојдоа кај мене и ги набркав ехехехехехе
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Омилените мои.
Уште го чекам денот кога ќе ме снема. Така ѝ рекле некои на мајка ми кога животот ми висел на конец...требала да се обрати кон вистинската сила за да преживеам. Што знам, веројатно потајно се придружила, па сега им стојам запишана во книгата на бесмртните дури не се решат да ме подзабришат.
Искрено, иако знам да почитувам религии, немам ни грам почит кон ваквите движења што проповедаат на таков прост начин, чиниш рекламираат умрен коњ на рипит. Моите дома не се замараат со мојата (не)религиозност, некој на врата со флаер ќе ми го промени животот демек...

Инаку корените им се уште од 1870та некаде, но често го менувале името зашто биле мала организација која брзо ја разоткривале, па ги растерувале поради тоа што ги сметале за богохулници. Исто така немаат навика ниту празници да слават, макар тоа биле и државни празници или родендени, нели, пагански е.
Благо кажано - булшит. Тие книжињата им се пресмешни. Абе то светлини, градини...дајте ми на живот такви, кога ќе умрам се знае какви 2 метра ме чекаат.
Ако не сте се запознале со проповедите (среќни сте), имаат и веб страна.
 

coaxial01

Нов член
3 ноември 2013
4
0
1
127.0.0.1
Имам чуено за нив дека не идат ни на погреби на своите блиски-најблиски , не идат ни у црква (дека се базирани на христијанство),како што кажа Electra.
Само ја шират таа WTF религија.
И да , религија не се проповеда со флаер/каталогче.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Сепак не заборавајте дека јеховашите и адвентистите многу повеќе се придржуваат до библијата отколку мафтачите со вапцани јајца и лопатарите од МПЦ.
Дури веруваат во тоа дека секс пред брак е грев и се воздржуваат (барем така тврдат, no way to verify this one)
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Не се ништо подолу ни погоре од православните христијани...барем адвентистите...за Јеховините сведоци не знам многу ама знам за адвентистите...
Се водат стриктно по новиот завет...и мислам дека се поголеми верници од нас православните...не се чалам кога постат не одат во црква за Велигден ради реда или оти таков бил адетот, туку навистина веруваат во Бога и ништо не прават зашто така останало од стари...
Имам пријателка адвентист и можам да кажам дека почиста душа не сум сретнала....секогаш спремна да помогне, се моли редовно, и за да побара нешто од Бога нои за да се заблагодари, пости и не се фали дека пости па да порача пица со морски плодови, премногу е скромна и во облека и во однос на пари и на храна, секоја сабота се собираат во нивната црква се молат, му идат проповедници од секаде итн...едноставно го слават Бога...а јас не гледам тука апсолутно ништо лошо...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider