Помош за проектни задачи/состави/писмени

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Дечки потребна ми е ваша помош. На интернет го барам делото Пиреј од Петре М. Андреевски, знам дека го има во библиотека но немам време да го читам а и плус има 300 страни за читање. Ми треба да знам на кратко за што се работи и кои се главните ликови. Ве молам кој знае нека напише на кратко ако не го мрзи навистина ми треба за полагање. Не можам да го најдам на нет.
Фала однапред на сите.


Знам дека главната порака беше дека македонскиот народ е како пиреј - и покрај сите мачења и малтретирања , сите несреќи и трагедии ( дека сите децата им умираат а Јон , мажот на Велика заминува во војска цело време ја тепа итн итн.) продолжува да живее и да опстојува и никој и ништо нема да може да го уништи.



Како што троскотната трева пиреј е истрајна, неуништива и издржлива, така е истрајна, издржлива и неуништлива македонската жена.Пирејот е троскот кој колку сакаш можеш да го кубиш, корнеш, но не можеш да го унишитш Тој чим ја допре земјата пак се фаќа, оживува, потерува. Ништо не ја ништи таа трева.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Natenceto

Dr.Gonzo

Истакнат Член
23 февруари 2012
652
1,916
393
Fukushima
www.gonzo.com
Имам прочитано у средно можда 30 страни :giggle види на гугл има пишува за што се работи сеа колку ке ти помогне не знам, прочитај ваму-таму нешто ке знаеш од прилика што е книгата. А кога полагате?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Natenceto

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
Имам прочитано у средно можда 30 страни :giggle види на гугл има пишува за што се работи сеа колку ке ти помогне не знам, прочитај ваму-таму нешто ке знаеш од прилика што е книгата. А кога полагате?
Немаше на гугл ништо имаше само за Пиреј некое место во Грција... бла бла
Иначе полагам во вторник а имам уште цела тетратка да учам. Им благодарам на Luckky и 048 за помошта. ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 048 and Luckky

Dr.Gonzo

Истакнат Член
23 февруари 2012
652
1,916
393
Fukushima
www.gonzo.com
Немаше на гугл ништо имаше само за Пиреј некое место во Грција... бла бла
Иначе полагам во вторник а имам уште цела тетратка да учам. Им благодарам на Luckky и 048 за помошта. ;)
епа „пиреј петре м. андреевски“ да пишеше, ама ке ти излезеше тоа од намбер четресосум што ти го постира, истото е сегде. Со срејќа(flower)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Natenceto

Индискo оревче

Истакнат Член
22 април 2012
74
99
318
30
Hint: отвори учебник.

п.с. Ти препорачувам кога ќе имаш време да ја прочиташ, многу трогателна книга е.
 

Лејди М

Нов член
20 април 2012
16
15
3
38
Скопје
Не можам да помогнам со раскажување зошто не е туку-така ама би ти препорачала во прва прилика да си ја прочиташ. Книгата што ме направи она што сум денес, тежок зависник од книги со полни ѕидови полици книги кои еден ден можеби ќе ми се срушат врз глава, па ќе биде „Она што ме лечи и убива“...:D

Рецензија:
„Пиреј е троскотна трева, а некои ја викаат и коштрева. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева“
Приказната која го покрива периодот на Балканските војни, Првата Светска војна и повоениот период, ги следи главните политички збиднувања на Балканот кон крајот на владеењето на Отоманската Империја како и нивното влијание врз едно македонско село и брачниот пар Јон и Велика.​
Бедата, војната, неукоста, болестите, глад и студ... ништо на светот не може да го одземе мајчинското од мајка и ништо не може да боли повеќе од загуба на чедо.​
Оваа книга кажува многу, за животот, за нашата земја, за времето кое е опишано, но она кое најмногу ме погоди мене, она кое ме доведе до солзи е токму мајката Велика. Едно по едно таа ги губи своите чеда, а нема моќ да направи ништо за да го запре тоа...
„Ископав дупка покрај другите гропчиња и ја закопав. Ја покривам со земја и се чудам: кај отиде огнот нејзин, како остина толку? Ја закопувам Капинка, а се молам Ѕвездан да причека, да не умира денеска. Веќе немам сила...
Е, ја испратив Капинка синко, велам, си отиде Капинка. Ни се налути нешто, многу ни се налути и си отиде. Ја викав, ја молев да се врати, велам, ама не се врати.
Ѕвездан само си ги подоцкрива очињата, ја одлепува устата, усте мое златно...
Мамо, вели, дали и јас ќе умрам мамо?...
Не, сине Ѕвездане, не ѕвездо моја, му велам, кој ти рече дека ќе умреш?
Капинка, вели, каде е сега Капинка?
Надвор е, велам, Капинка в градина е.
Ќе се врати, прашува Ѕвездан.
Ќе се врати, велам, отиде да ја навади градината.
А оти не ме викна и мене, прашува.
Ќе те викне, велам, и се штипнувам одзади, си го прегризувам јазикот. Господ да не чуе.
Не давај ме, да умрам мајко, ми вели Ѕвездан, не давај ме мајчеле, однеси ме некаде, вели, скријај ме, мајчеленце, вели, се моли.“

Се затекнав себе си како липам и се тресам над мокрите страните на книгата. Болно до коски, отровно, ќе почувствувате како Ви снемува воздух, како да е тесна собата... Ако не дај Боже сте ја прескокнале оваа книга, веднаш да ја побарате!
Преземено од сакамкниги.мк
 

iva89

Полноправен Член
27 февруари 2012
76
75
18
Книгата е преубава и полна со емоции, и многу ке пропуштиш ако не ја прочиташ
 

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје