Љубовни проблеми

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Скршеното срце боли. Боли до лудило. Мислиш дека неможеш да дишеш и убеден си дека никогаш повторно нема да се насмееш.
Но, верувал или не, скршеното срце е исто толку благослов колку и срцето љубено токму од „единствената“ личност.
Да, сериозно. Благослов е. Оти кога ќе се прибереш и ќа ја подигнеш главата високо, ќе сфатиш дека, види чудо, уште си жив. Ха! Замисли. Дури и Сонцето сеуште си свети, додека светот продолжува да се врти.
Ако ти се плаче, исплачи се. Јас си плачам кога ми е тешко. Плачам и кукам и се сожалувам себе, поразена пред сопствената немоќ. Понекогаш плачам неколку минути, понекогаш неколку денови. Дури знам совршено добро да плачам и без солзи. Знаеш колку боли да плачеш без солзи?? И речиси секогаш, кога моето самосожалување ја достигнува својата кулминација, еден строг и студен глас, некаде од внатре се буди и се буни. И вели вака: „О замолчи веќе еднаш! И порасни! Никој не паѓа на патетики. Дури ни јас“.
Ме разбираш што сакам да ти кажам?
Еве јасно и концизно: Драго момче, замолчи. И порасни. Ако си возрасен, почни да се однесуваш како возрасен. Ако си маж, добога биди маж!
Не ли знаеш дека ние жените сме кучки? Без навреда мои дами, но така е. Некоја повеќе, некоја помалку, но сите до една. Кучки. Дозволи и на жена да види дека патиш за неа и дека срцето ти се распаѓа секој пат која ќе ја погледнеш знаејќи дека не смееш да ја допреш, и можеш слободно да се збогуваш со предноста. Ќе го користи секој миг за да си ја почувствува сопствената моќ. Моќта на вистинска жена. Фатална жена за која некој копнее. Верувај ми, нема послатка храна за женското его од тоа.
Хм, би можела да напишам цел есеј на оваа тема. Но, во друга прилика.
Кога би стоел пред мене, ова е моментот кога со малку повишен тон и строг израз на лицето би ти рекла:
- Престани да се сожалуваш. Одвлечкај го газот под туш, дотерај се и смешај се со светот. И отвори си ги очите. Верувал или не, има и ќе има и други.
 

bacdac

Полноправен Член
27 февруари 2012
48
19
8
34
Па како што прочитав во неговиот прв пост, таа го сакала него, ама тој бил со другарка и. Сега тој ја сака неа, ама таа е со другар му.
Не е така наивна работава, или му се инаети, бидејќи таа го гледала, а тој неа не - или едноставно, не е повеќе заинтересирана.
Ако е првото, ќе треба да се смират страстите, па да се види што понатаму - ако е второто, да се најде начин за ,,веднаш понатаму,,.
И секако, многу е важно дали имаат 16, или 26 години.

Вака сега кога јас бев со другаркае во врска таа извесно време беше фатена со истиот другар потоа тие се скараа пред нас, потоа таа имаше други а јас немав никоја, а ова со другаров е сега брзо поточно од ко и кажав дека ја сакам вака е ситуацијата
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Вака сега кога јас бев со другаркае во врска таа извесно време беше фатена со истиот другар потоа тие се скараа пред нас, потоа таа имаше други а јас немав никоја, а ова со другаров е сега брзо поточно од ко и кажав дека ја сакам вака е ситуацијата
Прво беше она и он а јас и друга после тоа, она и друг јас останав сам, па она и трет.. data data data...

Џабе ти се анализите коа веќе она ти има кажано - НЕ. Да знаеш дури и лесно си поминал. Има ои онакви кои со месеци се забавуваат со 2 - 3 - 4 -па и 10 типови исти ко тебе - фини. Послушај ја Lady Blue, а и повеќето тука... GROW UP! А тоа се почнува најпрво со прифаќањево на сегашнава ситуација помеѓу тебе и она. ј***ш се дешаа. Сите сме го искусиле тоа. Некој порано некој подоцна. Но нема полошо од тоа да го искусиш, да бидеш свесен за гешрките и ништо да не превземаш за одење понатаму. А мора да се иде. МОРА.
 

Nika

Нов член
26 март 2012
12
0
1
27
Здраво...гледам дека добро давате совети па се обратив кај вас :) Имав де4ко врската ни беше 6 месеци...Веќе има 1 месец како сме раскинале а контакти ги имаме како пријатели...тој има девојка:banghead али мислам дека тк се фана со неа да ме направи мене љубоморна...а уште ми вели дека ме сака а дека неа не ја сакам бла бла...дека до летото пак ќе сме били заедно..нзм што да правам дали да чекам или па....
Благодарам Однапред...;)
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Здраво...гледам дека добро давате совети па се обратив кај вас :) Имав де4ко врската ни беше 6 месеци...Веќе има 1 месец како сме раскинале а контакти ги имаме како пријатели...тој има девојка:banghead али мислам дека тк се фана со неа да ме направи мене љубоморна...а уште ми вели дека ме сака а дека неа не ја сакам бла бла...дека до летото пак ќе сме били заедно..нзм што да правам дали да чекам или па....
Благодарам Однапред...;)
15 години не се време да се замараш со тема дечко плис
 

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
шо корист од тоа да го чекаш? он додека се забавува ти седи дома и тажи...у никој случај!
до летоска ќе си најдеш барем уште 2 момчиња, погледај околу тебе сигурно има некој што те шмека...дај му шанса...а дечково штом ти се скарал и фатил друга...јас мислам дека не треба повеќе да се замараш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheKitten and Nika