Раскази - Хумор и Сатира

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
146
44
1,038
75
Двајца Македонци со бугарски пасош се степале кај нас.
Луѓе мои, па тоа е граѓанска војна во Бугарија (ако сакаш од п . . . а да направиш мечка).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kockakockica@

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
146
44
1,038
75
Ветија дека ќе дојдат со глинени гулаби на мирот.
Да нема крвопролевање кога ќе ги гаѓаме.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
146
44
1,038
75
Не на Косово.
Заедница на српски општини не и се потребни на Голема Албанија.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
146
44
1,038
75
Ѓорѓи Делчев и Ѓорѓи Димитров знаеле дека Гоце Делчев е Македонец,
и тамо му ги однеле коските.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
146
44
1,038
75
Давам 20 евра (а толку и вреди),
на секој кој никогаш нема да го спомне името на државата
која од мене сака да направи татарин.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
146
44
1,038
75
Ич не им се брза за парламентарно мнозинство.
Од мнозина треба да се нацицаат безброј козина.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
146
44
1,038
75
Фрли рипче фати крапче во тавче,
важи само за партиски послушник поставен за министер.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
146
44
1,038
75
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

Кога партијата ќе дојде на власт, прво ја сечи гранката на која седи.
Својата опозициска мантра.

Кој уште работи за нашите работодавачи ?
Уште оние на кои куферите им се спакувани до половина да заминат.

Нашите органи за гонење се бестрашни момци.
За хорор сцените учат од Црвенкапа и од Идризово.

Нашите ученици ќе учат критичко мислење.
Во секој клас ќе се формираат комисии како да се смени историјата.

Ни треба водач кој ќе не води.
Барем ќе се најде некој кој нешто ќе работи.

Некој заврши во гепек, некој во гајба,
ама никој не заврши како државна тајна.

Од времето на Неврзаните на Тито,
и денес има останато многу неврзани глави контра глобализмот.

Према народната традиција, и кога имаме, во приказните секогаш немаме.

Со алтернативните извори на енергија,
сега на планетата Земја ќе и ја вадиме и душата.

Сечењето на гранката на која се седи исто спаѓа во еколошка катастрофа.

Танка е границата меѓу лудилото и генијалноста,
како и меѓу анархијата и демократијата.

Политичар се колне пред народот.
Жими сите клетви и летви врз секој кој ќе се изјасни како граѓанин.

На молитва верниците се наведнуваат, атеистите се исправаат.
Неопределените прават склекови.

Смртта никогаш нема да ги стаса пензионерите.
Штом ќе ги стигне, пензиите ќе живнат, и ете апорија.

Вештачката интелигенција се повеќе ги менува своите вештачки навики.
Има се повеќе човечки мани.

Нема ефтин домашен леб без да се изедат сто евра леб.

И паниката е излез.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
146
44
1,038
75
Некој подготвува нов напад врз македонското Собрание.
Ајде, охрабрете го Трамп и тој повторно да се обиде.