Сакам да кажам/Сакам да прашам

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Никогаш не сум можел целосно да ја сфатам амбицијата како појава во целост.
Можеби затоа што мојата амбиција, покрај спецфичната професионална беше уште поспецифична и побитна на лично ниво.

Некои луѓе се движени од можноста да освојат планински врв, некои да препливаат Ла Манш, трети да прелетаат океан, некои да освојат трофеј во спорт, петти да профитираат со милиони, има секакви амбииции на овој свет. Некои пак сакаат светот да го менуваат што е прича сама по себе, често комично несреќна.

Јас имав скромна амбиција а тоа беше искачување на врвот на човековото постоење во смисол на меѓучовечки однос, конкретно на однос меѓу машко и женско, во врска а потоа и во брак. Значи остварување на најубава можна конекција меѓу две човечки души, психофизичка поврзаност за која мечтаеле милиони луѓе, притоа без двете страни да загубат ниту еден дел од својата особеност, напротив, да ја усовршат во секој смисол со асистенција на својата љубов. Подоцна на основа на еден таков однос да се изгради семејство кое за разлика од 99,99% од сите останати нема да биде статистика туку незаборавно искуство, свесно и совесно тежнеење кон најубавиот можен исход за сите.

Можеби тоа делува не особено амбициозно, можеби братучед ми со циничните коментари за таа моја амбиција беше во право (пошто се знае што треба да праи маш а што жена)

Па така, како што некои ги прераскажуваат авантурите кога го барале Ел Дорадо или се петрале на К2 или Килиманџаро или реновирале спортски Јагуар E-Type, мене ми остануваат спомените за нешто нестварно убаво, за нешто кое не може да се стекне со ниту едни пари на светот, нешто кое не се брише од меморија, од памет и од душа.

Уште повеќе што имав среќа да се сретнам со женска личност која беше ментално и емоционално доволно зрела, особено за своите години, да може да одговори на прекрасниот предизвик :sreken
Што се случуваше за тоа време за кое таа врска траеше пред следот на трагични и одвратни каприци на судбината да ја разбијат најубавата врска на светот, е нешто кое го криев подобар дел од цела деценија, и од себе и од другите, свесно потиснувајќи го на маргините на сеќавањето, блокирајќи го секој тригер, оттргнувајќи очи од секоја црвенокоса девојка, природна илил фарбана да не случајно меморијата ме наведе да се сетам одново.

Но последнава година, година и пол, немам повеќе сила да кријам и не сакам да кријам за едно такво достигнување, нешто толку убаво и неверојатно што и покрај трагедиите сум среќен што воопшто сум имал прилика да го доживеам.
99,99% од луѓето никогаш нема да го доживеат тоа.

Пример, можеби банален за некого, рандом дождлив ден во пролет, седиме на кауч, таа со нозете собрани кон неа и рацете околу своите нозе, носејќи ги крајно симпатичните лилави чорапчиња :sreken ми кажуваше за своите психолошки предизвици, споделуваше со мене што ја мачи во тој поглед а јас не ја прекинував туку го слушав нејзиниот прекрасен глас како зборува за навистина сериозни и тешки работи. Повремено вклучувајќи се во разговор знаев како да оставам да ми се отвори, да ми верува, да види сојузник во мене во животната борба за надминување на траумите од раната младост.
На масичката беше чајот со кришка портокал во него ии лименката со вода која служеше како пепељара.
И така знаевме да направиме и втора тура чај или кафе, отворајќи се постепено еден кон друг.
Уште една во низата неверојатно убави нешта е чувството кога знаеш дека женската особа која ја сакаш знае дека може да ти верува...
И така малку по малку заедно ја дестилиравме есенцијата на меѓусебната љубов од примесите и гнасотиите со кои не имаше труено средината со години и децении.

Никогаш не разбрав зошто луѓето ваквите моменти ги земаат здраво за готово, си сметаат за банални и досадни или барем небитни, зошто шопинг во Солун или пансион во Албена им значат бескрајно повеќе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and escape

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Нема погрешно време за вежбање (ок, има, и тоа е баш сега, ама ај...), а мене енергијата ми е на највисоко ниво баш во овие саати.
Па добро, дали журкање или вежбање, тоа е. Приоритетите се мењаат со годините. :zelen
Затоа после заспивам во 4 и се будам во 11-12. Еден здрав биоритам, шта да ти причам.
Ама еј, не може да ги имаш сите убавини во животот, нешто мора и да се жртвува.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ScoobyDoo

bluebell

Истакнат Член
12 јануари 2022
73
23
108
27
Сакам да кажам дека денес дознав дека сум позитивна на коронавирусот. Дали има некој што го прележал, со какви симптоми и што терапија пиел? Колку време ви траеле симптомите? После колку време сте се чувствувале подобро?
 
  • Sad
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Сакам да кажам дека денес дознав дека сум позитивна на коронавирусот. Дали има некој што го прележал, со какви симптоми и што терапија пиел? Колку време ви траеле симптомите? После колку време сте се чувствувале подобро?
Со лесно да минува.
Не знам, немам досега закачено (или сум била асимптоматски без да знам), ама млада си, ќе мине полесно. (muscle)
Симптомите се секогаш многу индивидуални, а ако треба терапија, најдобро со матичниот ќе се консултираш.
Другово како и обично - многу вода, супа, витамин Ц, Детрикал т.е. витамин Д3 (обично од 2000 даваат), овошје... повеќето околу мене така пројдоа. Симпомите за околу 3-4 дена им се потсредија, освен на малце потешките, што ги држеше и недела дена.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: bluebell

Ruze03

Истакнат Член
16 декември 2021
31
12
108
Simptomite se razlicni kaj sekogo
Nekoj so malaksanost glavobolki visoka temperatura
Najbitno e da izlezish na sonce da pies vitamini paracetamol
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: bluebell