Месо или риба?

Ѕид на плачот

Истакнат Член
20 септември 2016
222
113
343
31
Скопје
Рибата е многу поздрава за разлика од месото. Рибата се препорачува да се јаде макар еднаш неделно, еве јас си јадам така, обавезно имам на мени рибче, или на две недели, ако не секоја. Зависи. Скушата ја обожавам, а другите не ги ни јадам, пошто не ми се ни вкусни, месото нивно ми е без вкус. Или можеби не знам да ги подготвувам не знам, еднашка сум си припремила лосос, му се израдував дека ќе испадне супер, али тоа беше жива катастрофа и џабе фрлени пари.:(
 

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
И риба и месо. Не да се јаде месото толку често, но да не биде целосно исклучено од јадењето.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
А...рибата не е вид месо?! :^)
Мене тоа не ми е јасно...
Зошто рибата се смета за нешто друго?
Па животно е, има коски, тече крв низ неа...
Зошто рибата е `посна`, а во ништо не се разликува од копнените животни?
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Риба, поточно лосос или туна би јадела било кога. Дури во моментов ми се јаде само што пишувам.
Месо не сакам многу. Пилешко ми е океј еднаш-два пати неделно, а црвеното ми има одмилено ептен. Само во сарма мелено ако е, иначе плескавици и бифтеци... уф, не.