Мистерии (генерална дискусија)

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Интересни се језивите радио предаватели како оној УКВ-176 од Русија кои на крати бранови емитуваат хај-пауер трансмисии низ цел свет, морничави гласови рандом кажуваат бројки, зборови и кодни имиња, наводно една од целите им била контакт со шпионската мрежа која ја имаат по цел свет, еден унапред зададен коден поим па инструкции по радио, доволно е шпионот во дадена земја да има радио-приемник или транзисторче и тоа е тоа.
Невозможно е да се пробијат пошто секој коден поим се употребува само еднаш и е невозможно да се утврди некаков патерн.

Друга улога на вакви станици била како doomsday device т.е. се додека тие емитуваат нешто, тоа значи дека земјата е ок. Во случај на прекинување на емитувањето тоа би значело дека се уништени во нуклеарен удар и тоа им е резервна опција за соодветен нуклеарен одговор и треча свецка.

Англија многу практично, не се замара во језиви трансмисии туку како јавен показател дека Лондон уствари постои и , не е проголтан од атомска печурка е радиото ББЦ-4 кое емитува рандом редовна програма 24/365.
Во случај да ББЦ-4 радио прекине со емитување, нуклеарните британски подморници автоматски одат на battle stations заедно со бомбардерите во воздух и ако не се добие контра-инфо за некоја друга причина за прекин на ББЦ-4 во рок од 24 часа треба да лансираат нуклеарни ракети кон Москва и Петроград.
Капетаните имале посебно писмо со кодови кои се менувало при секоја патрола па така се покриени во тој поглед.

Имам слушано нешто мали од тие станици, монотона јазивост е правиот збор, понекогаш се женски понекогаш машки гласови и употребуаат советска верзија на говорната абецеда на НАТО (А-алфа, Б-браво Ц-Чарли итн.) па нешто А-Аљоша, Б-Бети Ж-Жења итн.
Пред некое време русите изградиле нова станица блиску до Естонија за да имаат појак сигнал кон запад.
Риал тајм мистери

Ух, еден ден се надевам да си најдам женска која се интересира од вакви ствари, такво нешто (заедно со нозе кои носат патики) се посекси од било какви штикли, чорапи со подвезици, танги, стегнати градници, големи цицки и гзови, усни или не знам што.
Еротски ме палат муабети за cold war i треча свецка.
И така ќе си останам сам на крај :D
Мислам ок е ваков муабети и со пријатели и познаници, ама со женска уфффф...........so sweeeeeeeet :)
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Денес случајно ми излезе видео-предлог за една исчезната девојка, Аша Крејмер, за која се нема кренато многу фама поради неразјаснети причини, а самиот случај е доста нејасен (веројатно поради тоа што нема многу информации т.е. прилично се различни и на тие неколку места кајшто има).

Накратко: Девојкава исчезнува 2015-та на 26-7 годишна возраст откако претходно има ментал брејкдаун поради слика од некоја куќа од детството, што наводно ја потсетува на потисната траума. После ова, 4 дена не јаде, само мумла и не спие ни минута. Дечкото и другарка ѝ (која е на посета од Австралија, од каде е и Аша) за брзо ја носат во итна каде баш и не ѝ е пружена некаква помош, туку девојкава им бега сред 5051 евалуација (какво ѝ е менталното здравје и дали претставува закана за себе и другите) и никој лекар или обезбедување не пробува да ја запре. Дечко ѝ и другарката ја собираат со помош на полиција и кога на 4-тиот (или 5-ти, не памтам) ден таа дава знаци дека е малку подобра, па одат до локално ресторанче за кафе и храна.
Таму, таа не ја допира храната и не разговара со никого, за подоцна да исчезне без трага. Во малечко ресторанче полно со луѓе. На улица полна со луѓе и автомобили. За нецели две минути.
Имено, другарката отишла до вц, а по неколку секунди и Аша тргнала по неа, но кога се вратила другарка ѝ, рекла дека немало друг во тоалетот. Како успеала да побегне без никој да забележи, е мистерија за сите. Двајцава ја барале три часа, но не нашле никаква трага, па пријавиле во полиција која не била многу заинтересирана и до денес ја имаат најдено само нејзината јакна, некаде во близина на локалниот гребен.
Имаше и документарка на Нетфликс каде се спомнува девојкава, Murder Mountain, но не можам да зборувам многу за неа пошто малку изгледав, но сфатив дека се работи за планина каде многумина одат да заработат пакувајќи марихуана и дека мајката на девојкава иде од Австралија до Калифорнија на неколку месеци со надеж дека некој ќе ја препознае ќерка ѝ од постерите што ги дели по луѓе.

Вреди да се спомне и дека претходно немала никакви знаци на ментални болести или ментал брејкдаунс, но татко ѝ на приближно нејзина возраст развил шизофренија, така да...

Нема индикации дека дечко ѝ или другарка ѝ се вмешани, но од неколкуте видеа и слики помислувам дека е можно да пробала ЛСД, екстази, печурка или штогод што можеби „отклучило“ нешто што не треба. Зошто? Пошто има недоволно информации и сум површна да судам дека според сликите и суканиците, дечкото е џанак.

Друг интересен и крипи факт е што во екот на дисасоцијацијата, Аша го извикувала името на соседот (Еди или Иди), со кој и не биле нешто посебно блиски (барем не колку што се знае), а истиот тој сосед исчезнал без трага скоро точно после 3 години од исчезнувањето на девојкава.

  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Wow ова е прилично добра мистерија, ќе прочепкам по нет да видам подетално што има, ова на крајот со соседот кој исчезнал после точно три години е ултрајезиво, ваљда ликот имал блиски, фамилија, френдови, дали се знае нешто за неговото исчезнување?

Јутјуберкава е weirdly cute, делува како паметна женска и има симпатичен глас, sweet :sreken
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Wow ова е прилично добра мистерија, ќе прочепкам по нет да видам подетално што има, ова на крајот со соседот кој исчезнал после точно три години е ултрајезиво, ваљда ликот имал блиски, фамилија, френдови, дали се знае нешто за неговото исчезнување?

Јутјуберкава е weirdly cute, делува како паметна женска и има симпатичен глас, sweet :sreken
Оној ден до 5 сабајле се зачитав по Редит. Налетав и на коментари за кои наводно се смета дека се можеби од девојката и не сака да биде најдена. Не знам, сепак е Редит и секакви лудаци шетаат таму, не би ме чудело и да е некој 60 годишник од Оклахома без многу занимации во животот.

Ова е од официјалната страна на Фејсбук што ја држи мајка ѝ.
1633728361782.png
Веројатно се работи за confirmed sighting штом е на таа страна, ама може да е и само надежта на една мајка дека детето ѝ е живо, не знам. Има и подкаст во два дела што треба да го преслушам кога ќе имам време, во вториот дел имало и интервју со дечко ѝ, па ќе видиме.
А, да. Одговорот на тамошната полиција е дека имаат премногу исчезнати случаи токму поради планините во кои се плантажите со марихуана и не можат да постигнат да истражуваат убаво за секого. (think)

Не знам, скоро секој ден гледам по неколку случаи, но има вака некои што ми оставаат впечаток и се внесувам во нив. Има нешто во приказнава, ама не знам уште што е...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Оној ден до 5 сабајле се зачитав по Редит. Налетав и на коментари за кои наводно се смета дека се можеби од девојката и не сака да биде најдена. Не знам, сепак е Редит и секакви лудаци шетаат таму, не би ме чудело и да е некој 60 годишник од Оклахома без многу занимации во животот.

Ова е од официјалната страна на Фејсбук што ја држи мајка ѝ.
Отвори ја прикачената датотека 34741
Веројатно се работи за confirmed sighting штом е на таа страна, ама може да е и само надежта на една мајка дека детето ѝ е живо, не знам. Има и подкаст во два дела што треба да го преслушам кога ќе имам време, во вториот дел имало и интервју со дечко ѝ, па ќе видиме.
А, да. Одговорот на тамошната полиција е дека имаат премногу исчезнати случаи токму поради планините во кои се плантажите со марихуана и не можат да постигнат да истражуваат убаво за секого. (think)

Не знам, скоро секој ден гледам по неколку случаи, но има вака некои што ми оставаат впечаток и се внесувам во нив. Има нешто во приказнава, ама не знам уште што е...

Го симнав случајов во мп-3 заедно со уште неколку од типкава, има добри случаи тука.
Општо низ северна Америка низ планини исчезнувале необично голем број луѓе, имаше еден писател бивш инспеткор или нешто кој истражувал илјадници случаи од кои некои се на раб на веројатноста, сад га видиш сад га невидиш, возрасни лица исчезнувале за 2 минути откако се виделе со некого...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno and Electra

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Мене од секогаш ме интересирале паранормални појави,во Србија ги има многу,а има и емисии доста кај што луѓе сведочат,има една емисија Глуво доба па баш опишува многу за тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider