Сакам да кажам/Сакам да прашам

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Доза необични мудрости на латиница :

Ko ne voli fudbal, taj ti je sine peder.
Sto ljudi sto cudi sto zena - dvejsto grudi ehehe
Jedite vise pasulja, drzavi je potrebas gas hhehe
Ujutro pojedi govno i onda citav ce ti dan bit bolji.
Bolje je ispasti glup nego iz auta eheheh
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno and Sasho

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Неќам минусни температури, само ми додаваат на филингот за старост.
Порано -4 ништо не беше бе, сега преку ден носам хеланки, два пара чорапи (едни до колена и кратки термо), чизми со крзненце, хеланки, фармерки, боди, блузиче, кошула/џемпер, јакна, капа... сигурно и уште нешто и заборавам и така се тркалам дури да стигнам до одредена дестинација, која обично е на 300 метри максимум. :eek:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Си гледаш така Јутјуб и си мислиш дека имаш видено све, кога алгоритмот нагло, без предупредување го предлага следниов клип :


Брзо гуглање дава дека не е местено, сценарио нешто туку спонтана ствар извадена од британски документарец :eek
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Outrider`s Daily Rant 14 :

Lets banter about френдзонирање. Уште еден во листата поими (како Алфа мажјаци итн) кои не постојат и со која некои, претежно машки особи сакаат да објаснат разни ситуации.
Не постои такво нешто како френд зона. Или некоја го свиѓа некого или не. Не може да ги свиѓа сите, мора да има некаков филтер. Не прави разлика дали некој е фин, културен, најс гај или не. Ако има обострано свиѓање карактерните особини се третостепени, барем во почетокот. Ако нема, тогаш нема и тоа е тоа. Нема ништо страшно во тоа, треба да се најде особа со која ќе има допаѓање.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Outrider`s Daily Rant 15 :


Како сосема отворено романтична особа, би кажал збор-два за романтичниот идеал.:sreken
Во денешно време романтиката меѓу мажите и жените е претворена во некакво клише кое произлегува од Холивуд, Боливуд, Нетфликс, ТВ серии и некакви книги. За жал, луѓето не знаат како да го романтизираат односот на свој оригинален начин, различен од оној општо прифатениот. Свеќи, цвеќиња, чоколади, вино и што ти ја знам. Meeeh.

Има за што да се жали. Романтизмот, како глобално движење настанал во некакво државиче-кнежевство Заксе-Јена пред околу 250 години кога група чудни лица се собрале околу движењето Jenaer Romantik.:pusi
Што било тоа? Тоа било многу практична ствар, имено целта била оттргнување на бракот или било која врска помеѓу машко и женско од дотогашната идеја, оттргнување на машко-женските односи од раѓањето деца, договорените бракови и меѓусебното непознавање, свеједност или чак мржња помеѓу партнерите кои се нашле во брак.

Идејата била за пронаоѓање на пертнер/ка со кој/а ќе биде можно да се има среќа и мир, значи идејата за брачна среќа се појавила на белиот свет, потоа подигнување на машко-женскиот однос на повисоко ниво, во кое партнерите actually се запознаваат кои се и што се, подигнување на улогата на жената на повисоко ниво, оттргнување на машкиот идеал од праф маш кој кине кабли со заби, jebe ne vadi heheh на норма и тепа деца и остали послаби од себе, кон нешто ново, нешто убаво, стабилен, верен, искрен, морално-етички исправен, маж кој свесно се труди да ја направи жената среќна, задоволна и нормално, што да не, задоволена. :)
Романтиците се првите кои го признаваат женскиот оргазам за нешто реално (дотогаш се водел како хистерија :kafe) и првите кои ставаат акцент на емоционалната и да речеме чак и духовна поврзаност меѓу машко и женско.

Колку во тоа успеале е тешко да се каже, старите идеали на праф маш и права жена останале доминантни, па дури виреат и во денешно време, пола свет сеуште се бави со договорени бракови.
Луѓе посветуваат повеќе време на колата или телевизорот отколку да се потрудат да ја запознаат својата партнерка со која делат кревет, жените се во лоша позиција, откако се регистрираат ментални проблеми денес жените се најподложни на ментални болести (пред се депресивни и анксиозни нарушувања) а романтиката е заробена од филмски и ТВ продуценти.

Од искуство, прекрасни моменти сме минувале со партнерка на чудни места и прилики, како кај улични продавачи на музички винил-плочи, имајќи релативно компатибилен вкус за музика роваревме низ стотиците плочи дури да најдеме 2-3 кои уствари ќе ги купиме, за среќа имајќи грамофон како дек од стар систем овозможуваше да се слушне музиката со сето тоа гребуцкање и специфичен звук на винилот.
Можеби делува банално, но нас ни беше прекрасно, до таа мера што ден денес ми е во умот како дел од малкуте убави спомени од мојот тежок живот.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Мојата недела навечер се состои од пиење тон кафе, неартикулираните звуци на комшиите и секако, видеа со неразрешени случаи каде се спомна исчезнувањето на машки стриптизери само по гаќи со големи количини кеш.
Ќе треба да ѕирнам за последниов случај како и каде ги пренеле парите ако биле само гаќароши.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Оооо, да ми кажеше некој дека ќе пишував за гатање на кафе, ќе го тепав со папуча.
Сега па дури и ми е интересно. Сфаќам колку можам да си терам мајтап со секоја интерпретација. :D
 

Senorita

Полноправен Член
16 декември 2020
31
10
18
113
Некој професор по хемија или некој што се разбира од хемија може да ми пише во приватна порака? Ве молам подхитно ми треба
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Јапонците имаат професионални сервиси каде народ плаќа за да се исплаче, да го третираат ко човек и момче за изнајмување (не збориме само за секс, туку едноставно да глуми дека ти е дечко, да те теши, да готви или едноставно да лежи до тебе и да те сослушува).
Тажно е како една нација е толку напредна, а толку човечки отуѓена.

Иако, и јас би ко тој првиот, да ме плаќаат да затемнам соба и од ЈуТуб да им пуштам на луѓе тажни видеа за да плачат. Полесна пара и да бараш, нема.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider