Детство: некогаш и сега

Jack123

Истакнат Член
25 јули 2016
28
8
303
24
Сега се сите обземени со ИНТЕРНЕТ не само децата туку и родителите и сите други на сабајле стануват уште не станати на ФБ

А мене порано детството ми беше топ се додека не ми купеа компјутер а пред да ми купат не бев прибран само за јадење дома
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Ја сакам оваа тема :cool: , да не пишувам книга , ќе кажам само дека денес ни се наметна за жал западниот систем на функционирање ,само што некој не функционира така во целост ,колку може го избегнува и тоа е добро .|-(;)
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Среќна сум што дури растев си правев кули од кал. . Среќна сум што кујната која ја влечкав дури од Хрватска ја искршив во дворот готвејќи, со кал наравно.. Сите лажици на баба ми и ги искривив.. По нозеве и ден денес се наоѓа по некој белег од тоа време. . Па скокаш на ластик црвенееш од удари, те пече.. А со хулахоп или како се викаше тоа.. леее времиња.. ххх. сакам да сум малечка пак : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WolfGirl and Jack123

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Најубаво време... сите што не ги сакав и не ми ги даваа играчките го кршев од ќотек... штета што сега не може и да се размислува за таква опција.
На мечињата им правев куќа од столчиња, меѓу столот ставав картон. Така куќата им беше на два спрата. После ги фаќаше елементарна непогода и се се рушеше. Темпераментно и немирно дете. Може затоа бурно реагирам, ама најубаво ми беше.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Danny S

incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
30
Некогашното детство беше поубаво,поинтересно беше а не сега само мобилен,инетнет,ги мрзи да излезат
 

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Нема играње денес. Нема детство. Само споредби во смисла кој каков мобилен има, дали е од најновите или застарени модели, игри со таблети, игри пред компјутер. Наместо да се игра ластик. штркот бара боја, децата се дома, не излегуваат, не се дружат. И последица на тоа е што децата имаат проблем со говорот, аутизам, се агресивни, не ги почитуваат и слушаат возрасните.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Danny S

Danny S

Староседелец
11 октомври 2018
18
14
1,003
28
Моето детство беше прекрасно, за разлика од детството на децата денес. Моето беше исполнето со разни игри, детски лудории, па дури понекогаш и бељи. Со приказните на баба ми и мајка ми. Со дружењето со другите деца од маалото на село и улицата во град. А за какво детство можат да зборат денешниве деца? Едноствано тоа нивното не е детство поминато пред компјутер или телефон. Незнаат ни да се дружат. Затоа јас кога ќе станам родител на моите деца ќе им пружам детство и спомени слични на моите спомени и моето детство. Ни на крај памет не ми е да им пружам детство пред компјутер или пред телефон. :D:D
 

WolfGirl

Староседелец
21 јуни 2016
214
136
1,053
Ние од '80-тите , '90-тите па и генерациите пред нас , а и неколку по нас , имавме всушност детство , за разлика од децава сега . Син ми нема другар во маало , и да има децата не излегуваат од дома . Среќа што е мала разлика со сестра му , па заедно си играат . Воопшто не ми е жал што родив две во рок од две години . Барем знам дека имаат секогаш друштво за игри . Децава денес имаат се , освен детство . Ние немавме се , но имавме детство а денес имаме многу спомени и работи на кои ќе се сеќаваме со насмевка .
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and Danny S

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Мене па малце ми е безвеза она „наше време“, па „наше време“.
Океј, секогаш имало и ќе има генерациски разлики, но носталгијата повеќе го прави своето отколку фактите.
Не негирам дека денешните детства се можеби со многу повеќе технологија и никако не оправдувам родители што само ги фрлаат телефоните или таблетите на децата за да не се замараат со нив, но од друга страна пак имаме технички спремна и писмена младина и деца што ќе прераснат во луѓе кои страшно добро ќе ја владеат технологијата, без чиј развој, да бидеме искрени, не ни се пишува арно.

А, тоа романтизирање како распарталени си играле по снег во 64та, па пак биле среќни, не знам... маст на леб било доживљај (мислим, извинете што сега може да си дозволиме поздрава храна?), па шутирање камчиња по цел ден.
Ама тоа „преубаво детство“ е само кога сакаат да ни кажат дека новиве генерации не знаеме што е убаво. Кога сакаат да ни кажат па дека новиве генерации сме од мочка правени, тогаш нивното детство е претставено како мачно, немале што да носат и јадат, оделе од Лопате до Шангај во школо, копале по нива од 7 години, ги ќофтале ко говеда од бебиња пошто ќотекот од рајот бил излезен и така се стварала „ментално силна“ (се познава) раја.
Нека, хвала.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider