Како се справувате со разочарувањата?

romanticna

Нов член
14 мај 2012
7
11
3
36
Големите очекувања секогаш донесуваат уште поголеми разочарувања... од лично искуство знам дека секогаш е така. Во животот верував на погрешни личности и многу бев разочарана. Во некои моменти се разочарав и во самиот живот, ама од своите грешки најубаво се учи...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: x2b4y4 and melpomena

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Вечерва еден куп разочарани
Ме разочараа и мене со нивната разочараност
Си заминаа на спиење и ме оставија со се разочареноста. :|
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Милион пати, и никако да ми дојде памет. Јас сум од тој тип на луѓе кои за другите секогаш имаат убаво мислење се додека не се покаже спротивното, па така да разочарувањето не е некој новитет за мене. Се навикнав. Со другарки имам многу лоши искуства, дури и помислив едно време можеби е до мене, ама најверојатно е тоа што сум магнет за лицемерни луѓе. Додека имаат корист се е супер, штом користа ја снемува , гудбај мај френд.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Мирче_мкД

Истакнат Член
25 јуни 2012
173
121
343
30
Одамна се помирив со мојата разочараност од општеството и решив да го прифатам или во најмала рака да се прилагодам на него.
Исто осетив мала разочараност по завршувањето на гимназиско образование, можеби и не требаше оваа струка да ја одберам ама сеа се свртев за 360 степени и решив да продолжам по трнлив пат, па што биде нека биде.
Никогаш нема да знаеме дали разочараноста била сто проценти оправдана, како шо кажа Стив Џобс, "Никогаш неможете да ги склопите коцките гледајќи кон иднината, тие самите ќе бидат склопени тогаш кога подоцна ќе погледнете во минатото. Па така морате да верувате во нешто, карма, судбина, во самиот себе си или било што дека работите некако ќе се средат".
 

Aлиас

Нов член
5 јуни 2012
13
15
3
Разочарана сум ..и премногу последниов месец....се соочувам со проблемот....го прифатив неуспехот....долго време се обидував да променам нешто...обидувајки се да ги променам нештата... се изгубив себеси.....сеуште ме чека долг пат.....знам дека ке минам низ уште разочарувања.....дека ке треба да донесам уште одлуки......дека од моите одлуки нема да ми се промени само мојот живот....дека ке изменам и нечиј друг.....многу важен за мене....
Како и да ...одлуките мора да се донесат....разочарувањата и неуспесите да се прифатат....и да се продолжи понатаму.....з
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cece17

TIGERWOMAN31SK

Истакнат Член
3 јули 2012
822
697
93
нема шо да се справувам,нека истече побрзо на раат да си бидам кога ќе ме грее земјата.а додека се деси тоа дриблам се околу мене
 

freak

Староседелец
18 јуни 2012
190
120
1,043
27
Битола
Сум била разочарана и можеби ќе бидам пак и пак и пак..........но треба да сме силни и во таков момент да најдеме барем една причина која ќе не дигне на нозе за да продолжиме напред. Животот е падни, стани.
 

Serenity

Нов член
23 јули 2012
18
12
3
ного често се разочарувам затва шо ного верувам и имам ного голема надеж за било шо и како и обично на крајта се ми тргнува наопко.. ќе се подепресирам малко и посе ке ми помине..
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Со плачење, со кафе и со надеж дека наредниот пат нема да се разочарам ако повеќе се посветам на тоа што го правам :)
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Обично се разочаруваме од важни личности во животот, на другите не придаваме нели значење.
Така да на прсти ми се бројат блиските на кои им верувам, со кои се дружам, кои се тука за мене и обратно и не оставам простор за да се разочарам.
Е сега и покрај тоа што се малку, дел од нив го направија тоа пред година дена, успејаа да ме треснат убаво од земја и да ми ги отворат очите оти очигледно нив сум ги гледала со розови наочари.
Ама добро, се се учи во животот па затоа од друга страна ми олеснија многу за некои работи, поинаку гледам на нив и знам на што сум.
Тоа е тоа, прифаќаш и тераш понатака малку посебичен од претходно.