Како би било ако првите луѓе не погрешеа

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Ако сака некој малку да филозофира,но навистина интересно е кога би се запрашале како би било радозналата Ева да не го гризнеше јаболкото?Каков би бил животот без гревови,без страдања,сите ќе уживавме во рајот?Да било така не би требало Бог да го ствара пеколот!?Библијата вели дека Бог го створил човекот како совршено суштество,но нели треба да бидеме безгрешни за да бидеме совршени?Зошто Бог ни ја дал слободната воља ако знаел дека можеме да ја употребиме како сакаме и да станеме несовршени?
Ке бевме како и сите друѓи животни. Јаболкото од кое гризнала Ева е спознанието. Од тука свеста почнала да се менува. Змијата е симбол на промената. Промените ја разбудиле жената, но зошто прво таа а не мажот? Затоа што жената доживува повеќе промени од него (забременувањето, раѓањето, менструалниот циклус) Религијата одсекогаш била против развивањето на свеста, против потребите на жената (посебно сексуалните), против промените, па дури и против менструалниот циклус (жените кои се во тој период од месецот не се добредојдени во црква).
Ако Ева не гризнела од јаболкото, човекот немаше да се облекува бидејки немаше да се срами од својата голотија. Човекот ке живееше како бесмртен бидејки не ке беше свесен ниту за животот, ниту за смртта. Бог немаше да му сврти грб на човекот бидејки човекот немаше да чувствува одговорност за своите постапки и така натака.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Ќе живеевме во подобро, поправедно општество. Општество без некој да те измами и да не биде казнет за истото. Многу подобро ќе беше.
И не се согласувам со тоа дека треба да се биде совршен. Никој не е совршен, меѓутоа треба да е секој свесен за она што го направил/прави и да си размисли дали така треба да продолжи или не. Ако некој лаже, краде, убива, се однесува лошо со другите, џабе му е факултет и некоја јака позиција што ќе ја има во иднина. Истото го мислам и за оние што гледаат сеир (се радуваат) на другата несреќа, на другите проблеми.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Адам на еврејски е Алеф - Далет - Мем.
Само Далет - Мем значи крв.
Алеф како симбол е воздух. Во Берашит или Почетокот или Битие кај христијаните стои дека „боговите вдаханел воздух во човекот од кал“.
Алеф. Заедно со Далет-Мем е
„света крв“ како симбол. :) Инаку Адам во превод е „човештво“ а не име на човек!
Би било лудо од едне човек и жена да се создадат сите други. Посебно ако биле сите машки од првото зачнување!

Ева оригинално е Хаева.... и тоа име и го дал Адам. А не боговите. Адам е оној што именува. Сите животни, па дури и жената.

Бидејќи во стариот еон постои преодредена судбина, онака како што боговите зацртале - не може а да не погрешеле „првите луѓе“.
Насекаде се зборува за „семоќен“, љубоморен бог. Би дозволил на „змијата“ (која има погрешна симболика кај христијаните и обичните верници незапознаени со овој симбол во детали) да го излаже и расипе најдобриот проект?
НЕ. :)

За еврејскиот закон ви требаат рабини и нивни коментари. Посебно оние кои се авторитет во кабала. Инаку, само верувањето ви останува.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas