1. Што е чиптунинг?
Кај секој автомобил опремен со систем за електронска контрола на моторот постои уред (најчесто нарекува како "компјутер"), што управува со сите процеси koj се вклучени за време на работа на моторот. Компјутерот чита податоци на голем број сензори, како што се: брзина, сигнал од Ламбда сондата количество воздух кој доаѓа во моторот , моментална состојба(позиција) на брегастата, притисок на турбо компресорот температури и други. Постојат различни имиња на овој уред: Електронски блок на управување, Motorsteuergerat, ECU, Centralina, компјутер ... итн
За компјутерот да ја извршува работата како што треба и да управува со моторот на оптимален начин тој (компјутерот) има потреба од точно oпределен алгоритам на работа или со други зборови има потреба од Логика со која да си ја врши работата. Алгоритмот на работа всушност е една програма која можеме грубо кажано да се споредува со BIOS-програмата за персоналните компјутери.
Во секое од овие уреди (ECU) се наоѓа чип на кој е запишана соодветната контролна програма. Класичниот чиптунинг претставува замена на овој чип со друг чип кој носи друга''оптимизиран / променета''програма. Редоследот на работа на ECU-то накратко е следниов:
1. Палење колата и моторот почнува да работи, првично по специјална програма, во која се стартува моторот. Моторот се командува од ECU-то во кое има чип картичка (нешто како шема по која работи моторот).
2. Различни сензори поднесуваат сигнали на ECU-то за состојбата на моторот.
3. Врз основа на поднесените сигнали, ECU-то реагира контролирајки го моторот на друг начин и со тоа се обезбедува максимално ефикасно работење на моторот.
Начинот на кој реагира ECU-то на променливите услови, се определува од софтверот снимен на чипот, кој се наоѓа во ECU-то (овој чип се менува при тунинг).
Да ја земеме на пример Ламбда сондата.
Тоа е сензор кој ја чита состојбата на издувните гасови. Во нив секогаш има мала количина неотработени гасови (дали во нив има неизгорено гориво), која количина ја чита Ламбда сондата. Ако има премногу неизгорели гасови ECU-то ги менува сигналите така што во моторот почнува да се вбризгува помала количина на гориво кое согорува по целосно (така се намалува потрошувачката и се подобрува околината на моторот) и обратно при други вредности на Ламбда коефициентот може да се додаде повеќе гориво.
Во чипот има одредени табели со кои се смета при кои вредности на ламбдасондата колку гориво да се вбризга. Ако се промени софтверот (табелите) може да се постигне поголема моќност ако се вбризгува повеќе гориво (но не премногу, затоа што доаѓа момент во кој не доаѓа воздух за целосно согорување), односно под истите сигнали на сензорите ECU-то реагира на друг оптимизиран начин.
2.Какви видови чиптунинг има?
Постојат различни начини на чиптунинг:
1. Промена на EPROM чип (Класичниот начин соодветен за повеќето автомобили прозиведени пред 2000 година).
2. ОБД-тунинг OBD-Tuning (погоден за поновите модели на автомобили, кои наместо да се менува чипот, се менува само програмата која е запишана во ECU-то со друга - оптимирана. Се заменува само програмата, а чипот си останува ист.
3. BDM - тунинг. Се користи кај повеќето компјутери на моделите од 2003 година (EDC16, ME9, SID803 итн) Во овие компјутери управувачката програма се заменува со нова но не со промена на чипот или во дијагностичкиот приклучок туку преку тканареченият BDM-Interface.Тоа е уред што прави контакт директно со картичката на компјутерот и преку овој контакт се заменува софтверот.Водечки производители на БДМ се германската EVC-elektronik како и CMD и Dimsport.
Постојат и ефтини "кинесчиња" на пазарот но со повеќето од нив се уништува компјутерот на колата а и речиси секогаш со нив се разлива калај на самиот компјутер.
Дали сте имале искуство со чипување на кола?
Каде е најефтино чипувањето?
На што кола сте чипувале до сега и колку сте ја чипувале?