Дали некој направил нешто романтично за вас?

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Нема шо да дели, сникерсот сега оди во две еднакви половини, шо значи исто ќе имате. :D
Мене не ми подариле ништо благо бидејќи мојата романтика е на повисоко ниво.
Е дај де кажи какво е тоа повисоко ниво на романтика, дај ни идеја на нас помалку иновативниве.

Романтиката е релативна работа, некому романтично му е чоколадото (макар и сникерс бил), некому и обична ружа од 100 денари, на другар девојката од Камп Ноу му донесе тревка кога беше на службен пат, ете тоа е трева, а тој се прерадува како мало дете.
Романтичните гестови не се ставаат на кантар за да се види кој колку емоционално тежи. Плус чоколадо Сникерс од некој кој моментално имал 50 денари во џеб, еве мене лично ми има повеќе вредност од скап накит од некој кој има милион во банка.
Ниско е да коментираш дека имаш романтика на високо ниво. Уште пониско е да се потсмеваш на нечиј гест кој сигнлизира љубов.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and corki

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Е дај де кажи какво е тоа повисоко ниво на романтика, дај ни идеја на нас помалку иновативниве.

Романтиката е релативна работа, некому романтично му е чоколадото (макар и сникерс бил), некому и обична ружа од 100 денари, на другар девојката од Камп Ноу му донесе тревка кога беше на службен пат, ете тоа е трева, а тој се прерадува како мало дете.
Романтичните гестови не се ставаат на кантар за да се види кој колку емоционално тежи. Плус чоколадо Сникерс од некој кој моментално имал 50 денари во џеб, еве мене лично ми има повеќе вредност од скап накит од некој кој има милион во банка.
Ниско е да коментираш дека имаш романтика на високо ниво. Уште пониско е да се потсмеваш на нечиј гест кој сигнлизира љубов.
Викаш дека романтика на повисоко ниво значи дека сум полн пари и накити купувам?
Баш напротив, само ми е смешно како толкави возрасни луѓе се радуваат на чоколадо.
 

Traviesa

Истакнат Член
8 јуни 2016
25
15
113
Викаш дека романтика на повисоко ниво значи дека сум полн пари и накити купувам?
Баш напротив, само ми е смешно како толкави возрасни луѓе се радуваат на чоколадо.
Ова дека немаш пмс изгледа. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Ме запроси на убав начин
И како успеа да му кажеш „не“?

Apsopos погорниот муабет, сосема спротивно мислење имам со оноа на @Altaïr
Романтичноста е величината на моментот, на заедничкото сфаќање на пораката што едниот ја испраќа. Не на тоа што го испраќа.
На една дамнешна љубов во средната адолесценција (21-22) и` подарив карикатура своерачна од еден лик од филм што неодамна сме го дискутирале. Се скина од смеење девојчето, и беше ептен драг гестот.
 

Dorina

Активен Член
20 октомври 2017
93
71
28
50
Koga sakas nekoj/a se izgleda romanticno,koga ne go/ja sakas i ona sto mnogumina go smetaat za vrv na romanticnost gubi sekakva smisla.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: corki

Ballet is my life

Истакнат Член
9 јуни 2018
298
105
353
Ден пред мојот роденден дечкото ме викна кај него дома. Кога стигнав се беше нормално. Но кога ја отворив вратата, врз мене се истурија конфети, во целиот ходник имаше свеќи кој светеа црвено и правеа патека која водеше до дневната.Напред на ѕидот имаше плакат на кој имаше наши заеднички слики и пишуваше
Среќен роденден љубов моја
Влегов во дневната каде што патеката од свеќи водеше до масата. На масата имаше секакво јадење, а тој седеше таму. Имаше пуштено и музика Ми рече да седнам. Цела вечер јадевме и разговаравме. Дојде полноќ, ме бакна и ми го честиташе роденденот. Извади едно бело плико и ми го даде. Ми рече:
Ова е мојот поклон убавице. Се надевам ќе ти се допадне. Го отворив и видов 2 авионски карти за во Амстердам. Знае колку го сакам тој град. Бев пресреќна. Ми рече:
Можеш да одиш сама или со уште некој, сама одбери со кого. Го прегрнав цврсто како никогаш до сега. Ме праша
Дали одлучи со кој ќе одиш, или ќе одиш сама?
Му реков: Со кој друг ако не со тебе
Потоа ми пушти едно видео кое го намонтирал. Имаше слики од кога бев мала, и од нас двајца како мали, од тоа како растев, и од сега. Неговиот глас исто беше во видеото. Ме потсети каква бев досега, и ми рече таква да останам засекогаш. Ме потсети на сите моменти во мојот живот, на сите интересни работи кој ми се случиле, на тоа какви се не денови доживеав, на тоа колку ме сака.... ме расплака.
Веќе помина 12 и како и секоја година сите почнаа да ѕвонат за да ми честитаат. Го искчучив телефонот и остатокот од ноќта го поминавме разговарајќи и пиејќи вино. Тоа беше најубавата вечер и најубавиот роденден во мојот живот