Уживам кога...

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Верувам дека имам искоментирано пред година-две на темава и дека од тогаш, ништо се нема променето.

Уживам кога ќе налетам на некој бенд за кој прв пат ќе слушнам и ќе испадне дека е предобар и ќе почнам да им ја истражувам дискографијата и да си мислам: "Добро бе, како можев за бендов дури сега да дознаам?!".
Уживам кога ќе започнам тазе нова серија и ќе ми се допадне и ќе почнам редовно да си ја пратам. Уживам и кога на старата добра серија ќе и почне нова сезона. А најмногу од се, уживам кога ќе си најдам пријател кој ја гледа и сака таа серија и ќе почнеме да дрдориме без прекин за неа.
Уживам кога наредните саат-два ми се тотално неиспланирани и немам никаква обрска и можам целосно да си ги потрошам на кантер. Уживам кога сите редовни играчи ќе се соберем во тие саат-два и почнуваме да се заебаваме до даска, се раздераваме секакви глупости, се исмеаваме, се рчкаме, се кикотиме... Всушност, кој и обрнува внимание на самата игра?
Уживам ко ќе налетам на толку добра книга, што не сакам да ја завршам. Ја читаш и осеќаш дека те менува. Ти помага. Те просветлува. Те советува. Те забавува. Знаеш што... уживам и во нејзиниот мирис.
Уживам да си возикам со точак. Особено навечер, кога нема многу коли и пешаци, кога градот е мирен, кога не е толку топло. Не сум пробала медитација, но претпоставувам дека така изгледа.
Уживам кога ќе ме фати инспирација и ќе добијам некоја идеја и морам веднаш да ја спроведам. Уживам да цртам. Уживам да купувам секакви моливи, тенкоминци, гуми и пенкала кои ќе ми бидат совршени за цртање. Уживам во исчекувањето на новата инспирација.
Уживам да присуствувам на добра свирка, да ме бутка гужвата насекаде, да ме маваат бубњеви и басиште во гради, да почнам да скокам иако не можам да дојдам ни до здив. Уживам во таа енергија. Уживам да бидам дел во таква публика. Уживам да си ги гледам и слушам омилените бендови.
Уживам во рум и цигара. Не сум редовен и страствен пушач, но уживам во рум и цигара.
Уживам во замислување, планирање, купување, правење, јадење, мирисање,.... на пица. Пица е животот.
Уживам кога ќе се најдам во дебата каде што јас и соговорникот ќе имаме спротивна перцепција и упорно ќе се трудиме да си се "разубедиме" со своето искажано мислење. И после сфаќаш дека поминале саат-два и повторно сте на истата точка од каде што сте започнале.
Уживам кога ќе си се собереме друштво и сите ќе си бидеме добро расположени и доколку некој би не посматрал од страна, сликата би изгледала вака: млади луѓенца седат заедно на маса/клупа, ведрина во нивните очи, повремени насмевки на нивните лица, разговор, постојан разговор, повремени испади на јако смеење, тропкање на чаши и шишиња, разменување на грицки и пијалоци над масата,... Уживам во добро друштво без драми и лоши задни намери.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Верувам дека имам искоментирано пред година-две на темава и дека од тогаш, ништо се нема променето.


Уживам ко ќе налетам на толку добра книга, што не сакам да ја завршам. Ја читаш и осеќаш дека те менува. Ти помага. Те просветлува. Те советува. Те забавува. Знаеш што... уживам и во нејзиниот мирис.
Уживам да си возикам со точак. Особено навечер, кога нема многу коли и пешаци, кога градот е мирен, кога не е толку топло. Не сум пробала медитација, но претпоставувам дека така изгледа.
Уживам кога ќе ме фати инспирација и ќе добијам некоја идеја и морам веднаш да ја спроведам. У Уживам во исчекувањето на новата инспирација.


Уживам кога ќе се најдам во дебата каде што јас и соговорникот ќе имаме спротивна перцепција и упорно ќе се трудиме да си се "разубедиме" со своето искажано мислење. И после сфаќаш дека поминале саат-два и повторно сте на истата точка од каде што сте започнале.
Уживам кога ќе си се собереме друштво и сите ќе си бидеме добро расположени и доколку некој би не посматрал од страна, сликата би изгледала вака: млади луѓенца седат заедно на маса/клупа, ведрина во нивните очи, повремени насмевки на нивните лица, разговор, постојан разговор, повремени испади на јако смеење, тропкање на чаши и шишиња, разменување на грицки и пијалоци над масата,... Уживам во добро друштво без драми и лоши задни намери.
Ууууууф ова!
Само што за разлика кај тебе рум и цигарче, кај мене бело вино (највеќе мускат) и добро парче сирење. Во надворешна топла средина, по можност морски бранчиња е совршенството. Иницирачка моќ на креативни мисли и квалитетна дискусија со друштво.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Е ноќ, ден, утро, квечерина,
планинарам,
трчам,
пливам,
не се сончам,
се потам,
читам и пишувам поезија,
си го слушам срцето,
го слушам нејзиното срце,
слушам џез,
не слушам никого,
не носам танга,
насмевнувам лице,
не мразам,
не сакам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Уживам кога сум во природа,поточно во парк,кога возам точак,тоа:)
 

Angel-Alessandra99

Староседелец
2 јули 2015
46
44
628
25
Во светот на модата
1. Кога сум излезена со моето друштво и си разговараме за интересни случки,за симпатии и сл.
2. Кога гледам спортски натпревари,а уште повеќе кога ги гледам во живо
3. Кога трчам покрај Вардар.
4. Кога возам велосипед.
5. Кога слушам музика и кога играм на неа,ако ми се укаже прилика.
6. Кога менувам комбинации и ги фотографирам.
7. Кога одам на шопинг,па макар и ништо да не купам или пак кога само разгледувам.
8. Кога читам книга,списание.
9. Кога патувам.
10. Кога си гледам филмови,серии(не турски) сеедно дали сама или во друштво. Ама со друштво е поубаво,мора да се признае (nod) Посебно во кино. Мераци!
11. Кога сум во театар со друштво,посебно ако претставата е смешна :D
12. Кога си правам селфи слики или пак со другарките:D
...
Уживам во уште многу работи,ама бесмислено е да ги пишам сите.