Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

СирмаВојвода

Истакнат Член
19 мај 2015
20
48
123
Всушност се осеќам како оваа мислење ќе го прочиташ, па го бришам и одново пишувам, па пак бришам и пак пишувам, еве веќе 4ти пат. Како да се плашам дека од некаде ќе ме пројандеш, ќе го причиташ, ќе ме критикуваш или ќе ме погледнеш со небесно сините очиња и само ми се насмееш. И постојано бирам зборови што би можеле да допрат до тебе. И секогаш кога и да го слушнам твојот глас целата треперам и ми се иде силно да те гушнам и така да останам во твоите прегратки. Ама не можам. Не сум до толку силна. Немам храброст ни да ти ги искажам сите мои чувства што цело време ги кријам. Толку многу сум слаба. И осамена. Сакам да ти кажам дека те мислам секој ден, уште од првиот ден откога те запознав. И колку ноќи кога легнувам, ја гушкам перницата толку силно, си замислувам дека си ти. И само си замислувам како ми ја галиш косата додека јас лежам на твоите гради. Ама знам дека никогаш нема ова да биде реалност. Сето ова е само во мојата глава.
Сакам да знам дали и ти барем понекогаш помислуваш на мене? :)
 

heartbroker

Истакнат Член
9 февруари 2015
52
13
108
26
сакам да ти кажам дека не вредиш за тоа што го направив за тебе сакав мојава љубов да ти ја предадам во целост како ретките момчиња што ја даруваат ама не вредиш ме лажеш кога ќе речеш те сакам.Те сакам почна да ти станува навика како обичен збор да изговараш ама доста е нема повеќе прошка го докрши веќе скршеното срце aма сепак јас се надевам дека ќе најдеш подрагоцено срце од ова моево не гибнато не скршено па ќе можеш и тоа да го кршиш. Love you (not) forever
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Еден ден, јас ќе бидам едно твое убаво минато, на кое ќе се потсетиш со насмевка на лицето, и тогаш ќе бидете само ти, сонцето и ветерот во твојата коса.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Љубов моја, те сакам најмногу на целиот свет.
Се надевам дека ти се допадна подарокот, искрено ептен размислував дали тоа или нешто друго.
Се за тебе, зошто го заслужуваш најдоброто :*.
 

rikica01

Истакнат Член
19 ноември 2015
58
20
118
28
Бевме среќни. Уживавме во љубовта , се молевме еден за друг да останеме што повеќе заедно. И на крај што се деси..... Ме уби во трен, ми го смрзна срцето, а ти си замина ни збогум не рече. А јас... Не се сеќирај за мене , ме остави сам како куче на патот, сега во секоја те барам ама никогаш нема да те пронајдам. Одам по патот како жив мртовец и очекувам да се појавиш од некаде за да ти кажам повторно ТЕ САКАМ.......... !!!!!
 

Coccinella

Староседелец
5 август 2016
19
11
1,003
Сакам да те гледам во најголема агонија, со сите маки да се мачиш да преживееш, рака да ми подаваш да те извлечам од дупката и земја да ти фрлам и да заминам.