Сакам да кажам/Сакам да прашам

Ѕид на плачот

Истакнат Член
20 септември 2016
222
113
343
31
Скопје
Ама тој е уште мал.. има само 4 месеца ... го зедов кога имаше месец и два ден,со мене спие .. тешко ми ееееееееее

Претпоставував дека е мало, бидејќи тој не ја знај уште зимната клима и затоа тој сега вака праи, ајде издржи, не се потресувај, може ќе му се подобри состојбата, може не... Но те молам, не прај вака сега... Избриши солзите и гледај напред во животот, ќе си земеш друго куче, исто такво, ако и со него имаш проблеми слични, не зимај кучиња. Имав и еден комшија така куче кај него мораше да умре, не знам зашо. Ја наполнил шумата со 15 умрени закопани кучиња.
Секоја година му умираа, дури помисливме и магии некој да не му праи... Сеуште не знаеме зошто беше тоа така.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: columbiana

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Ве замолувам за помошшш.. Моето куче е болно 5дена.. нема ништо јадено и пиено ... повикав ветеринар ми кажа дека има некој вирус .. 3дена е на инфузија,ама состојбата не му се подобрува ... ве молам некој ако знае нешто нека ми каже :place
Давај му чај од каминилица со малку шекер, јаглен и оризова вода, ке му помогне ако е вирус
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ѕид на плачот

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
СДК нешто во врска по постарите луѓе и со почитта која ние треба да ја имаме спрема нив...
е вака
Вчера во меѓуградски автобус враќајки се од Скопје влезе една постара жена. Позната е тука во околината како побожна жена, мислам дека и манастир има изградено. Цело време колнеше и мрчеше што младите не сакале да станат за таа да седне, а жената си седна, имаше слободни места. Навредуваше цел пат, младите биле вакви, биле онакви, не им вределе факултетите, сите биле прости... колнеше, кажуваше некои морничави клетви...
Потоа заспа и кога со автобусот стигнавме до градот кај што требаше таа да слезе, ние ја разбудивме и баш си зборувавме што ке беше ако немаше кој да ја разбуди, нормално, не добивме фала за тоа ама тоа не е воопшто битно. Кога си слегла женичката фино лепо си ги зела нашите торби кои беа сместени во багажникот на автобусот. После една станица се симнуваме ние и што да видиме, пола багаж ни го нема. Тоа беа торби со храна која не можеме да ја купиме тука каде што сме, бидејки се храниме на поинаков начин, тие работи си ги купуваме од Скопје и обично купуваме количина за цел месец, така да парите наменети за прехранување на нашето семејство беа потрошени на храната во тие торби.
За среќа шоферот ја видел дека таа ги зела и некако успеавме да исконтактираме со нејзе, но за да соработува и да ни ги врати торбите мораше да ја замешаме и полицијата. Денес си ги земавме торбите, ама преполовени и тоа најскапите и најубавите работи ги нема, баш тие за кои што морам да одам до Скопје за да ги купам. На пример кесите со жив сончоглед кој што е прилично ефтин не ги зела, ама затоа си се почастила со јужни овошја, маслинки и скапи зачини.
Епа добро бе, ако може некој така да се однесува, како може жена на тие години, баба, побожна, со манастир и такви работи, да краде од рандом луѓе без трошка срам. Па веке кога ја открија, зарем не и беше срам да си задржува храна за себе?
Можеше да се однесува пољубезно, можеби по грешка ги зела торбите или барем можеше така да каже, па од благодарност и ке и дадевме нешто, тоа воопшто немаше да биде проблем, ама вака...
И не ми е толку криво за она што не ми е вратено, иако сега не би можела да си го дозволам повторно овој месец, туку се полнам со гнев што толкаво значење и се дава на таа старост, демек мудрост, знаење и незнам какви се добри особини носи староста со себе а тоа никаде не можеш да го видиш.
Не требаше да ја разбудиме, требаше да се разбуди во друг град и да се чуди кај е.

Ми текна дека за ова имам зборувано, еве ми го мислењето во спојлер
Интересен феномен кај Македонскава раја има. Жени кои постат, одат во црква, јадат грав во Петок и се претставуваат како христијанки. Истите тие жени го имаат најпоганиот јазик, одат и ја прераскажуваат историјата на секој човек кај што ќе стигнат, гледаат само како да напакостат некому, покажуваат со прст кон секој кој е поразличен од нив. Луѓе кои за сопствена корист ќе те продадат заедно со парталите. Луѓе кои иако не се безгрешни немаат проблем да фрлат со камен. Луѓе кои се хранат од туѓата несреќа, се ситат и со помош на нивната имагинација од мравка прават слон. Но, се декларираат како многу "побожни", трчаат по попови и палат свеќи.

Кога ме прашаа еднаш дали сум верник и кога не го добија она силно "да", почнаа да ме гледаат како сатанист да сум. Вистината е дека мојата верба и мојата спиритуалност не можам да им ги опишам на таквите луѓе како нив. Затоа што и јас не знам. Сум размислувала на оваа тема, сум читала и сум се пронаоѓала себеси во разни сокачиња на религијата, ама сепак не можам да кажам дали сум про или контра. И многу мразам кога ќе ме прашаат на оваа тема. Затоа што ако почнам да се објаснувам со луѓе кои ништо не прочитале или погледнале настрана од она што им се пласира, џабе се објаснувам. Ако речам да, не е така. Ако речам не, подоцна ќе си слушнам муабет дека сум сатанист.

И гарантирам дека јас, уште што не знам точно на што сум, сум поголем "верник" од нив. Затоа што не можеш да живееш ситејќи се на туѓа мака, а потоа да палиш свеќа и да мислиш дека си добар човек. Не си. Затоа што добрината на човекот не се мери во бројот на свеќи што ги запалил или бројот на денови што постел.

Јас лично познавам особа што оди по цркви и по манастири и пали свеќи а ја имаат фатено како излегува од многу лоши места поврзани со црни магии. Мислам, не дека верувам во ефектот нивни, не е тоа поентата на постов мој, сакам да кажам дека има луѓе кои однадвор делуваат како најдобрите луѓе, а внатре се Луцифер да им подзавиди.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Заправо тие "побожни арамии"се најопасни во општеството,..тие ќе крадат,а ние мора да им веруваме(аха,ќе си го прашам ѓоко):)
Други пак се полукави и чекаат други да украдат преку порези за нив да им доделат субвенција...
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ми текна дека за ова имам зборувано, еве ми го мислењето во спојлер

Јас лично познавам особа што оди по цркви и по манастири и пали свеќи а ја имаат фатено како излегува од многу лоши места поврзани со црни магии. Мислам, не дека верувам во ефектот нивни, не е тоа поентата на постов мој, сакам да кажам дека има луѓе кои однадвор делуваат како најдобрите луѓе, а внатре се Луцифер да им подзавиди.

Нема потреба од црни магии, самата мејнстрим религија е култ на смртта и за 1000 години резултатите се тие, формирање на срање карактери.
 

rikica01

Истакнат Член
19 ноември 2015
58
20
118
28
Не знам дали сум во криво или во право мое мислење е дека македонскиот менталитет е таков. Знаат само да колнат и ставатват нож во грбот ништо друго не знаат.