Книжевен предизвик за 2016та

Колку книги ќе прочитам годинава?

  • 5 книги (level existence :D )

  • 10 книги (ептен лагано)

  • 15 книги (leitmotif)

  • 20 книги (средно, едно со едно)

  • 30 книги (Nescafe strong)

  • 52 книги (мењам долен веш, еднаш неделно)

  • 100 книги (level Impossibiru)


Резултатите се видливи откако ќе гласате.
Статус
Затворена за нови мислења.

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
11. Играта на Де Ниро - Рави Хаж (248)
Книгава ја причитав во еден здив. Многу ми се допадна. И приказната и стилот на раскажување. Начинот на кој објаснува те тера да мислиш дека Бејрут дури и кога е бомбардиран е убав град. Иако го опишува како место каде што има само разрушени домови, многу ѓубре, а воопшто нема дрвја, сепак страста која ја пренесува ти остава таков впечаток. Истото важи и за другите работи, оние едноставни и секојдневни. Од присуството на мајка му дома, до вожњата со мотор, до јадењето пита/бурек, до дружбата со најдобриот пријател, пиењето, зезањето,... Има љубов, има страст помеѓу овие страници. Читаш и на моменти си благодарен на сопствениот живот и на се што најчесто го земаш здраво за готово, а воедно на моменти те тера да копнееш по повеќе, да сакаш да направиш нешто добро за себе си. Добра книга.
4,8/5

12. The Diamond as Big as the Ritz & Other Stories - F. Scoot Fitzgerald (236)

Збирка приказни кои ти создаваат опсесија. Читаш една, целосно се внесуваш и те тера да започне друга. Го обожавам Фиц, значи! Иако до сега имам прочитано само една книга од него, односно The Beautiful and Damned, доволно ми беше за целосно да се вљубам во неговиот начин на раскажување. Што знам, можеби е до него, а можеби е и до периодот во кој живее и твори, па затоа англискиот звучи толку убаво. Ќе ја издвојам токму таа приказна на чиј наслов е вметнат во името на книгата, "The Diamond as Big as the Ritz".
4,5/5
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
5. Опасно Блиску - Линвуд Баркли
Пред некој ден ја почнав книгава, има 425 страни, а јас околу 4-5 глави имам само пројдено. Одлична е засега.
Тричлено семејство е убиено во својот дом во Промис Фолс, а нивниот сосед-тинејџер, Дерек, е очевидец кој не може да сведочи поради една причина/тајна. Како што се развиваат настаните, Дерек открива дека тој и неговото семејство всушност биле мета на напаѓачите, но ни самиот не знае зошто... или бар така се теши (или бар така пишува во preview-то, не сум стигнала уште до тајните што треба да ги има секој член од семејството).
Претежно сакам на англиски да читам пошто преводот секогаш одзема од приказната, ама татко на другарка ја имал, па ја позајмив.
Од Матица е, па преводот и не е така лош, освен што, за овие 50ина странички има многу печатни грешки, џабе ја пишале лекторката.
Ќе дадам оценка нареден пат.
Оваа не беше лоша, само делуваше премногу нафрлана со дешавки и плот твистс, дури до степен на форсирање, што после некое време не се ни трудиш да одгатнуваш. Само читаш и цепаш дури не стигнеш до крај. Фина, ама една обична 7ца мислам дека е доволна.

6. Siddhartha - Hermann Hesse (152 страни)
Знам дека книгава има некој култен статус, ама мене ми беше прилично мех...
На богато типче му здосадува тој начин на живот и трга да се открие себе. Може порано имало вау фактор, ама со актуелизацијата на фејсбук мудрости, се осеќав ко постојано да ги читам Семе Синапово и Сузе Турунџиева. Ко додаток на тоа, го имате и неговото другарче Говинда, кое со страници го опишува ко Бог и очигледно гаи скриени страсти кон него, па си викаш иди бегај, поарно порнич што завршува со брак да пуштев.
Материјално вс. духовно... бар во модерново време е тема пројдена милион пати, веројатно затоа и од денешен аспект делува досадно. 7/10

7. Dream Psychology - Sigmund Freud (100ина странички)
Овде и нема што многу да се збори. Нема ликови и уметничка вредност за анализирање.
Сонот и како настаните што ни се случуваат во поблиско или подалечно минато влијаат врз тоа што (ќе) го сонуваме, претпоставки зошто мислиме дека сонот може да претскажува идни настани, итн, итн. Своевремено, дефинитивно била добра, детална анализа. Во денешно време, again, многу делови се прилично очигледни за модерниот човек. Сепак една солидна 8ца.

8. Lord of the Flies - William Golding (208 страни)
Ова е веќе книга во која уживав. Ја обработува темата што би било кога светот би бил препуштен на слободна волја и не би постоеле никакви закони, туку секој за себе би решавал до кој степен да се препушти на инстинктите.
Главните улоги ги играат деца на возраст од 6 до 12-13ина години, и тоа ја прави целата атмосфера појезива. Деца што се обидуваат да воспостават ред по примерот на возрасните, но полека се препуштаат во канџите на дивјаштвото. Постојано се провлекува прашањето дали луѓето сме родени злобни и само стравот од казна е она што нѐ држи зауздани. Алегории - глава боли. Препорачувам. 10/10

9. Mrs. Dalloway - Virginia Woolf (214 страни)
Уште една досадничка книга, али бар лесна за читање. Нек се угоде. Низ сите овие страни, всушност се опишува еден ден од животот на Клариса Далоуеј - средовечна жена од високото општество, која нема што друго да прави со животот, освен да оганизира забави за подеднакво снобовските пријатели, каде сите се преправаат дека се забавуваат и почитуваат меѓусебно. Чат-пат, книгата се навраќа во минатото на Клариса, кога била млада и сакала да е дива и слободна ко пријателка ѝ Сали (инаку сега досадна, дебела госпоѓа со богат маж) и се двоумела дали да бира со срцето или разумот.
И тоа се деловите со носталгија и карактерни особини, каде има какво-такво уживање во книгата. 7,5/10

10. Игра на туѓ терен - Александра Маринина (293 страни)
Да ми се живи Бегемот со книгиве бе! Маринина ја немам сретнато порано, али прочитав дека и нема баш многу англиски преводи на нејзини книги (две само, мислам), но женава има многу убав стил на пишување. Му иде нешто ко руската Агата Кристи, чиј Поаро е Анастасија (Настја) Каменскаја - навидум обична и невпечатлива, но преинтелигентна млада жена, која некогаш и себе се изненадува со своите дедукции и одлуки.
Во овој дел, Настја оди во „Долина“ да лечи повреда на грбот, но набрзо сфаќа дека тоа всушност и нема да е баш одмор. Таа е вовлечена во интриги со шармантни господа, убиства, малолетничка проституција и чудни фетиши на богати батки. Бидејќи нејзиното време таму е одбројано, а не смее да биде сомнителна, Настја мора да наоѓа начини брзо и ефективно да стигне до точни одговори, прибирајќи информации од секого, а не верувајќи речиси никому, и сето тоа дури се бори со колегите, кои некогаш се сомневаат во нејзината способност само затоа што е жена.
Дефинитивно сакам уште нешто од женава да прочитам. 10/10

11. The Mysterious Affair at Styles - Agatha Christie (низ нет има податоци од 150 до 288 страни... мојава на таблет е 153)
Кога сме веќе кај Агата, ова е нејзината првоиздадена новела, каде го запознаваме Херкул Поаро.
Од вчера само две глави прочитав, па не можам многу да коментирам. Уште ни убиството не е десено, ниту па Поаро е нешто посебно претставен ко за првпат.
Ќе видиме натака. :zelen
 

Стојче

Истакнат Член
27 декември 2015
18
11
303
121
И ја на мувите би им дал 10/10 од чиста причина што како литературно дело, навлегува во мрачните катчиња на социјалната психологија. Книгата ја покажува тенденцијата на луѓето инстинктивно да носат одлуки како резултат на некои механизми кои ќе доведат до сплотување на групата со наоѓање на заедничкиот непријател против кој ќе се бори цела група, нешто што го забележуваме и во реалноста, а се случува во рамките на едно друштво, организација или држава. Обработува теми како специјализација на групите кои функционираат во рамките на една целина (едните се грижат за оганот, другите внимаваат да не дојде чудовиштето, трети ловат итн.) и ред други појави, сето тоа прикажано како некоја прича во која деца паѓаат на некој остров за време на војна.

Од аспект на стилско изразување, книгата е напишана така што лесно може да се разбере и со едноставен јазик, објаснува релативно комплицирани појави. Наративот е одличен и на емотивно ниво, побудува емпатизирање со протагонистите, чувства на презир кон антагонистите, тензично расположение и ред чувства кои авторот како уметник, успева да ги пренесе на читателот.
Голдинг е мајстор кога станува збор за опишување на социјална филозофија и политика, нешто што му било интерес во животот покрај пишувањето.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
За едно момче - Ник Хорнби (309 стр. Табернакул)
3/5
Многу ретко се случува филмот да ја надмине книгата... Во овој случај тоа е најмногу затоа што книгава изобилува со многу хаотичност во меѓучовечките односи. Иако стилот е едноставен и големата слика е тука, сепак малите нешта што самата книга ја водат изнудуваат голем напор за да бидат видени онака како што писателот би посакал. Првата половина има многу повеќе смисла, логичностите се повеќе блиски за било кое рандом модерно семејство.. Проблемот настанува кога работите си легнуваат на свое место за да во вториот дел во 2-3 поглавја се изгуби целосна логика и почне одново. Баш како ништо да не било предтоа. Крајот малку поразличен од оноа што човек би можел да очекува, но остава многу прашања неодговорени. Иако поентата е постигната, двата главни лика и нивното обратнопропорционално созревање е се` кон што книгата цели, сепак крајот ме остава збунет со многу прашања околу самите протагонисти како и ризик факторот кој во реален живот е секогаш тука присутен. Не дека книгава е нешто лоша, но мислам дека е пренатрупана со непотребни скршнувања кои се тука едноставно да скршнат од патот но не и да ја илустрираат логиката на нештата. Целата приказна ветуваше многу повеќе, а понуди само отворени прашања и збунетост.
 
Последна промена:

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
17. „Убилачки идентитети - насиље и потреба за припадањем“ - Амин Малуф (204 стр. Лагуна - српски)
5/5
Иако скромно опфаќа еден огромен дел апропо идентитетот на секоја единка во едно општество, сепак неговиот опис е доста темелит и допира до секој кој се соочил со ваквиве чести општествени проблеми на потесен и потоа на глобален план. Иако е пишана пред неполни 18 години, некои од проблемите се предвидени до најфините можни детали. ја препорачувам за сите оние кои погрешно сметаат дека космополитизмот значи и сличност во сите полиња, најчесто културолошки и општествено. Топла препорака исто до сите политиколози, делово иако малку загребува на површината, ќе ви отвори голем број на видици за прашањата кои катадневно си ги поставувате. Има доза на пристрасност кон ориентот во одреден историски период, но во голем дел е неутрално. Малуф знае тоа добро да го постави.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
18. Појадок кај Тифани - Труман Капоти (109 стр. Антолог)
4/5
Почнав со големи исчекувања дека ќе се одвива буквално како во филмот. Па сепак некои работи за кои подоцна сфатив (како што се одвива прикаската) дека ги нема, ме одвратија малку од читањето. (тоа се тие капитални грешки кога прво филм па книга). Како и да е, оставив прикаската да ме води до самиот крај и не зажалив. Повеќе сурово отколку што Холивуд пробува(ше) тоа да го смекне. Препорачувам ако ништо друго, сета таа слика за човекот и неговото вечно бегање од самиот тој како и смислата да се биде слободен од спрегите кои мислиме дека други ни ги наметнуваат. Секако ќе оди на Re-read листата
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
13. Неопределен предел - Петер Штам (146)
Мех, ништо посебно. Ја исчитав во една смена на работа (јбг, понекад работата е ептен спора), малце ми беше флегматична, но не е ни толку лоша. Го осетив тоа чувство на сафра која ја мачи главниот лик, been there - done that. Океј книгиче, колку да утепаш време.
3/5

14. Додека умирав - Вилијам Фокнер (195)
Депресивна книга. (толку.)
3,5/5

15. А потоа... - Гијам Мисо (339)
Конечно да ми дојде негова книга при рака. Всушност, две. Иако книгава ми е типичен американски блокбастер и се осеќав константно како да ми поминуваат десетици филмови низ глава, сепак ме тераше да ја читам. Веројатно зошто постојано опишува делови од Њујорк. Океј, и приказната не е до толку лоша, ми се допадна според мене главната порака, односно филозофијата дека животот е прекраток и треба да се цени секој ден кој треба да се искористи максимум.
4/5

16. Централ парк - Гијам Мисо (316)
Оваа ми се допадна каде-каде повеќе од првата. Многу позаплеткана приказна до ликови подлабоко разработени. Во прицнип, до самиот крај ме држеше во неизвесност, во мистерија. Крајот е доста неочекуван, иако не перфектен според мене. Интересна книга, во секој случај.
4,3/5
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
19. „Долг пат до дното“ - Ник Хорнби (321стр. ТРИ) 4/5.
Симпатично ведро книгич(шт)е, иако главната тема на истото е за четири лика кои случајно се наоѓаат на врв на една зграда со умисла да извршат самоубиство. Раскажано во прво лице еднина од секој лик со своја слика и приказна, секоја различна. На прв момент читателот има „дојам“ дека се работи на мерење на тоа кој лик ќе испадне помизерен и поубедлив во неговата причина зошто сака да си го одземе животот, но подоцна, кога работите лека полека ќе се надополнат меѓусебно со минатото кое ги прогонува, се отвора нов свет за кој самоубиците општо никогаш немале храброст да пристапат, што од срам од сожалување, недоволно доверба, инает... Лесен стил, понекаде малку одвлекува внимание со непотребни факти околу шоу бизнисот (мислам дека авторот е некој новинар), во главно не остава траги на горчина кога ќе го завршите.
Филмот не го препорачувам, премногу е лесен, штета за добрата актерска екипа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.