Брачно неверство

srcu6ka

Нов член
22 март 2013
11
3
3
Ок бе вие паааа тоа е мое мислење и пошто имаше прашање погоре КОЛКУ СУМ СИГРУНА ДАЛИ ЌЕ ГО ОСТАВАМ и ете одговарам 100 % сум сигурна, пошто маж којшто ја сака својата жена ни на сон не би ја изневерил... значи нема смисла да живеам со човек кој не ме сака.. а децата.... децата еден ден ќе пораснат и ќе тргнат по свои патишта сигурно нема со мене да се замараат.. поздрав

Девојчето оди на карта одмазда мислејки дека ке добие а напротив ке изгуби...
децата се тие кои треба да одлучуваат дали ке останат со таткото нели?
Не јас ништо не губам губи тој што ќе си го растури семејството за некоја си......
 

The High Commander

Староседелец
2 мај 2012
206
131
1,043
122
Ја потполно се слагам со девојкава. Не може да се реши проблемот, ко што викаше некој, не е битно ни дали таа е причината... После неверство, врската е уништена. Не може да има доверба.
А за децата подобро е да растат со разведени родители отколку со родители што не се поднесуваат.


А башка прашање е дали човек би бил способен да прости такво нешто. Значи не е само во игра идејата дали е добро да се прости или не. Не секој може премине преку тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: srcu6ka

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Ок бе вие паааа тоа е мое мислење и пошто имаше прашање погоре КОЛКУ СУМ СИГРУНА ДАЛИ ЌЕ ГО ОСТАВАМ и ете одговарам 100 % сум сигурна, пошто маж којшто ја сака својата жена ни на сон не би ја изневерил... значи нема смисла да живеам со човек кој не ме сака.. а децата.... децата еден ден ќе пораснат и ќе тргнат по свои патишта сигурно нема со мене да се замараат.. поздрав
Се е тоа добро, но што додека пораснат? Сигурна ли си дека можеш да им обезбедиш безгрижно детство? Затоа што има еден многу битен факт - децата се како сунѓери. Впиваат и тоа што треба и тоа што не треба. Не знаат да разликуваат добро од зло, се до еден стадиум каде што подоцна би се рефлектирал и во нивниот подоцнежен живот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and MoonFairy

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Никогаш не вели мене никогаш тоа нема да ми се случи. Бракот е многу сложена заедница и со годините за жал , понекогаш станува навика. Двајцата се губат во секојдневието, обврските ,проблемите и борбата за опстанок. Живеат заедно, но стануваат странци. Секој ден се гледаат , а не се погледнуваат.
Во тие моменти и најмалото внимание станува најголемо искушение.
Не оправдувам неверство, но тоа се случува токму тогаш кога дома нешто не штима подолго време. Тоа станува бегство од себеси и проблемите. Малку среќа во големата несреќа наречена брачен бродолом. Во потрага за љубов добиваш илузија на љубов, а некогаш и вистинска љубов.............
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ѕид на плачот

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Ок бе вие паааа тоа е мое мислење и пошто имаше прашање погоре КОЛКУ СУМ СИГРУНА ДАЛИ ЌЕ ГО ОСТАВАМ и ете одговарам 100 % сум сигурна, пошто маж којшто ја сака својата жена ни на сон не би ја изневерил... значи нема смисла да живеам со човек кој не ме сака.. а децата.... децата еден ден ќе пораснат и ќе тргнат по свои патишта сигурно нема со мене да се замараат.. поздрав


Не јас ништо не губам губи тој што ќе си го растури семејството за некоја си......

За кратка авантура, флерт или како сакаш кажи НЕ СЕ РАСТУРА БРАК. Ако некој од сопружниците се вљуби во друг , тогаш е сериозно и тогаш тој или таа го растура бракот. Кога имате деца , вие не сте важни , ВАЖНИ се ДЕЦАТА и нивното воспутување, емоционални трауми и се што разводот носи. Секогаш МИСЛЕТЕ НА ДЕЦАТА кои сето тоа треба да го поминат во своите душички.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ѕид на плачот

orhidea

Староседелец
2 мај 2015
23
23
1,003
39
Добар ден на сите нова сум на форумов ,случано налетав на темава па решив да пишам .Ке биде малку подолго али морам Можете да плукате мавате по мене нема да ми смени ништо ,едино сакам да ви го претставам неверството од другата страна да, да ,од страната кога жена изневерува
Мажена сум 15 години се омажив многу млада на 19 години после 5 години врска со тој дечко, го сакав повеке од животот мој За деца се помачивме повеке со судни маки и компликации опасни по мојот живот се изборив да дојдам до дете Првите 2 години беше се прекрасно без никакви кавги ,проблеми се како што секој би посакал ,за мене он беше Бог постепено почна да се менува се помалце време беше дома у мегу време останав бремена со ризична бременост него никаде го нема ,а и парите почнаа мистериозно да изчезнуваат од дома а и сето злато али за кратко додека не ми светна и додека не разбрав дека он игра комар и се коцка Тоа траеше 8 години се роди бебето он не дома пари ни за прашок не остава јас кријам пари он ги најде па ги изкоцка ,кај го нема да ти помогне па и пари ти краде Трпев ,трпев се за детето да не е без татко а за развод не не идеше у обзир моите немаа појма ништо и не подржуваат развод они се конзервативни у духот на Како си го одбра таков ке си го водиш Ај помина некако и тој период после многу кавги и неколку пати бев и тепана од него али не кажав на никој тука беше и муабетот ако ен ти чине оди си После почна пак да го нема дома ама овој пат пари не фалеа дома не ги крадеше, петок сабота си испаѓа како ерген наутро се прибира неработи ништо а за сето тоа време да напоменам ок однос имаме и супер секс од ниедна страна не беше запоставен што сакаше се добиваше После некои 5-6 години курвање го разбирав со која како што факав пораки а отпосле разбрав дека и со моја колешка од работа се гледал а она идеше кај мене дома на кафе ,после тоа реши да оди да работи во Словенија и замина
Јас останав со детето дома веке и тоа порасна а он си доага 3 пати годишно и се гледаме по 3 недели некаде Во мегу време јас запознав човек од еден соседен град и почнав да се гледам со него еве веке 3 година Супер ми е со него ,секојдневно се слушаме на телефон се гледаме редовно си имаме изнајмен наш стан исто така да напоменам дека и он е женет постар од мене е 8 години За него немам ни еден збор настрана да кажам перфектен човек што ке каже исполнува си стои на збор Знам само дека се заљубив во него и не жалам за ништо истот го вели и он за мене , решив дека и јас треба да живеам се зближвме премногу со него
Знам дека ке ме осудите и секако навредувате али ок е ке ви простам на сите бидејки и јас истото порано го мислев кога ке дознаев дека некоја жена изневерува али ете и јас истото го правам свесна сум за тоа и за ризикот кој ми виси над глава
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Mnogo Bitno

orhidea

Староседелец
2 мај 2015
23
23
1,003
39
ете дојдов да се пријавам и да ви кажам дека уште сум со истиот човек и преубаво ни е
ви посакувам на сите срека и убав и исполнет живот
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Значи малиот од Игор Џамбазов се поправил и станал примерен тато кој ја сака и и помага на мама ?? (wave)
 

Ѕид на плачот

Истакнат Член
20 септември 2016
222
113
343
31
Скопје
Никого не осудувам, животот не носи насекаде, искушенија премногу, денеска сме горе, утре доле... А, пак, задутре... Два метра под земја.
Секој човек си го бара она своето трошка среќа, задоволство, спокојство, ако мисли дека го пронашол - тогаш уџум ќе фати, со раширени прегратки кон тоа.
Дали има деца,или нема... Децата ќе пораснат, секој по својот пат, како што прочитав во горе-коментарите.
Дали детето ќе трпи последици ил`не... Не ги интересира. Дали ќе изумри во него сето, пак не им е гајле и алал нека им е на таквите родители. Безгрижни.
Во мојов живот до сега, сум искусила и доживеала доста за да знам што е правилно,а што не. Пак ќе се повторувам, луѓето ние се лажеме... И Ева го излажала Адама... Не осудувам, али брачното неверство не го ни оправдувам. Зошто?!
Затоа што сите знаеме дека љубовта поминува со тек на годините... Ама што останува? Треба да го негуваме она што ни преостана од сета таа волшебна љубов што сме ја имале пример. Разбирањето, почитта останува... Сеќавањата и најглавно навиката да ја гледаш таа особа до тебе наутро кога ќе отвориш очи.
Ама несвесните луѓе, се` фрлаат во вода и сеедно им е. :) Дали со деца или без деца, а оваа тема особено ДЕНЕС, ептен е распостранета и секој еден, си ја изневерува жената,а и обратно. Машко/Женско исти се. Треба да се обврне внимание искрено, да се отворат брачни советувалишта, ама луѓето денеска и креваат раце од се,ако не им чини, не се ни трудат да поправат нешто... Да усовршат, забавно им е да се шлаат по хотели, со девојки, голем безобразлук имаме, преголем. Да ми кажат сега дека ќе ме убијат, дека нема да осетам никаква болка у сон, би прифатила. Само да исчезнам од овој безобразен, суров свет, свет во кои не ни преостанале МНОГУ ЛУЃЕ... Човечноста одамна се сокрила во пештера и не излегува.
 

Falanga

Истакнат Член
10 април 2016
350
293
173
42
ете дојдов да се пријавам и да ви кажам дека уште сум со истиот човек и преубаво ни е
ви посакувам на сите срека и убав и исполнет живот

Јас не те осудувам, дури и те охрабрувам. Животот е е еден и треба фино да се живее. Има толку многу неубави работи што све што прави задоволство треба да се прифаќа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: orhidea