Предлози за серии

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
The Night Of

the-night-of-poster_FULL.jpg

Одлична крими-драма. Пакистанецот Насир ќе запознае девојка со која ќе ги помине сите ограничувања во својто живот во една луда ноќ. Утредента се буди и ја наоѓа избодена до смрт. Тој тврди дека не го сторил тоа, но е главниот осомничен кој завршува во затвор. Добро замрсена приказна со сеуште малку докази за било што, кои те тераат да застанеш де на страната на Насир де на страната на полицијата. Баш сакам да видам како ќе заврши.


Stranger Things

strangerthingsposter.jpg

Добра комбинација на sci fi елементи со трилер моменти во драматична приказна. Отткако малиот Вил ќе исчезне една вечер, неговата мајка ќе започне да верува во натприродни сили (поради одредени соочувања) и ќе започне да го бара својот син, таму каде што полицијата не ни помислува. Воедно, другарите на Вил во соработка со Елевен прават своја персонална потрага. Сега за сега, до пола сезона сум, така да не можам да зборам во целост за серијава. Но, ми се допаѓа. Иако има претерано натприродни елементи, сепак интересна ми е приказната. А поготово кинематографијата и стилот и духот на 80-тите.

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara and Altaïr

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
The Night Of многу ја фалат, јас не сум ја почнал уште. Стварно е толку добра или не баш?
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
The Get Down

the get down tv series poster.jpg

Серијава е партали. Цакум-пакум комплет се е пре-крас-но. Од приказната, до глумата, кинематографијата, музиката, ликовите, графитите, танцот, рапот, емоциите, 70-тите вајб. Не знам ни како да ја објаснам, толку е богата со детали и толку е перфектно опишан животот на црнецот/латино-американецот во 70-тите години во Бронкс. Дури и да не си заинтересиран за рапот (што е преплетен во се, најголем акцент на него се става, покрај секако драмата и секојдневната борба за опстанок), серијава мора да се изгледа. Само 6 епизоди, но перфектни.

 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Trial & Error (2017)
trialanderror.jpg


Случајно прочитав за серијава баш кога ми требаше нешто кратко и смешно за ладење глава.
Лери е осомничен за убиството на својата жена (која починала на ист начин ко и првата негова жена), но во местенце како Ист Пек, ништо не оди ко што треба, па затоа случајот се замрсува и повеќе од потребното. Мислејќи дека адвокат од „големото доброутро“ може да го спаси, му најмуваат новајлија кој никогаш досега не бил главен во некој случај.
И тука бетер се замрсува.
Ликовите се кој од кој поудрени и изгубени, а стереотипите и исмевањето на истите се одлично доловени. Имаме афери, реднек и не многу бистар „детектив“, секретарка (т.е. не ѝ се ни знае професијата) со триста дијагнози, референци кон вистински криминални случаи, како и одлично доловување на тоа како документарки од типот на Making a Murderer влијаат врз масите.
Хуморот е нешто што само би се опишало ко интелигентно-ретардиран. Ма, совршен! Делува наивно и глупо до моментот кога ќе сфатиш дека такви ликови се инспирација од реалноста. Претежно гледам серии и филмови со poker face и премија е ако се поднасмеам малку, а овде се смеам на глас на некои сцени.
Ако утре ви е досадна недела, комотно можете цела сезона да ја изгледате пошто се само 13 епизоди од по 20ина минути.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Strange Angel, серија во чиј центар е Jack Parsons, научник кој што го создава ракетното гориво без кое NASA ќе беше ништо.
Се надевам дека серијата нема да биде нискобуџетна како што беше филмот на Bruce Dickinson, Chemical Weeding - кој што е филм за Кроули.

Сега за сега, серијата е ветувачка, има некои промашувања во однос на Гностичката Миса, но ќе видиме како ќе се одвива целата сказна, бидејќи Jack Parsons беше иницијант во О.Т.О., Мајстор на Агапе Ложата во Америка. Сигурно со текот на времето серијата ќе станува се почудна :)

П.С. JPL или Jet Propulsion Laboratory - NASA, Jack Parsons е еден од основачите ... некои се шегуваат дури и декa JPL значи Jack Parsons Laboratory :)

 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Ако ништо друго, бар 2020та донесе интересни серии за гледање.
Овие две серии ги изгледав за рекордно брзо време (читај: по еден ден од серија) и би ги препорачала секому.

The Haunting of Bly Manor (2020)
Ако ја имате гледано првата сезона т.е. The Haunting of Hill House (ако не, задолжително), сигурно ќе ви се допадне и оваа, иако не е полна со jump scares ко првата. Но, таа меланхолија е и баш она што ми се допадна (можеби има некои спооори моменти, но простено им е). Ми се допаѓа и што серии ко оваа и AHS даваат различни улоги на истите актери.
За содржината нема што многу да се објаснува бидејќи самиот наслов кажува. Млада жена, бегајќи од своето минато, заминува за Велика Британија каде наоѓа работа како дадилка на две преслатки, но малку чудни дечиња, а набрзо дознава дека не се само дечињата што е чудно во таа куќа. Децата глумат толку предобро и се толку шармантни, што со другаркава се топевме и чудевме на нивниот талент.
На крај, мислењата ни останаа сосема спротивни, освен што се сложивме дека претпоследната епизода беше најдобра, другарка ми ѝ дава 1, јас 4,5.
Таа остана индиферентна, јас дома се изнаплакав на крајот бидејќи приказната ми остави некој слатко-горчлив вкус. Приказна за пожртвуваност, неисполнети желби, страдање, пронаоѓање себеси и безусловна љубов во време кое не е многу далечно, но не дозволувало баш да бидеш она што си.
Крајно, if everything else fails за ваш вкус, бар забавно е да се бараат духовите во позадина, кои се мајсторски скриени. :)

Ratched (2020)
Oh boy... од каде да почнам пак за оваа. Веројатно најпрвин од тоа што актерската екипа е составена од жени како Сара Полсон, Синтија Никсон и Шерон Стоун (како прекрасно старее женава, леле).
Дејството се одвива во 40тите години на минатиот век, каде Милдред Рачед (Полсон) успешно се протнува ко медицинска сестра во елитна психијатриска устанува и набрзо му влегува под кожа на Др. Хановер - главниот т.е. единствен доктор во Лусија Стејт Хоспитал, кој е опседнат со идејата да направи нешто револуционарно од областа на психијатријата. Тука ја вклучуваме нефамозната лоботомија, хипнозата, како и „лечењето“ хомосексуалност со помош на шок-терапии каде пациентот го фрлаат од врела во ледена вода. Кул.
Сестра Милдред е во болницата поради лична, тајна и мрачна причина, но нејзиниот престој таму ќе ја натера да преиспита многу делови од нејзиниот живот, вклучувајќи го и себеприфаќањето.
За разлика од погорната, во оваа серија може да се случи да трепнеш и да пропуштиш битен детал. Не знам за други, ама јас на моменти се спојував со екранот. :D
 

Proton

Староседелец
12 февруари 2012
148
279
1,063
Скопје
Dogs of Berlin @ Netflix, после првата сезона ќе пребарувате на Google кога ќе има втора :)

Трејлер: