Личен дневник

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
А бе оваа мачнина.. Оваа дупка има ли дно бе?? Гневна сум, бесна сум, изиграма сум.. И мразам дволични луѓе.. И се мразам себе си што толку верувам на луѓето.. Мразам што сум третирана како робот.. Мразам што не можам бесно да изнакажам што ме мачи за да не ги повредам..
Мразам што ќе плачам пак...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

Beauty&Beast

Староседелец
11 септември 2015
739
808
1,103
;)

13935005_1070408086387302_2805173118927931961_n.jpg
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Интересно е како човек се менува низ годините. Живее години и години со своето его (edge God out). Го храни како канаринец во кафез и самиот тој станува и канаринец и кафез, би требало да е благодет да си две нешта во животот, но не е така. Добар заклучок кој може некој да го донесе. Можеш и ти ако доволно го бараш. И така неколку утра се будиш во исто време, не можеш да разбереш зошто тоа ти се случува. Го поврзуваш со несоница и уште една после неа и уште една, како нешто да те силува (милува) константно. И така еден ден се будиш со едно големо благодарам во градите, што воопшто постоиш и се е поинаку. Немаш повеќе амбиција било што да сториш, сакаш и се препушташ на тоа што си и постоиш, без малициозност во себе, ниту ригорозност, ниту апатија за емпатија, доволно е што само си тоа што си. Твоите очекувања кон средината и луѓето во неа се еднакви на тоа што тие очекуваат од тебе, иако се работи за равенка со три непознати, јас, ти и животот, доволно фер да го изговориш и примениш, а применуваш само препуштање на космосот и се што досега не е објаснето. Живееме, умираме и како тоа да е бескрај кој не го разбираме, само го боиме во илјада бои, ако кажам чувства ќе навредам некого, умешно го сокривам и метафорирам, затоа што бојата дава само живот, која ја посакуваме и кога ќе не нема, и црната е убава сламка за која се фаќаме. Не сакам да развлекувам, затоа што тоа ни е во природата, да траеме до недоглед, а јас сум сега само импулс, затоа што ќе се создадат ако кажав илјада бои, некои ќе побараат милион, а се што сме само момент, во времето кое е вечно и никогаш нема да го допреме неговиот ковчег, помири се и уживај во него, како да не постои, биди само ти и сите, две нешта кои обединуваат, изворот не брои капки, само тече и не говори ништо.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and MATEJA

Xenia

Староседелец
4 април 2016
68
87
1,018
Narnia
Скриената насмевка,
онаа што поткрева само еден агол
од горната усна
е најмоќното оружје
со кое се убиваат подлеци,
душегрижници и будали.
Тоа е само еден безначаен потег,
налик на потсмев, но многу подлабок.
Суптилната насмевка
жените ја носат место црвило,
со неа заменуваат цели разговори
и оставаат нејзиниот шарм
да ги јаде злобниците,
да им ја нагризува душата
како намаз од солна киселина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Beauty&Beast and Achernar

Beauty&Beast

Староседелец
11 септември 2015
739
808
1,103
Не, сега колку и да се трудиш, буквално ништо не можеш да смениш, сега е веќе касно, штетата е направена веќе.

Но, не се обвинувај себеси (ако воопшто се обвинуваш), не си ти крив за ништо.
Ти само ми ја покажа таа страна од животот.
Да, точно, да не те запознаев тебе, немаше ни да знам дека постои таква страна од животот.
Али не си ти виновен што ми ја покажа таа страна, и не те обвинувам воопшто.

Ако некој е вистински виновник, тоа сум јас, и сама си ја направив штетата, сосема свесно и по своја воља го избрав тој пат, и веќе враќање назад нема.
Односно има враќање ... ама сега не сакам да се вратам на стариот пат, и на тоа што бев јас порано, туку тргнав по тој пат што ти ми го покажа, копија на твојот.
И да е уште пострашно, не велам не можам, туку велам не сакам да се вратам на стариот пат, а тоа прави огромна разлика.
Само ќе ти кажам, благодарам.

 

Beauty&Beast

Староседелец
11 септември 2015
739
808
1,103
Никогаш не го потценувајте молкот и тишината на некој човек ... затоа што тоа е најмоќното оружје, да знаеш се' ... а сите да мислат дека не знаеш ништо :)

Кој го гледал филмот Saw ќе сфати за што зборувам, а кој не го гледал тој филм, нека не го пушта видеово, затоа што е спојлер, самиот крај на филмот и завршната сцена ... крајот на целата игра што се играше во филмот.
И кој победи на крај во играта?
Тој што се' знаеше или тој што „ се' “ знаеше? ;)

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BadBoy007

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Интересно е како човек се менува низ годините. Живее години и години со своето его (edge God out). Го храни како канаринец во кафез и самиот тој станува и канаринец и кафез, би требало да е благодет да си две нешта во животот, но не е така. Добар заклучок кој може некој да го донесе. Можеш и ти ако доволно го бараш. И така неколку утра се будиш во исто време, не можеш да разбереш зошто тоа ти се случува. Го поврзуваш со несоница и уште една после неа и уште една, како нешто да те силува (милува) константно. И така еден ден се будиш со едно големо благодарам во градите, што воопшто постоиш и се е поинаку. Немаш повеќе амбиција било што да сториш, сакаш и се препушташ на тоа што си и постоиш, без малициозност во себе, ниту ригорозност, ниту апатија за емпатија, доволно е што само си тоа што си. Твоите очекувања кон средината и луѓето во неа се еднакви на тоа што тие очекуваат од тебе, иако се работи за равенка со три непознати, јас, ти и животот, доволно фер да го изговориш и примениш, а применуваш само препуштање на космосот и се што досега не е објаснето. Живееме, умираме и како тоа да е бескрај кој не го разбираме, само го боиме во илјада бои, ако кажам чувства ќе навредам некого, умешно го сокривам и метафорирам, затоа што бојата дава само живот, која ја посакуваме и кога ќе не нема, и црната е убава сламка за која се фаќаме. Не сакам да развлекувам, затоа што тоа ни е во природата, да траеме до недоглед, а јас сум сега само импулс, затоа што ќе се создадат ако кажав илјада бои, некои ќе побараат милион, а се што сме само момент, во времето кое е вечно и никогаш нема да го допреме неговиот ковчег, помири се и уживај во него, како да не постои, биди само ти и сите, две нешта кои обединуваат, изворот не брои капки, само тече и не говори ништо.
Stareesh @Inkognito. Dobredojde vo klubot.
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Не можам веќе со моиве. Телевизорот нешто сликата не чинела. Саат време се обидувам да ја направам како што треба, не сака. И одма коментари од типот на 'Маж од 20 години еден телевизор не знае да направе' :mad: Па цел ден ти префрлаат некои очајни и као си ги разочарал лути погледи. Ќе полудам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Не сум доволно паметна да те спасам,
не сум доволно силна за да те изгубам!