Религијата умира?

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
611
103
Религијата во светов дефинитивно изумира. Масовно напуштање на верата во многу држави, бројот на атеисти енормно е зголемен.
Има ли иднина религијата!? Многу цркви ги затвараат вратите!
Луѓето се разочарани во религијата од многу причини, насилства и злосторнички дела во кои директно или индиректно стои позади нив религијата, сексуални скандали во кои повторно се умешани верски водачи, тотален неморал владее на земјата, црквата не е никако авторитет и да не набројувам уште...
сакам @balerina да ми каже нејзино мислење за иднината на религијата во светот или готово е веќе?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: corki and ●Untouchable°

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Религијата не може да не постои.Секој од нас припаѓа на религија и го почитува тоа што таа проповеда.
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Религијата не може да не постои.Секој од нас припаѓа на религија и го почитува тоа што таа проповеда.

Религијата постои да.. И атеистите колку и да не веруваат се дел од некаква религија нели штом носи име Стојна е православна христијанка, тој што носи име Мухамед е муслиман .. Така?
Е сега колку и зошто се губи верба во бога и етц..
Е па види прво почни од поповите (лоповите). Значи тие се лицата кои ТРЕБА да не натераат да веруваме.. Да ни го пренесат она кое е напишано во светата книга, да разбудат спокој..
Верувам во Бога да, и ден денес јас ако не се прекрстам пред Св Спас и Св Никола кои морам да ги поминам за да одам некаде ме јаде шубе.. Грдо чувство.. Се чувствувам должна да го направам тоа, да се заблагодарам кога сум среќна и да се помолам за нешто.. Иако знам дека не секогаш ми се случува она што го сакам.
Мразам кога се берат лакомо парите од црквите за нови луксузни џипови, за казина и шетање .. Но за жал горе споменатата господа масовно се оддаде на таа работа. Колку и да сакаш да веруваш или посетуваш црква.. Имаш некој немир.. Како можат..
Ама тоа е, реалноста си е таа и сакале или не мораме да се соочиме со неа..
Тие што си веруваме остануваме да веруваме.. Тие што не веруваат никогаш нема да веруваат и то је то..
Бај бај (wave)
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Ти си атеист??
Небитно кое ти е името..
Какво е . Муслиманско-Христијанско?
Или не припаѓа на религија никаква нели.. Атеист си ?
(facepalm)
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Како успеа само да ги поврзеш имињата со религиската припадност уште се чудам. Не ми се верува што читам.

Дали Малина, Јагода, Здраве итн. се вегани оти такви им се имињата?
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Господе! Значи морам да те спомнам прости ми...

Добро ај ти си атеист и еден ден ко ќе се жениш и да не се венчаш в црква зошто нели за тебе тоа е ... Не знам ни сама како сфаќате..
На детето какво име ќе му дадеш??
(не велам дека ќе го крстиш) како ќе го регистрираш? Се викаш Стојан и на детето име Емир ќе му дадеш??
Што ако тоа сака да верува во она што ти не веруваш..
И да ти одговорам, имињата што ги даде се стари МакедонскИ имиња :)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Да му дадеш име на дете =/= да го крстиш.
Толку е едноставно.
Давањето на име е задолжително уште од самото раѓање. За документација, нали. :)
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
Господе! Значи морам да те спомнам прости ми...

Добро ај ти си атеист и еден ден ко ќе се жениш и да не се венчаш в црква зошто нели за тебе тоа е ... Не знам ни сама како сфаќате..
На детето какво име ќе му дадеш??
(не велам дека ќе го крстиш) како ќе го регистрираш? Се викаш Стојан и на детето име Емир ќе му дадеш??
Што ако тоа сака да верува во она што ти не веруваш..
И да ти одговорам, имињата што ги даде се стари МакедонскИ имиња :)
Од каде ти е идеава дека за да му дадеш име на детето ти треба религија или црква?! Кога читам вакви постови секогаш сум во дилема дали се заебавате или сте озбилни.....