Анализа на демократската свест во Македонија

massimaux

Истакнат Член
4 јануари 2016
73
85
328
Анализа на демократската свест во Македонија

Еден граѓанин има висока демократска свест ако:
- Разбира каков системот ТРЕБА ДА БИДЕ
- Разбира каков системот Е
- Разликата помеѓу ТРЕБА ДА БИДЕ и Е не го остава рамнодушен

За првиот услов е потребна едукација и информирање од веродостојни извори. За вториот услов е потребно информирање од веродостојни извори и точна анализа на информациите. За третиот услов е потребна морална интелигенција и лично почитување на универзални етички стандарди. Значи, за да имаш висока демократска свест, треба да си добро едуциран и информиран, да си барем просечно рационален и да си доволно морален.

А, сега, да ја погледнеме демократската свест на граѓанството низ една мала анализа. Граѓанството во Македонија се состои од:

А. Граѓанство ПРОТИВ режимот. Се состои од:

А.1. Членство на СДСМ (или друга опозициска партија) и верни поддржувачи на СДСМ (или друга опозициска партија). Овие луѓе главно слепо веруваат на СДСМ (или друга опозициска партија) и главно не се одликуваат со висока демократска свест. Секоја чест за исклучоците.

А.2. Генерално опозициски ориентирано тело. Овде спаѓаат сите што се критички поставени спрема режимот — не се поддржувачи (или се лабави поддржувачи) на конкретна опозициска партија. Овие луѓе се статистички најдобро информирани и имаат највисока демократска свест. За жал, малцинство се.

Б. Граѓанство ЗА режимот. Се состои од:

Б.1. Клиентелистичко гласачко тело:

Б.1.1. Клиентела со директен линк до буџетот. Партиски војници вработени во администрација, јавни претпријатија, образование, итн. Добиваат плати директно од буџетот. Тука спаѓаат и земјоделци што добиваат субвенции од кои обезбедуваат егзистенција.

Б.1.2. Членови на семејствата на Б.1.1. Го поддржуваат режимот за да не ја загрозат својата егзистенција и/или егзистенцијата на своите најблиски од Б.1.1. Голем дел од овие глумат неутралци.

Б.1.3. Клиентела со индиректен линк до буџетот. Приватни фирми кои добиваат бизниси на наместени државни тендери. Или пак, приватни фирми кои се наоѓаат во привилегирана положба на пазарот поради клиентелистички релации со режимот. Голем дел од овие глумат неутралци.

Б.1.4. Членови на семејствата на Б.1.3. Го поддржуваат режимот за да не ја загрозат својата егзистенција и/или егзистенцијата на своите најблиски од Б.1.3. Голем дел од овие глумат неутралци.

Б.1.5. Пензионери и социјално ранливи категории кои се корумпираат со многу малку, обично со предизборна корупција. Голем дел од ваквите пензионери глумат неутралци.

Б.2. Заблудено гласачко тело. Неписмени, полуписмени, неинформирани, дезинформирани, испрани мозоци и припрости луѓе кои се главни консументи на пропагандата на режимот. Најлесни за манипулација. Голема маса луѓе — нема помоќ со нив. Едноставно, толку им е капацитетот.

В. Неутрално тело (не мислам на лажни неутралци). Овие луѓе се без политички став, слабо информирани, незаинтересирани, себични, плашливи, па дури и ограничени. Ова е огромна маса луѓе. Нивната неутралност му оди во прилог на режимот. Ефективно, со својата пасивност му помагаат на режимот да опстои.

Ова е ригидна класификација. Во реалноста не е баш вака. Можно е исти луѓе да припаѓаат на 2–3 категории (истовремено или во различни периоди). На пример, сигурен сум дека постојат луѓе ЗА режимот кои во исто време се и клиентелисти и испрани мозоци. Со помош на несвесно самозалажување (self-deception) овие луѓе прво се лажат себеси, а потоа и другите. Ова е познат психолошки феномен и најчесто се користи за ублажување на контрадикторни/неконзистентни верувања во умот, т.е. за ублажување на т.н. когнитивна дисонанца. Природна техника за уверливо лажење.

Така што, работата е врвка. Со ваков народ, слободата, демократијата и правдата се далечни вредности.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Outrider

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Ја како социјалист по убедување, не треба да сам овде, нели? Чао. :D
 
massimaux

Истакнат Член
4 јануари 2016
73
85
328
Ја како социјалист по убедување, не треба да сам овде, нели? Чао. :D

Демократската свест нема врска со идеолошкото убедување. Уставот дефинира либерална демократија. Висока демократска свест е да си добро запознат со принципите на либералната демократија дефинирани со уставот, да си добро запознат во каква актуелна состојба се наоѓа општеството и да бидеш гневен поради фактот дека разликата помеѓу реалниот и уставниот систем е болно голема.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Falanga, malo and Saladin

Дејви

Член со 30 казнени поени
10 март 2016
304
185
43
На Македонија моментално и фали изборна завршница за да излезе од оваа политичка криза што насилно и беше наметната со имплементација на странски режим.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Falanga and misterija

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Демократската свест нема врска со идеолошкото убедување. Уставот дефинира либерална демократија. Висока демократска свест е да си добро запознат со принципите на либералната демократија дефинирани со уставот, да си добро запознат во каква актуелна состојба се наоѓа општеството и да бидеш гневен поради фактот дека разликата помеѓу реалниот и уставниот систем е болно голема.

Убава анализа и едукативен текст околу состојбата со реалноста на плуралистичките процеси во Хунзистан.
Интересно е што во задолжителното образовање кое по ново трае 13 години - нема ништо околу ова, не се објаснети основни ствари кои најмногу ќе влијаат врз идниот полнолетен член на заедницата. Кога би зависело од мене би го ставил твојот текст во некој учебник (малку модифициран) ама ништо не зависи од мене:D

Има многу проблеми со самиот процес и во развиените демократии, претставничката демократија каде што рајата `избира` претставници во претставнички дом е толку застарен и ирационален што почнува да ме фрка глава кога ќе помислам на тоа (party)
Дакле во Хунзистан мислам дека има околу 1.800.000 гласачи, настрана куп лешеви, измислени лица и слични битија нешто се шушка за 100К+ такви `гласачи`, постојат 120 пратенички места а тоа е 15.000 избирачи на еден пратеник. Веројатно Хунзистан има најмогу пратеници по глава на жител на планетата ако се изземат Андора, Сан Марино и такви микродржави. Но сепак останува нелогичноста, се очекува од тотално непознати особи да го `претставуваат` во рамките на законодавната власт, да бдеат на интересите на 15.000 евентуални гласачи кои ќе му дадат `доверба` за тоа, која превара човече :rofl
 
Solange

Член со 30 казнени поени
6 април 2016
112
132
43
Анализата на демократската свест во Македонија покажа дека до демократијата е невозможно или пак многу тешко да се дојде.
За жал последните случувања кои кажуваат дека одредени структури се длабоко вмешани во квислиншките процеси(особено оние од невладиниот сектор) кои се финансирани од надворешни извори, плукаат врз обидот за демократската свест.
И последново нешто што се обелодени дека Велешани и Скопјани се вмешани директно во борбата за претседателски кандидат во УСА со угостување на сервери на територија на Македонија ке има последици врз демократската свест во земјата.
Разбирам власта во некоја земја да врши тортура врз демократијата заради одредени политички интереси ама во Македонија се чини секој и секоја страна си го зела својот дел и тоа дебело.
Господ нека и е на помош на демократската или било каква свест. Се полошо и полошо се чини станува. Платеници на сите страни само гледаат некоја тезга да фатат. А кога пари од страна играат, демократска свест не барајте !
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: misterija

Си напраи нов акаунт? Е арно...
Тоа се тие квислинзи, пошто В.Милчин од отворено општество носи закони, закупува плацеви на водно за една кутија цигари, убива деца, зема провизии од кинези, не купува инсулин за дијабетичари, краде стокови резерви и вработува илјадници на државна цицка...oh wait...

Велешани се вмешани во изборите во САД? :frantic:rofl(facepalm)(party):rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: massimaux

Solange

Член со 30 казнени поени
6 април 2016
112
132
43
Си напраи нов акаунт? Е арно...
Тоа се тие квислинзи, пошто В.Милчин од отворено општество носи закони, закупува плацеви на водно за една кутија цигари, убива деца, зема провизии од кинези, не купува инсулин за дијабетичари, краде стокови резерви и вработува илјадници на државна цицка...oh wait...

Велешани се вмешани во изборите во САД? :frantic:rofl(facepalm)(party):rofl
Охохо...и тоа како се вмешани. Добро им плаќаат изгледа штом се осудиле да го прават тоа. Се чини дека денеска да си политички аналитичар и кодош странски ептен се исплати.
А ти што си мислиш дека Господинот Милчин се бори овака ревносно за да плаќа плацеви послем по пазарна цена или можеби кај него е демократската свест по развиена од кај другите?:rofl Тие сине лакмарите ко него без ниту еден ден работен стаж само ги бива да раскрчмат странски пари по кафаните у боемски стил...којзнае па ако се дочепа до домашните пари што ке напраи од Македонија-Раз-Крчмарија. Недај боже-бувот да дое на власт.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Astro01

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Охохо...и тоа како се вмешани. Добро им плаќаат изгледа штом се осудиле да го прават тоа. Се чини дека денеска да си политички аналитичар и кодош странски ептен се исплати.
А ти што си мислиш дека Господинот Милчин се бори овака ревносно за да плаќа плацеви послем по пазарна цена или можеби кај него е демократската свест по развиена од кај другите?:rofl Тие сине лакмарите ко него без ниту еден ден работен стаж само ги бива да раскрчмат странски пари по кафаните у боемски стил...којзнае па ако се дочепа до домашните пари што ке напраи од Македонија-Раз-Крчмарија. Недај боже-бувот да дое на власт.

И за кого е кодош Владе Милчин?(party) За мрачната Америка? Ако е така на шо спадна пуста Америка не може да ја скрши домољубната власт во Хунзистан :zelen Го сјебаа СССР и цел источен блок, таму Ирак, Либија, Афган али со пастирот не можат :rofl
Види сеа, за да некој има став кон одредена ствар треба да бидат задоволени минимум критериуми како извесни прости логички премиси, иначе не оди работата, не чини...макар да не ме чуди цел живот си имам работа со остатоци на образовниот систем...
Среќа шо има брада Милчин па наликува на митскиот Емануел Голдштајн од 1984 со кого власта ја плашеше рајата.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Тек ресенчани ако се замешаат во америчките избори има да го воскреснат Теди Рузвелт, да го оживеат и да го посадат пред белата куќа :zelen